И кому наштетив со советот? Реков не боцкај? Реков не давај лек? Реков дека сум добила совет од доктор и го споделувам овде, не ширам дезинформации или да пропагирам нешто. Научи се да дебатираш, да прифатиш туѓо мислење. Го почитувам твоето кај што викаш вакцинирај, твое право, твој начин, ама да ме нападнеш зошто сум дала совет кој сум го добила од специјслист детски кардиолог, нон сенс!
Во вторникот го вакцинираа бебо ДТПР, шестовалентната. Вчера додека му ја менував лепенката, забележав на местото на убодот тврдо топче. Нормално ли е?
Женички нели ви е стеав да ги носете бебињата на вакцини у период на епидемија. Зборљм за помалите што треба бсж и дитепер да примаѕ. Ние требаше да ја примиме на 25.јануари ама страв ми е да ја носам. И кажав на матичната ми рече добро само не заборавај да ја однесеш. Чекам малку да се расчисти инаку сме 5+, па здравје планирам почетокот на март да и ја ставам ако се подобри ситуацијата со епидемијата
Да,мене ми е страв. Малата е 3 месеци и би ја вакцинирала сега со прва вакцина,ама тоа подразбира да ја носам на вадење крв прво па во диспанзер и некако не ми се носи во целава ситуација. Таа од дома седење до сега.3 пати ми настинува, така да ќе си почекаме малку
Моево е 2 месеци, досега 2 пати го носев на вакцина во диспанзер. Првиот пат имаше само 18дена. Досега не му правев кс оти не ми побараа. Следна вакцина има на 29.03, ми рекоа тогаш да отидам со кс, бебо ќе има 3.5 месеци здравје тогаш. Го однесов знаејќи дека само здрави деца вакцинираат, а и двата пати бевме рано сабајле па не се мешавме многу со други бебиња и деца.
Завршивме и ние работа Не ни знаеше дека ја боцнаа. За дитепер ептен плачеше кога ѝ ја вбризгуваа течноста, а оваа не ја ни осети. Инаку рокот беше до јули 2019. Крвна слика веднаш дадов и ја зеде докторката, маски не носат, ракавици не заприметив дали носи сестрата, од возбуда
pa vo dispanzer bar vo bukures e samo za vakcini a toa podrazbira zdravi deca. Za krv odam avicena prikvecer koga nema guzva. I sabajle na bockanje
Здраво на сите. Имам 19год и веќе подолхо време белегот од бсж што ми е ме пецка (понекогаш имам и тапа болка) а еве синоќа ми потечи крв и гној од вакцината. Бев денес на лекар ама ништо посебно не кажаа, упорно тврдат дека сум го изгребала па затоа пуштило крв иако синоќа не го ни допрев белегот. и никогаш до сега не сум го чешала белегот ама тие упорно тврдат од тоа дека било. Некое искуство да не имате?
Оди на кожно, не на лекар, може да е таму баш случајно некоја повреда или убод или да си се повредила, ама оди на кожно.
Дечки, ве молам кој се разбира за совет. Денес праевме к.С. и за да не ја носиме пак до Ремедика ја однесовме само во лабораторија. Таа ни кажа таму тромбоцитите се високи, а сега гледам дека и лимфоцитите се покачени. Во вторник беше на преглед, нема ништо.
На една крвна слика син ми имаше многу повеќе покачени тромбоцити, ме прашаа дали го гњавеле при зимање крв, а навистина го изгњавија три пати го боцкаа...нешто е врзано со начинот на земање крв од прст кој често дава покачени тромбоцити кај бебиња. За лимфоцитите не знам...
Малце се покачени лимфоцити, тие укажуваат на вирус. Почекај уште некој ден да не пројави сиптоми на настинка.
Кажете ми искуства од вас кој веќе сте ги вакцинирале со ММР вакцина дечињата. Во понеделникот синко го вакциниравме. Супер си е сега за сега еве 7ми ден ( со денот на вакцина ако го бројам ). Прашањето ми е : Доколку појави реакција ( онаа очекуваната за која во диспанзерот кажуваат ) со тт и благ осип. Кога да ја очекувам отприлика? И дали дечињата на сите ви појавиле некоја реакција или поминале без никаква реакција? Ако не се лажам во диспанзерот ми беше кажано 21ден изолација периодов на вируси, грип и морбили. Да не се меша со луѓе поради опаднат имунитет од вакцината и во затворени објекти да не го носам. Или јас погрешно сум разбрала?
Нас денес ни е 5-ти ден после вакцина. Во диспанзер ми рекоа да очекувам реакција од 5-15 ден, а во некои случаи и до 21 ден. Имам дечиња на другарки што поминаа без никакви симптоми, и такви што имаа темп 2 дена до 38.5. Докторката ми рече не мора да значи дека ќе има реакција, но ако има е добро зошто ќе знам дека делува вакцината. Советот беше исто изолација барем 2 недели заради опаднат имунитет, со луѓе мешање никако, нити па во затворени простории. Инаку најчеста реакција, доколку има воопшто, е температура. Осипот е поретка манифестација, не се јавува кај сите со темп, но може да го има и во ред е ако го има. Ми нагласи докторката дека не е заразен тој осип и да не се мачка ништо. За темп ми рече сируп не, дека може да го поврати. Само чепчиња. Се надевам ќе избегнеме реакција, и јас се плашам многу