Може да се поремети. Самата температура е показател дека нешто се одвива во организмот. Кога телото се бори, реагира на различни начини. И не, не претеруваме, се појавуваат тие промени. И не се само тие реакции што ги наброја, тие се најчестите. Ретките не си ги видела и не дај Боже некогаш да ги видиш.
Во самото упатство на вакцината ги пишува несаканите ефекти како благо до високо покачена Т, губење на апетит, осип... Така што воопшто не е претерување. Убаво е да споделиме искуства за да мајките знаат дека е од вакцината и дека е минливо.
This includes a rash, high temperature, loss of appetite and a general feeling of being unwell for about 2 or 3 days. https://www.nhs.uk/conditions/vaccinations/mmr-side-effects/ и на самото упатство си е нагласен намалениот апетит кај некој деца. Сепак се склоп на неколку вакцини во една и сепак е малку појака вакцина ( од која повеќе мајки се плашат ). Таман работа да претеруваме во некој несоодветни работи манифестирани кај сопствено дете кое нели секоја мајка си го знае. Многу нормално и самите ние си сме свесни дека со вбризгување на намалени вируси дете сепак ќе нема реакција, ќе има поблага форма на реакција и недај Боже да е едно во милион па да го фати тешка реакција.
Здраво мајки, прво да кажам дека сум ЗА вакцини и моето дете до сега ги има примено редовно сите и сега на ред е МРП со мало закаснување бидејќи има 16 месеци. Јас верувам во медицината и верувам во тврдењата на докторите дека оваа вакцина не предизвикува аутизам, НО по некоја логика може да наштети на дете кое веќе го има, веројатно да ја влоши состојбата, еве читам еден напис од Др. Катерина Ставриќ, педијатар-имунолог која вели дека деца со развојни нарушувања на невролошкиот систем не треба да се вакцинираат со Пертусис и живи вакцини, а МРП колку јас знам е жив вирус. Син ми има примено ДиТеПер што значи Пертусис ја има и немаше рекција. Дилема немам за прашањето дали треба да го вакцинирам детето, секако дека ДА освен ако доктор ми рече дека моето дете не смее да ја прими поради Х причина. Но дилема имам дали да го однесам прво на невролог и дали тој би можел да утврди доколку моето дете има и најмали симптоми на аутизам на оваа возраст или не може да се утврдат бидејќи е мал, и дали можеби има било какво невролошко нарушување на кое лошо би влијала оваа вакцина, со цел да размислувам каде да се обратам понатака и што да правам. Се надевам дека разбирливо објаснив и сакам ваше мислење за носењето на невролог.
Еве јас ќе ти одговорам зашто имам внук со аутизам. Приметувавме некој симптоми уште пред да направи 1г. Сепак си имаат неколку воочливи симптоми децата со аутизам. Имаш неколку спектари на аутизам. Внук ми има поблага форма на аутизам. На некој 14-15мес ( да не те излажам ) му ја дијагностицираа состојбата. Сеуште ММР ја немаше примено ( сите претходно уредно примени вакцини му беа ) зашто го спремаа за операција за килата , па настинка , па вирус и дур испадне да ја прими ММР испадна дијагнозата. Тогаш ги советуваа дека ММР не препорачуваат да ја прими се дур не речат они дека е спремен да ја прими. Сега направи 3г. Веќе повеќе од 1г иде во школото кај Даскалов каде што работи со него стручен тим три пати неделно има часови. Има режим на исхрана, мобилен и тв дома нема пуштање кога е детето дома. Пие сируп за мозоче и остали витамини препишани од стручни лица. Во поразвиените земји ( имаш и на јутув за како дијагностицираат и кој се први симптоми и на гугле ) уште на 6-7мес прават проценка и дијагноза на бебе за дали има аутизам. Кај нас сеуште немаме таков стручен кадар, но имаш во Систина сега најново тестови за утврдување 3350ден и може да го однесеш. Еве ти еден линк од прашањата и тестот кој и сама можеш да го решиш и да дојдеш до одговор на прашањето. https://mchatscreen.com/wp-content/uploads/2015/05/M-CHAT-R_F_Macedonian.pdf Инаку аутизмот е генетски и е во самите хромозоми. Да не те излажам беше во 14 или 15тиот хромозом прекршувањето. Знам за оваа проблемтика околу генетики и хромозоми и мутации зашто имам историја со 7 инвитра зад мене. Донатор на ј.