Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцинирање и реакции после вакцина

Дискусија во 'Бебе' започната од stefi23m, 30 октомври 2012.

  1. October

    October Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Мајки, какви искуства имате со вакцината која се прима на 6 месеци (ди те пер шестовалентната мислам дека е)? Досега бебе не јави реакција на ниедна вакцина... ама со цела паника која се јави наоколу, мир немам :(
     
  2. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Никаква реакција немавме. Нит тт нит оток на боцнато
     
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Буквално никаква реакција.
     
  4. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Кога ја примаше син ми таа вакцина немаше никаква реакција.
     
  5. joan

    joan Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.798
    Пол:
    Женски
    Веројатно ми е шубе за џабе, ама еве барам мислење. Со цела паника со епидемијата за морбили, ми е страв да го однесам син ми на вакцината што се прима на 6 месеци (требаше на 16 јануари), зошто ми е страв од контакт со болни деца, и кога ќе му зимаат крв во лабораторија и во Јане Сандански каде има и пункт за пријавување на морбили 24 часа.

    За џабе ли ми е паникава? Што би ми советувале?
     
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Синко го вакциниравме на 24.12, само 2 дена после 2риот роденден, таман ете 1 месец како помина, никаков симтом и никаква компликација немаше, фала му на Бога.

    Правилно размислуваш мајка, нека помине оваа со морбиливе па потоа ќе носиш дете, не е ништо ако ја закасните 1 месец вакцината, ама здраво дете да носиш по тие установи во овој период не ти препорачувам.
     
    На TutiFuti и VedaG10 им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    13.518
    Што велите дали сега да вакцинирам ммр? Малата ми е 19 месеци. Јас сакав до три години барем ,ама ситуацијава ме плаши. И друго што ме плаши кога ке одиме прво за крвна слика, да не бил претходно некој со тој вирус.Офф леле, се ме мачи веќе.
     
    На gjoker4e и VedaG10 им се допаѓа ова.
  8. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    @Black girl син ми е 2 години, планирам наредна недела да го вакцинирам. Вака невакцинирам не ми е сигурно да шета . За к .слика не знам што да ти кажам. Не сакам да размислувам што ако некој заразен имало пред нас. Тоа може да се случи било каде...
     
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    13.518
    Сега вака невакциниран не го изнесуваш многу меѓу деца?
     
    На VedaG10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Па гледам да не го мешам со други деца. Повеќе шетаме во природа, парк,водно итн .. Искрено страв ми е мнг и едвај чекам да го вакцинираме. Сега од оваа гледна точка не знам зошто чекав толку
     
    На Black girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.122
    Допаѓања:
    36.629
    Пол:
    Женски
    Ја вакцинирав на 18+ затоа што почна со деца во друга држава, а тука има секаков народ и многу ми беше страв. Не знам од што ми беше повеќе страв дали од вакцината или од болеста од која штити, но избрав да вакцинирам.

    Да сум во Мк не би вакцинирала откако се прогласи епидемија туку би го однела детето кај мајка ако е од друг град подалеку од Скопје и би го шетала на отворено додека да помине епидемијата.

    А не е страшно и да вакцинираш само да се осигураш дека има добар имунитет. Ама баш како што кажа, што ако детето претходно за крвна слика било заразено од морбили? Навистина тешка ситуација.

    За почеток прочитај го упатството од вакцината го има на интернет.

    Јас дури и си велам што ако претходно боцнале дете со морбили па го заразат и следното? Затоа масовнава вакцинација со ММР и претходното правење крвна слика, брис и триста чуда ме асоцира на ширење на епидемијата.
     
    На TeddyGrey и Black girl им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.131
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Зошто не викнете дома да дојдат да земат крв, да не го носите детето во лабораторија? Авицена мислам има таква услуга.
    Здрави деца се носат за вакцинирање, што значи имаат добра крвна слика, не би требало да имаат симптоми, да киваат и кашлаат.
    Се мислам јас така да направам, веќе нема крај ова.
     
    На mal.ecka, gjoker4e и Black girl им се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    13.518
    Во право си за се. Еве може да викнам дома да ми дојдат за крвна слика. А и поканети сме на два детски родендени наредната недела. Јас не планирам да ја носам малата, туку само јас и мм да појдеме. Мислам дека правилно ќе постапам ако не ја однесам меѓу деца, народ и слично?:?:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Авицена доаѓаат дома. Неколку пати до сега сум закажувала за да дојдат дома и да му земат крв, брисеви и мокрача ( која претходно сум ја земала во ќесичка ).
    Само треба да се јавите рано сабајле за да закажете и ќе ви кажат кое време ќе дојдат дента, а доколку не се во можност ( имаат повеќе закажани ) ќе ви одложат за нареден ден.
     
    На gjoker4e, Black girl, TutiFuti и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Мајки мене ми е страв да ја вакцинирам затоа што има трет крајник и носето и е затнато, има по малку зелен секрет. Крајникот ни прави проблем веќе една година.
    Што мислите дали третиот крајник треба да е причина за да не се вакцинира дете?
    На клиника на ОРЛ требаше да одиме почеток на февруар, но нема да ја носам, се плашам од морбили. Ептен е гужва таму.
    За брис и крвна слика би викнала дома и јас, ама и за упат ми е страв да одам да земам од кај матичната :worried:
    Плус прележавме сипаници пред еден месец, сега сме буквално во карантин.

    Edit: сега се јавив во авицена, воопшто не треба упат (y)
     
    Последна измена: 28 јануари 2019
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.122
    Допаѓања:
    36.629
    Пол:
    Женски
    А нели може вие да ги донесете морбилите и да и ги пренесете? Прашувам не знам за морбилите.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    13.518
    Иако сме вакцинирани? Ај нека каже некој што знае повеќе.
     
    На gjoker4e и mal.ecka им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.131
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Ако е на приватно не треба упат, за брисеви е секогаш приватно, а за крв ако е со упат е поевтино, инаку е на приватно.

    Јас лично не би вакцинирала во таква состојба. Ама и би послушала доктор што би кажал. Си прашала ли?
    Не би требало со двете дози ако сте вакцинирани, овие мислам до сега случаи се со една доза вакцинирани или невакцинирани. Ама и мене ме јаде јанза, дури и со дома седење еве мм е постојано со луѓе, а ги нема прележано.
    И мојата немаше реакција, беше малку поспана и толку.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.157
    Пол:
    Женски
    Без оглед на состојбава сега, јас зимно време никогаш не го мешам во игротеки пример. Сме знаеле да прошетаме кога беше помал низ џамбо или сити мол и тоа ми беше грешка ама ете среќа ништо не сме закачиле но на родендени не го носев ни го носам. Сум гледала размрсулавени деца носат по родендени . Сега и свински грип искочи е аман, имам обврски неделава на клиника ама страв ми е да одам да не закачам нешто :swear:
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Здраво право дете не го носиш никаде за да МОЖЕБИ не се разболи?
    А на друга страна, некоја мајка секаде го носи детето со зелени мрсули!?
    Ништо лично @anastasijaki само правам парабола.
    Луѓето се несовесни.
    Ама и здрави деца да се чуваат во карантин е жално, иако ве разбирам баш поради овие несовесниве.
     
    На Lolipop23, Sexybaby86, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.