Nas ni e 7 mi den sekoj den strepam lele daj neka pomine i ova cudo. Vo slucaj na tt sto davate ? Normalno sto pie dete ili....
Bebe e 11 m veke taman bev vo plan da go nosam za mmr i ono nastina bevme na dok ni rekoa dodeka ne se oporavi nema vakcina ke cekame sega nareden mesec duri
и јас бев сигурна нема да ставам ама пусти страв од епидемијава здравје другата недела ќе ја боцкам. до денеска бевме на антибиотици па другата вакцина .. иначе 14 месеци сме .. со лесно на сите ..
Треба бар две недели да поминат од антибиотик. Некои педијатри советуваат и месец. Ама една недела после антибиотик е рано за вакцина.
се консултирав со педијатарот рече една недела ама сигурно си е сигурно да почекам уште една секако сум чекала ..
Мајки, малото ќе го носев на вакцина. На крвната слика ,лимфоцитите се зголемени ,од дозволено 50 него му се 70. Матичната даде зелено светло за да го боцнат. Некоја мајка вакво искуство?
За последната вакцина му беа покачени лимфоцитите, а намалени неутрофили, а другите вредности ок, 3 докторки рекоа може вакцина: докторка на неонатологија, матична и на вакцини докторката. Објаснија или вирусче некое прележало, или паднат имунитет, за вакцина не е проблем, само поподложно е да закачи бактерија, па да не го мешаме многу со луѓе или мали деца периодов.
На мојата исто и беа покачени лимфоцитите, а сите други вредности одлични. И матичната, и докторката на вакцина рекоа дека слободно може да се боцне и дека покачените лимфоцити укажуваат на вирус кој го прележала скоро. И навистина, беше настината до пред една недела отприлика, па се одразило во крвната слика. Не знаев дека може да се види дека имало изминат вирус, ама ете
На моето постојано му се покачени, до сега никогаш не бил настинат нити имал вирус. Кај деца до 2 годишна возраст е нормално да се благо покачени. Јас паничев од што може да е така но сосема нормално било. Ова ми го објасни хематолог од детска клиника.
Никако Блокмакс! Во овој период на морбили избегавајте бруфен. Давајте парацетамол. Бруфен е контраиндициран со морбили, на српски истражувања прочитав, после и докторката на внука ми потврди, знае да најправи компликации при морбили, па за секој случај избегавајте. Денес на детска хирургија рекоа дека не е проблем пред вакцина проблем е после вакцина да не прима бар 2 недели антибиотик. Н мајка и објаснуваше докторката.
Нема врска со сипаниците, ибупрофен сам по себе има ретка алергиска реакција, се наоѓа под името "Stevens-Johnson syndrome" https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/16111447 http://apps.who.int/medicinedocs/en/d/Js7918e/2.4.html Ако нагаѓам, лекарите го избегнуваат пошто лесно се меша реакцијата со морбилите, и може да не ја видат алергијата на време за да реагираат. Инаку специфично за сипаници, контраиндициран е Аспирин (ацетисал, ацетил-салицинла киселина итн) Парацетамол (ефералган, далерон итн), ибупрофен (блокмакс), напроксен (налгесин) се дозволени. Извор: https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/measles/diagnosis-treatment/drc-20374862
И ние утре ќе боцкаме, со Господ напред, со МРП. 13 месеци е, таман за боцка. Вчера кс и црп правевме, во нормала и беа сите вредности, црп 0,6 беше. Утре да ја боцкам ли пак за кс? Или нема потреба? И брисеви направив, утре резултати.
Епа лекар ми кажа де, не баба Трајанка од Говрлево. Контраиндицира со осипот од морбили, го воспалува, отвара рани. Е сеа дали се тоа алергиски реакции или не, не знам. Денес баш и спомнав и на докторката на хирургија, рече дека ќе провери не ја знаела таа информација бидејќи прво ми кажа да давам бруфен за болка. И за аспиринот знам, ама тој ретко кој го дава на дете за болка, затоа не спомнав. Иначе тогаш, пред 4 години, излезе детенце во Србија починато баш од реакција од бруфен додека било заразено со морбили. Бифејќи и тогаш имаше морбили кај нас а внука ми беше на детска на подолг престој, коментиравме со докторката на Кардио.
Е ај прекини да скокаш на мене. Ваљда и мене доктор ми кажал, ако не примети досега сите искуства ми се проверени со доктор. Колку за твоја информација доктор од детска клиника кардиолог, ти олесна сега?
Ти и понатаму не сфаќаш. Ти не си таа што треба да дели совети околу лекови на форумот. Си имаат мајкиве педијатри. Поготово не од твојата богата ризница од рекла казала муабети и српско истражување кое не постои.
А ти богами си. Гледам. Извини вака на твое ниво се спуштив. Јас кажувам доктор што ми кажал, какво српско квази истражување. Прочитав на интернет, со оглед на тоа што ме болеше тогаш прашав и ми одговорија. Јас пренесувам. Можат комотно родителите да си проверат кај доктор. Не е дека ги потапшав по рамо и им реков, дај ти Бруфенче, батали што вика докторка. Страшно! Не бираш начим во контрирањево на се што не мисли како тебе.