к сум па така да околу овие работи од мака сум ги научила. Еве сега пак ќе донирам па додатни испитувања у Ману правевме кој комисијата ни ги бараше. За кој верувам не чул никој дека постојат и такви генетики кој недај Боже може да направат проблем во развој и животот на ембрион/бебе/дете/возрасен. Генетиката не е за занемарување. Така да аутизмот и остали болести кој ги пропагираат антиваксери дека се од вакцина верувај врска нема. Ама ај да не идам оф топик сепак и не пишувам за ова никад зашто неможеш со секој да се убедиш и разбереш. Инаку кај деца со посебни потреби точно дека се избегнува вакцинирање, не дека вакцината е ваква онаква. Туку дека сепак се вируси и материи кој на веќе проблематично здравје на дете или некој друг проблем да има може да направат полошо. За ова имаш во некој податоци за аутизмот на гугле и на јутуб. Неможам линк да ти најдам зашто оддамна ги имав гледано и читано па не памтам точен податок на линк. Инаку не ти е мало детето за дијагностицирање. Во Систина работат и со помали дечиња. Доколку навистина како мајка приметуваш некој симптом однеси го. Но, доколку од читање свашта или од споредба со друго дете верувај дека не секое дете е исто. Најрани симптоми на утврдување на аутизам се : нема контакт очи со очи, не слуша и не реагира на името, не реагира на команди, ги реди и игра со играчки на поспесифичен начин, има невообичаени напади на бес ( нервоза ), знае да е насилен кон себе или кон останати ( внук ми касаше крвнички и ден денес ама понамалено е тоа од кога почна со часовите ) и кога се среќни и радосни имаат поспецифично движење на рачињата ( ги пафтаат и тресат незнам како да ти објаснам ). А, нај ама нај голем знак им е со рачето едно имаат движење со пратињата ( како да ги бројат и отвори затвори со шаката прават ) многу често во текот на денот. Инаку да ти кажам дека се многууууу интелегентни и паметни деца па и возрасни луѓе кој се со аутизам. Се мислам на оние поблаги форми на аутизам. Сосема е подруго со тешката форма на аутизам и за таа форма немам искуство. Се надевам ти помогнав. Се надевам дека се е во ред со детето твое и дека нема ни допирна точка со аутистично дете. Доколку има и се дијагностицира аутизам ... ич да не се плашиш и да не го гледаш тоа трагично! Да, ќе имаш чудни погледи и коментари од блиски и околината тоа ти тврдам зашто знам како поминуваше сестра ми и ние и ден денес како е. Ама тие луѓе се неуки и извини на израз Глупи луѓе со кој немаш потреба ни да се објаснуваш ни докажуваш! Ќе си носиш дете на часови, ќе си работи стручен тим со него и се ќе си е супер. Да, ќе биде поразлично од останатите деца ама затоа ќе е посебно и таа посебност ќе го прави возвишено најпрекрасно дете. Внук ми си го сакам безуслувно и еве за мене не е поразличен од другите па ни од синко мој. Он е посебен и како таков посебен е најпрекрасен И од часовите има веќе напредок. Па кога ќе ме види и ќе му клекнам и кажам : бакни ја тета најсилно и најсочно љубов теткина Аххххх жено таков бакнеж со толкава љубов и насмевка и среќа верувај од синко мој не добивам . Премногу си го сакам и би убила човек за него! Недај Боже да сум јас сведок ( како сестра ми што е некад ) на некој погледи и коментари хммммм верувај нај ама најискрена сум ( оние кој ме знаат од форумов приватно знаат дали фолирам ) би му го извадила срцето од уста верувај ми. Слободно за било какво подетално прашање можеш слободно да ми пишеш и лична порака. Што можам ќе ти помогнам доколку е во моја моќ. Имај убава ноќ и изгушкај си го детето и не мисли што би било кога би било!
