Нас денес ни е 7ми ден од ММР. Првите два дена правеше проблем со јадење и кенкаше навечер ама еве сега се смири. Не ја приметив да е отечена ама па од вакцина кај баба и ја оставив и на работа отидов .Се надевам дека нема да крене тт оти мојава не знае за тт под 39.5. Вивнува за 5мин. Првиот ден само била кенкава друго се било ок.
Софи,пишав јас претходно баш дека мојов немаше ни еден симптом освен таа плачна фаца со отечени очи, ма 6ти ден. Значи баш онака го приметив, сосема друг изглед имаше детето,како болно да е ама он супер си беше
А кај ги боцкаат бсж? КАј гледате дали има белег? Мојот 2 и пол години, никој не ми спомнал такво нешто па и да пребоцкувам. Има картон дека е боцнат и тоа е тоа.
На рачето каде што ги боцнале. Бебево нема белег и вчера баш ја прашав докторката дали ќе треба да прими пак вакцина. Ми рече нема потреба. А на големата ѝ се направи како мозолче тогаш и сега има белег.
Нема ни мојот,никогаш ништо не му приметив на местото на боцнатото. Мене ми рече педијатар преку крв да испитаме, ако искочи дека не успеала вакцината ќе го боцкаме пак
не знам што значи, педијатар не ми кажал ништо, овде прв пат читам 9и како секогш збунка зи праам во мозоков со читањето)... Не проверуваме ништо не го боцкам сега и за тоа. Штом не ми рекол доктор, нема јас да се правам.
Нема. Верувај, ако има, ќе видиш Баш е како кругче лузничка и треба да е на рамото каде што му ја аплицирале.
Да, исто Ако можам ќе ја сликам големата после и ќе ти пратам слика, ама да, исто како и нашите белези.
Заедно јас и ти вакциниравме мила, во ист ден Сигурно од што се измалтретирало детето наваму натаму па било отечено.
Истото и сопругот го кажа Може и така се поклопил моментот па сум помислила од примената вакцина отекол малку. Како сте вие? Мојов освен намален апетит 2 дена друго не приметив реакција. Еве го денес омлет со две јајца, кајмак и семе од коприва маф го направи па сеа и едно Монте изеде. Ајде само сите дечиња со лесни реакции да поминат е најбитно. И да качат тт само да не е висока за да не им е тешко на нив па ни нас.
Со денот на боцкање ако го рачунам денес е 11 ден од ммр. Читам и кај некои други дечиња има намален апетит. Ние се бориме со јадење. Ништо не ми јаде освен макарони, кисело млеко, компири пржени и леб. Денес и палента ми одби што ја јадеше мнг. И јајце исто. Му правам се што му е омилено ама и тоа ми одбива. Ќе се оправи или ќе тенчам нерви ? Кога им се враќа апетит и дали давате нешто плус? Од дете што не прибираше и ги јадеше најчудните комбинации на свет сега стана нејадач. Значи пукнав Едит: се други е ок, немам никаков друг симптом. А за блага темп не знам бидејки не сум приметила да е топол па да мерам.
Мојот, покрај температурата, сосема го изгуби апетитот, кога ќе видеше јадење добиваше нагони за повраќање. Два дена ги помина само со еден филџан цеден сок, многу вода, чај и пола банана. Не форсирав јадење, после се врати во нормала, ама не јаде се што јадеше претходно.
А мојов и онака не јаде баш се . Решив да вакцинирам , матичната рече дека примаше антобиотик до вчера да почекам 10тина дена и да вакцинирам пр. нареден петок а, претходно да направам крвна и ако е ок, петок нареден да вакцинирам. Вие што мислите, доволно ли е? А и без тоа има мрзливи црева деновиве, значи и ако откаже и 10 работи што јаде само на чај од суви сливи ќе останеме.
Dali kako reakcija od vakcinata moze da se poremeti spienjeto? Denski mi spie ovie dva tri dena po eden saat I plus place
Мајки ве читам, не сакам некој да ме сфати погрешно, но мислам дека претерувате, како може од вакцина да се поремети,спиење,јадење и слично. Реакции се знае кои се, болка,оток,црвенило, темп.плачливост. Едноставно така се погодило. Инаку на темава,ние примивме прва вакцина. Баш и белегот од бсж и го бараа но не можеа да најдат. Пишаа прашалник.Рекоа другиот пат пак ќе видат. За пребоцкување не спомнаа. На другово дете убаво му се гледа.