Нас педијатарот ни рече на 9 месеци најрано да го вакцинираме со МРП во ваква ситуација. Сега сме 8+, стварно немам памет што да се прави
Е да, вчера се затурив малку од читање за тоа какви се препораките низ странција (главно америчко CDC и британско NHS), баш беше на некои места напоменато ако се примела порано послабо дејство имала и требало бустер (дополнителна доза) да се дава понатаму или да се даде пак на 12 месеца по календар. Кај нас не спомнаа такво нешто.
Кај мене во книшката од англија пи календар ммр е на 13 м и ревакцина на 3 год и 4 месеци А мк и италија ревакцина на 6 год. Не знам зошто така
Denes 9 den od vakcína. Sinko krena 38,2 tt u p.m taman vcera si rekov do sega stom nemase, nema da kreva sigurno.
@DuchessAnn баш пиши што ќе ти кажат во Ѓорче за вакцината. Сакам да ја носам за редовната што ни е. Па одложувам, да не ми кажат мора МРП.
Ништо страшно Ирена. И во сам диспанзер па и нашата матична педијатарка ни кажа дека може да крене блага тт и мал осип да има и да не паничам нормално е тоа. Ќе помине, следи ситуација и со лесно.
Вие помали сте, па не знам па ваљда нема на сила дека мора МРП, ако отидеш за другава. Што ако воопшто не се отиде, покани ќе праќаат на сите над 6 месеца? Не ми е јасно ни тоа. Ние бевме за редовната пред 20тина дена, тогаш не кажаа ништо. Сега ќе прашаме за нареднава во март што ќе ни кажат. Кумовите ќе ја вакцинираат малата нивна утре со МРП, а на почеток на март 10 месеца ќе полни. И матичната им рекла не е баш заебанција ова, епидемија, знае последици да остави ако закачеле бебиња морбили, а иста матична имаме.
Дечки што ќе правите со помалите деца? Мојата е 8 и пол месеци, цел ден размислувам што да правиме со вакцината. Не ја мешам никако со луѓе, само со нас двајца е, и надвор на воздух што ја шетам
Мојата е 7 месеци и двајца педијатри ми рекоа да продолжам со редовната вакцинација со дтпр и да ја чувам дома, ама од друга страна се плашам барем малку да беше поголема. Јас цела ноќ не сум спиена...
Леле ќе збудалам значи. Баш денес ја прашував нејзината докторка дали ние иако сме вакцинирани може да се заразиме, ми рече не вие имате имунитет.
Ирена не се секирај ,давај му сируп за тт ,и комшичево мое имаше реакција од 7 ден со тт и качуваше три дена по ред и тоа висока и помина,се е во ред. А ти големиот или малиот го вакцинираше?
Големата ќерка имаше реакција дури 11ти ден, малце температура и три дена осип. Ми рекоа да очекувам реакција 7-14ти ден. И јас више немам памет, и мојава е 8 и пол месеци, а баш минатата недела закажував за Бсг бидејќи ни една нема примено. Нѐ ставија на список и рекоа ќе се јават за после 11ти февруари. Но ако ја ставиме таа после треба веројатно 45 дена да чекам до Мрп? Или 45 дена важеше само за ревакцина со истата?