Ви благодарам девојки, тој е супер, ниту кашла, ниту нос му тече.. ама ете докторката вика дека малку е изместена. Рече да почекаме следнс недела па да ја повториме к.слика, пс ќе види дали ќе вакцинираме. Ма да гледам и на к.слика од минатиот месец исти вредности има диференцијалната слика...
Од втората доза моето имаше благ оток на местото каде што е боцкан. Нормална реакција од ДТП. Не се плаши, форсирај течности, цицање да се чисти организмот. И да крене Т нормална реакција е . Лепенки немам ставено.
Во среда ја примивме ммр, денес ми качи температура. Знам дека е нормална реакција, но многу ми е страв Еве ја спие, а мене место не ме фаќа. Колку дена трае Т, дали знаете?
Мојава пон прими, денес е цел ден со шашава тт, највеќе до сега измерив 37.5 со живиниот, 37.8 со дигиталниот.. ја држи цело време, паѓа до 37.1. Ме пукна цел ден се шета и си кенка.. најлоша тт.
Од 15 часот до сега е со 38. Не мрда ни надоле ни нагоре. Дали да и дадам Далерон кога ќе легнам, да не се качи вечер повеќе?
Зависи од детето, ти си го знаеш најмногу колку крева температура додека спие. Јас на мојата во таков случај давам пред спиење, пошто знае да дигне висока.
Мaјки еднo прaшaње дo мaјките сo мaли децa, пoмaли oд 1гoд, тие штo oдaт вo грaдинки. Ме интересирa дaли зa време нa епидемијaвa ги вaкцинирaвте сo мрп. Збaм декa без вaкцинa не ги примaaт. Сегa е и спуштенa грaницaтa зa oд 9 месеци. Вaкцинирaлa ли некoјa мaјкa детенце нa 9 месеци и кaкo јa пoднелo вaкцинaтa. Сегa ние oд 9 дo 1 гoд сме вo нaјнеблaгoдaрнa пoзицијa, не знaеш штo е пoпaметнo. Фaлa и пoздрaв дo сите
Како сте? Мојава сега последен пат највеќе 38.2. Ја следам сега на 5мин да не рипне над 38.5 па да и дадам сирупче...
Не симна под 38. Сируп давам на 6 часа, затоа што качува 38.6. Час е малаксана, час весела. Ја тера на спиење, цел ден се излежава.. Вие симнавте под 37 или исто од вчера сте со Т? Со јадење како е? Мојава барем јаде фала богу..
Прва вакцина после таа од болница, ја прими вчера на полни 2 месеци. Дента не крена температура, добар апетит и добар сон имаше. Денес крена температура 38.5 и дадов Далерон. Се симна, јадеше исто со добар апетит, единствено бара почесто цице (плус ја дохранувам со АД) и не спиеше убаво преку денот. Сега е заспана. Дали во текот на ноќта може повторно да крене температура и колку денови да очекувам да трае реакцијата од вакцината? Тнх
Вие што вакциниравте со мрп имаа ли реакција дечињата и после колку време? Јас ја вакцинирав малата и покрај тоа што не и беше сјајна к.с. И матичната и докторката што ја вакцинираше дадеа зелено светло. Откако тргна во градинка постојано е со растечен нос, кашлање, неколку пати и т.т. качи. Па и заби ваде овој период. Докторката од вакцинација рече нема реaкција вакцината и подобро сега да се вакцинира кога нема некои симптоми
Има некоја од вас што вакцинирала во Букурешт МРП? Таму ги прими претходните, ама се мислам дали да го вакцинирам таму или во Идадија да преминам. Некако повеќе искуства имам од мои познати во Идадија. Инаку денес ќе правиме кс утре ќе вакцинираме. Може и денес ако уште трае она до покасно што може да се вакцинира.
Денес му е 18ти ден од вакцина и еве денес е со тт. Ок си е си доручкуваше и си игра само е на моменти ќенкав. Сега ќе му мерам тт. Таман се израдував нема никаква реакција кога еве денес малку е топол. Верувам е од вакцината зашто нема од што друго. Нит со деца е мешан деновиве нит бил негде деновиве.