Вчера 8ми ден. Качи тт попладнето.. вечерта до 39 ноќта спушти и не качи до попладнево. Преска пак 38,5. Сега спушти. Ама весела си е и трча и игра и со тт.
Децата се чудо. Вистинско чудо. Ние возрасните на 37.5 ни се умира. На Ева денес и е 10ти ден. Симптоми нема никакви,дај боже така и да остане.
Абе играше на онаа песнана рам сам сам, тресна крв пушти на устата, муцка модра, трчаше, се пентареше, скокаше по кревет.. и се со 39 тт, додуше испи сируп прво. Јас премирам, сили неам, срце забрзано чука, ми се врти од што ја гледам како беснее. Да, докторката кажа дека од ммр може да се очекува висока тт.
Ако го бројам и денот на вакцина денес му беше 10ти ден од ММР. Никакви симптоми нема. Може качил некоја блага тт ама најискрено јас не сум го приметила. Едино нешто што приметив беше дека дента кога ја прими ММР како малку подотечен во очињата ( капаците ) да ми беше. Сопругот ме направи луда дека ми се причинувало, ама 24/7 сум со детево сметам дека не ми се причинуваше навистина беше малку отечен. Дали и вие имавте вакво искуство или не? Едино нешто што е несвоиствено за него е што еве 2-3 дена се молиме за јадење. Денес омиленото јадење му го направив омлет со спанаќ и кајмак и ептен малку изеде. Буквално ништо не сакаше што и да понудев. Два ручека му направив и запна ‘ не не нејќу ‘ и зема кришка леб и така сув го изеде. Друго нејќеше се дереше ко да го колам што и да понудев. До вечера свашта понудив и на крај прифати мало парче телешко ( бејби биф дали 70гр ) и тоа изеде и заспа. Дали е можно од вакцината да има проблем со апетитот ? Читав на гугле пишува реакција дека било и губење на апетит. Ама па до волку да е ме става во мисла. Од дете што по цел ден мелеше се и сешто еве го само се дере ‘ нејќу / несакам / не не не / бљак ‘ . Од кујна не мрднав од мисла да не е гладен по 2-3 јадења од оброк му правам и ништо бре нејќе и најомилените јадења не и не. Дали и кај вас после ММР имавте вакви ситуации и колку време ова ќе трае? Инаку си е весел, убаво спие, трча/скока, пее/игра и све си е ок ама со јадењево ме полуде.
Исти сме со јадењето. Последниве денови абе едвај уста отвора. Денес е само на бисквити со млеко и на попара, и плус ад што пие двапати. Макарони нудев, палачинка, чоколатце абре не и не.
Мојот откако го одбив сега на 21мес не пие никакво друго млеко и не му ни давам. Е сеа ми е криво што не го дојам периодов после вакцина за барем да сум раат дека барем цица. Лепотицата твоја чим си пие Ад два пати на ден ич да не му се секираш. Ајде верувам ќе пројде брзо ова нејадењево. Сеа читав на сајтов за ММР кој се очекувани и чести реакции и потенцирано е губењето на апетит како една од почестите.
Кој ден ви е од вакцина Фана? Може и моево да не било па ми се причинило како што тврди сопругот, ама сигурна сум дека малку ми беше чуден во фацулето дента. А, може и што се изакавме натака навака ( авицена, педијатар, Јане поликлиника ) и баш период кога му е дремка денска не фати возикање. Па го фати нервоза и плачки и може и од тоа да ми се видел отечен незнам искрено.
И мојава потечена беше... ама од спиење. Симптом првиот ден беше што беше ептен успана, па спиеше по цел ден. Рано и е за симптоми, во пон ја прими ммр.. сега за сега е супер, јаде одлично, има апетит. Е едино не спие, еве ноќеска до 3ипол вриштеше... ама тоа е поради забите..