Фала на одговор. Не ми спомнаа ни матичната ниту во диспанзер да не давам ништо доколку качи тт. До сега немал реакција од ниедна вакцина. А, еферелган сум дала само кога тт е над 38,5. Доколку качи повисока од 38,5 секако ќе се консултирам со матичната. Не се плашам и да качи тт само да не е многу висока ми е. Дилемата ми беше што да очекувам зашто се различни искуства кај сите јасно ми е. Ајде само со лесно да поминат и барем полесно се дише сега од кога ја прими по раат сум искрено. Имајте убав сончев ден .
Кај син ми немаше реакција. Во диспанзер му рекоа ако се јави осип да не го мачкам, ќе поминел, а ако качи Т можам да му дадам нешто за да спадне. Друго рече се нормално. Во градинка го пуштив 10дена после вакцина.
@sofi2107 И ние син ми го вакциниравме во понеделникот .Ок е сега за сега.Нас докторката ни кажа да си функионираме најнормално.Не нагласи да не го мешам со деца и луѓе но тоа се подразбира. Исто спомна дека ако се јави тт и осип да не паничиме од вакцината е и поминува за 24 часа.Во случај на тт да се дава сируп. Реакција може да има (но може и да нема ништо) од 7-15 ден .
Фала на одговорите. Функционираме и ние нормално, но како и цела зима од кога почна епидемијава и вируси освен надвор шеткање и со свои блиски не сме го однеле нигде. Со деца не го мешам зашто повеќето од децава на блискиве се со некој настинки и вируси деновиве. Ајде ќе си почекам да видам деновиве како ќе е. Фала ви сепак.
@sofi2107 моево кај 8от и 9от ден по вакцина качи температура ама не многу висока, околу 37,7 до 38 најмногу да отиде, борба беше да се измери, затоа незнам точно колку качил. Како и да е поминавме без сируп и сеа е супер.
Sin mi 9 i 10 den kaci tt. Pominaa dve nedeli. Poveke e doma. Mnogu ne go mesam, no nadvor setame sekoj den.
Моиве и двајцата во петокот вечер качија т. 9ти ден им беше Ќерче која е 12м јави и осип но скоро и непримерлив е, и од вчера преку ден нема качено. Син ми е 2г7м еве и вечерва заспа со т. Јас на 38 давам далерон. За мешање не ми спомнаа, утре планирав да тргне во градинка, ама ако има и ноќеска тешко. Инаку, нас не не изолираа кога примавме, нели? Па и во школо не боцкаа. Не знам што да мислам
Чисто за него е полесно ако остане дома. Ако не дај боже закачи нешто многу потешко ќе поднесе. А и ти со него а и другото детенце.
Син ми никаква реакција немаше од мрп, викаат убаво е да има за да се знае дека делува вакцината, и јас сега се трипам дека може е во тој мал процент на неуспешни вакцини. Единствено, 6ти ден вечерта имаше онаков плачен израз на лицето, како подотечен, утредента ништо. Којзнае дали е ова некој симптом...
Не дека не е успешна вакцината ако не покаже симптоми детето, само викаат подобро да покаже за ние да сме сигурни дека делува вакцината. Голем процент од децата поминуваат без никаков симптом. Уживај
Кој бил скоро на вакцинирање во Јане Сандански? Ми кажаа имало многу гужва, чекам да пројде малку букава околу епидимијата, па да го носам син ми (7 месеци) на шестовалентната трета.
Ние бевме минатиот понеделник за ММР. Немаше гужва. Во секој случај делот за вакцина ( вратата од лево ) е сосема одделена и посебен е влезот од останатите делови на поликлиниката. На сама врата си стои голем натпис на кој е потенцирано дека е дел за здрави деца за вакцини. Така да нема простор за страв зашто само здрави деца за вакцина влагаат таму.
Moze i e glupavo prasanjeto, no pak ke si prasam. Kako gi odbrojuvate denovite od MMR vakcinata. Dali go broite i denot na vakcinacijata?
Jas ja vakcinirav vo sredata, pa si go brojam i toj den, no neznam dali e pravilno. Eden den mnogu mi znaci edvaj cekam da pominat tie 14 dena. Ke poludam mislam
И јас исто во средата ја боцнав и си рачунам денес 7-ми ден. Се тешам уште една недела и толку ќе биде стравот Не си сама инаку, и јас едвај чекам да поминат деновите, на штрек сум цело време. Од работа само ѕвонам на баба и да прашам да не качила темп. Се надевам нема да има ништо, ни кај мојата, ни кај твојата
Ние кога бевме немаше гужва. Стигнавме, немаше никој и одма влеговме, а кога излеговме чекаа 2-3 дечиња за вакцина.