Ти благодарам за опширното објаснување и убавите зборови, се сложувам во се со тебе . Не е дека се сомневам дека детето има некакво нарушување, ама ете малку ме тера на претпазливот тоа што син ми се правеше и прави малку подоцна од другите деца во мојата околина, додека другите деца што ги знам меѓу 4 и 6 месеци ги наоѓаа на другата страна на креветот, син ми прв пат почна да се врти на 7 месеци, го стававме да седи од 6 но убаво и цврсто седна дури на 9-10 месеци, со лазење-влечкање по земја почна на 10-11 месеци, а убаво на колена почна да лази дури после првиот роденден, први чекори со држење нормално, на 11 месеци, за една рака фатен почна на 14-15 месеци, сега дури на 16 почна да се пушта по некој чекор и конечно пред 3 дена почна да оди, така подолги стази ама сеуште е со губење рамнотежа и паѓање. Од прилика тоа е причината поради која ми се створи чувство дека може треба да бидам попретпазлива. Инаку веќе си кажува зборови, има контакт со очи, комуницираме со него, се смееме, одговара на прашања ''како се викаш'', ''како прави кучето, магарето и сл.'' со збор бара да му се пее одредена песна што ја сака, затоа викам, не се сомневам дека нешто не е во ред, само сакам да сум претпазлива заради тоа што задоцнуваше со некои работи, и знам дека тоа апсолутно не мора да значи дека е аутизам, знам дека различно се развиваат сите деца, ниту ние возрасните не сме сите исти. Во Систина видов дека има педијатар-невролог, сакам да го види чисто за да сум мирна и после раат да си го носиме на вакцина, да сме си комплет заштитени и среќни Поздрав и фала ти
Zosto preteruvame? Jas gi zabelezav ovie promeni otkako ja primi vakcinata, ne zboruvam za nesto sto ne go iskusuvam.
Мајки,син ми вчера 12 ден од ваквина крена темп . 38.9 и дадов блокмакс.Но за 6-6 ипол саати пак крена и пошто немав друго а беше 5 сабајле дадов пак блокмакс. Во случај да крене за помалку од 6 саати што давате ? Го пратив маж ми да земе парацетамол и се врати со далерон пошто аптекарката му рекла далерон-блокмакс била подобра комбинација.АМА не се дава на 4 саати.
Далеронот при висока Т може да го даваш на 4 саати, Блокмакс само на 8 и не повеќе од два пати дневно, оти може нагло да ја спушти Т. Туширај, мачкај со разреден медицински алкохол, лесна облека... Со лесно, ќе помине. Обично не трае повеќе од два дена.
Супер штом и далеронот може на 4 саати. Не знаев. Еве од 5 сабајле нема темп. Ама е омалаксан ,кенкав и не јаде. Ке пројде барем знаеме дека е од вакцината. Фала ти
Блокмас на 8 саата, 3 пати во 24 саати. Јас сум го давала во комбинација со далерон, никогаш не со парацетамол. Далерон може на 4 саата, а ако во меѓувреме крене можеш блокмакс по 2 саата (ама секако да има 8 поминато од последниот блокмакс)'. Се надевам се разбравме.
6 to valentnata za malata ja ptimivme Sega staviv vednas lepenka. Sto da ocekuvam iskustva za ovie 72 casa? Ajde kako ste pominale
Ако се работи за прва доза не би требало некоја реакција да има, вака од муабет со другарки од 3 тата доза има благо покачена тт. Мојата од првата доза немаше никаква реакција, менуваме лепенки 2 дена и тоа беше, сега е на ред петовалентна чекам да се смири ова епидемијава(абер нема) па да ја однесам на вакцина. Инаку форсирав цицање тие 2 дена.
Мојата качи 39,5 исто ми рекоа не се очекува реакција. Е сеа, може затоа што утре дента и беше и црвенко грлцето.... буквално преку ноќ... не знам.
Моето од првата доза беше покенкаво тие два-три дена. Менував лепенки и јас, гледав да форсирам цицање што повеќе. Втората вечер кога му измерив тт имаше 37.2, ама не знам дали е тоа нормално или се смета за благо покачена?
Кенкавост и блага темп ама одеше 37 со нешто и спиење. Кај нас двата пати траеше нешто од 20 часа реакција утре дента после вакцина ништо.
Vi blagodaram na site za odgovorite stravot e golem sepak pa samo gospod e eden se nadevam ke pomineme dobto
Здраво, сакам да го боцкам малиот. Според Вас покажува вирус или не? Еден доктор ми вика во ред е, друг ми вика мала вироза... Знае некој да ми ги прочита?