Не, до толку го носам на роденден кога не е зимо, бевме во Берово пред еден месец седевме во ресторани со него, бевме и во Џамбо неколку пати пред нова година па додека јас пазарев мм го однел во игротеката внатре кое кива,кое кашла, родители полно со нив, со сила никој мислам не би сакал да му се разболи детето. Грешката ми беше што како бебе многу го шетав низ трговските каде нема асална вентилација ни пак проветрување некакво. А,сега редовно си шетаме во парк,кога не е загаден воздухот. Кај баба,дедо на гости. Не е во карантин, во никој случај. Јас повеќе се плашам за мене со хроничниве што ги имам да не закачам некој од новиве грипови. Оф отидов од темава.
Срц консултирај се со матичната најубаво,ќе си разговараш отворено,јас мислам после кратко време од варичела не треба да се вакцинира,бидејќи треба време да се ојакне организмот. Во мојата зграда има исто дечиња што одат во вашата градинка и они имаа варичела пред два месеци и матичните им рекле два три месеци требало да поминат за да се вакцинираат.Мене исто докторката кај вакцините ме праша дали скоро имала варичела или пиела антибиотик.
И јас знам дека после варичела три месеца не вакцинираат. Опаѓа многу имунитет, нас матичната одма по тоа не прати крвна слика да провериме.Одамна беше но така памтам и мнооогу пазење и витамини. @anastasijaki ,мислев дека само јас сум таква но не сим била. Зимава малиов буквално нигде не го носам од страв. Игротека не ни помислувам. Едино надвор и тоа ретко кога има сонце, зошто да дише загаден воздух, и да кај баба и дедо.Еднаш бев сведок на една мајка што го донесе детето на роденден во игротека претходно имало температура па да се расположело. Големиов оди на школо, оди и на родендени но имунитетот на осум и на две не е ист. Нему ќе му помине со шмркање на нос, малиов ќе се измачи. Најмногу се плашам за бебево, затоа си сме дома највеќе, со оглед што наскоро треба да прими прва вакцина не сакам ни да помислам на вируси. Не ќе дојде ли април мај, ќе шетаме, колку можам ќе се трудам да ги штитам.
@anastasijaki и јас не ја носам малата многу по гости, родендени и слично. Еве мене дома ми го донесоа стомачниот вирус (баш такви несовесни родители), детето одвај ми се опорави, завршивме и на инфузии. Значи зимно време одбегнувам мешање со деца искрено, кој сака нека ме прави себична, ама многу ми е гајле искрено.
Во моментот баш и не верувам на доктори кога толку се форсира вакцинорањето. Сепак, матичната рече да почекаме 2 месеци. Исто и друг педијатар кај што ја вакцинирав на почеток со првите вакцини. И мојата е здрава права и е во карантин. Тешко е, но колку можам ќе ја штитам. И јас лично се обидувам колку можам да не се мешам. @azelea 2 месеци ми рекоа. Јас во Грчка ќе ја вакцинирам, па ќе прашам и таму што ќе речат. @supergirlmb витамини, здрава храна јаде фала богу. Добра е вака, дури качи на килажа. Дома сум јас веќе 4 недели и цело време спремам нешто свежо и здраво. Што ми предлагате да испитам освен брис, крвна слика и мокрача пред вакцинација? Како се испитува дали има добар имунитет?
На 24ти бевме на вакцина (пента), ставав 2 дена лепенки, супер си е мали пупу, ама на местото каде е боцнат модричко и тврдичко е малку околу 1см во обем, моравме да го држиме кога го боцкаа па може стегнал мускул повеќе. Да мачкам нешто да пројде побрзо? Со што?
Јас искрено чекам да помине заразниот период и епидемијата па да ја носам малата на вакцина ќе касниме 1 месец ама ништо страшно. 5 месеци полни утре. Мн страв периодот некако е лош зарази на сите страни.
Зелен мрсул и крајници и варичела пред месец дена, па мислам дека не е баш погодно за вакцина. Мојот заедно прележа со твоето варичела, ми кажаа 3-6м до вакцинација, евентуална. Ама крајник, зелени мрсули, никако на вакцина така. Моето хрчеше исто после вакцина и еве го прекина, никогаш не бил поздрав, ама јас на вакцина не ми дава душа да го носам. И да вакцинирав редовно, немаше шанса.
Ангел, нели ти воопшто не вакцинираше? Те имам читано дека и тие на раѓање ги нема примено. Сега пишуваш после вакцина..сум те помешала со друг или
Моја грешка, варичела треба да пишува. Пошто и моето и на Чоколит во исто време прележаа варичела. Ситуацијата вакцини сеуште не е сменета кај нас и во догледно време нема да се смени.
Секретот и е од третиот крајник. Обично наутро има затоа што и се собира преку ноќ. Не знам искрено, веќе памет немам. Доктори викаат трет крајник не е проблем и доволно е 2 месеци. Добро нема ли некоја мајка што вакцинирала со трет крајник?
Зелен секрет мора да направиш брисеви. Ние хрчиме ама немаме секрет. Врската со крајници и вакцина не ми е толку голема колку намален имунитет од варичела и вакцина. На работа ми дојде странка од детска клиника, она вика 3 до 6 месеци да зајакне убаво па тек после размислувај, она не ни знаеше дека не е вакциниран.
Еве ми текна на пријателка, нејзиното девојче е 3ипол, треба и да го оперира крајникот. Вакцинирано е од ммр. Ако те интересира уште нешто, ке ја прашам..
Ќе правиме брисеви секако. Иначе она е со секрет на ностео од септември уште пред да фати варичела, ја носев редовно на ОРЛ кај Мицевски на клиника и рече дека е нормална појава, од третиот крајник и е. Фала на советот, секако пред да одлучиме ќе се консултираме и со повеќе доктори. @mariz ќе ти пишам ЛП. Прашав, но не добив одговор. Прочитав имало некое испитување за имунитет? Дали знае некој кај се прави? Пред вакцинирање ако треба и тоа би го направила..
И јас познавам доста другарки,пријателки што имаат вакцинирано со трет крајник ,никогаш не сум слушнала тоа да е причина за невакцинирање,ако се друго е во ред...незнам еве нека каже некој друг ако има поинакво искуство или познавање. А за испитување за имунитет,тоа мислам дека не е стандардна процедува ,треба упат веројатно на имунологија на детска клиника.