Ова е една ситуација, една случка. Луѓето прашаа дали е потребна кс, од внатре им кажаа не. Досега и мене не ми побарале, ама заправо јас одма ја давам на увид, па нема простор за тоа прашање.
А колку време може да се одлагаат вакцините? Нели треба да го почитуваме календарот? Претходниот пат кога го вакцинираа од БСГ, ни ја кажаа следната дата за вакцина. А ве читам како ги одлагате вакцините. Како знаете кога да отидете доколку сте ја пропуштиле намерно првичната дата?
Ќе одиш кога ти ќе сметаш дека треба. Јас сум одела на закажаниот датум за преглед, но вакцина не дозволив да стават. Ја вакцинирав еден месец после тој датум. Проблем не ми направија.
Јас одложив до 5 ипол месеци бидејќи малата е родена порано во 36 та недела, сега треба да прими петовалентна ама не сме отишле ради епидемијава, педијатарот ни рече дека може да причекаме некоја недела со надеж дека ќе се смири епидидемијата ама некако се повеќе се шири. Ги носите ли бебчињата на вакцина?
Мила каде вакцинираше во Јане или Идадија? ММР ја стававте ако ме се лажам. Ако ММР ја стававте кажи ми со лажичка е или боцкаат?
Не мила јас сум од Битола и ја вакцинирав во Битола. Ја примавме ММР со боцкање во рачето. Нели и вие ќе одевте денес, што направивте?
Еве го чекав ЦРП и сеа никако матичнава да ја добијам да знам што да правам. Црп 2,1 од референтна вредност 3. Па поима неам шо значи и чекам матичнава шо ќе каже. И еве сме у кола синко ручка пица сеа стана и ќе идеме на боцкање ако каже матичнава
Ај наздравје да му е вакцинава сега ја прими ММР. Сестрата ми вика : мајка ај види ја датава да не после вака онака. 07.2019г Па сега се надевам нема да има ни тт ни осип и лесно ќе ја поминеме. На сите ви посакувам со лесно боцкањето и со лесно да помине после вакцинирањето.
Железо проверувате пред вакцина, или само хемоглобин? Јас планирам прво алерго тестот (ми кажаа ако испадне слаба алергија на јајце ќе го вакцинираат), брисеви, крвна слика и црп, ама за железо нема во основната кс. Само нека помине период после грипот, и се да е во ред, ако не полудам до тогаш. @fana и ние сме од Бт, ти дадоја да ја видиш вакцината? @sofi2107 со лесно.
Железо не проверив. Само крвна слика и црп. Секако дека ми дадоа да ја видам. Убаво проверив, добар беше рокот. Ама и како што слушав на вести, во Битола немаше спорни вакцини.
Освен @fana друга мајка со детенце помало од 16,17м има што примало вакцина периодов? Малата е 15м и многу сум уплашена од се.. и да прими и да не прими ми е страв. Моите работат со многу разни луѓе секој ден (свекор, свекрва, мм), а јас периодов морам да излегувам, па и се возам и во автобус. А ова со епидемијата станува полошо и ептен сум во мисла. Здрава права е цела година, само што многу заби вади периодов и нервозна е... Веќе и ми вртеа да ја носам. Совет и охрабрување? Секако ке се советувам и со доктор...
@wannaBeMomma знам сега ја вакцинираше малата, 12+ е. Јас утре правам крвна слика на мојата, па или истиот ден, или во среда ќе ја носам на боцкање. Исто ми е малата 12+. Не можам и не сакам да чекам, а и совет на нашиот педијатар беше да не се чека, одма да се вакцинираме. На кумата моја малата е 15 месеци баш, ја вакцинираше пред еден месец, значи на 14, и поминаа без никаква реакција. Јас би ја однела на твое место, не би чекала, стварно е алармантно ова што се случува веќе.