Да, може да се симне многу, затоа што од бруфенот нагло се спушта покачената тт. Затоа и не е препорачлив на пониски тт. Јас блокмакс сум давала над 39 ако имале, и за болка во уво без тт, оти ефералганот не делува кај моиве за болката. Фала му на Бога, имам прилично позитивно искуство со него. Досега кај големиот не сум комбинирала од двата антипиретици, фала Богу немало потреба, а кај малово последниов пат дадов комбинација, кога после даден ефералган ми качи 39.4 после два часа, ладев и чекав да има поминато 4 часа за да го дадам. Со блокмаксот симна за пола саат на 36.7 и после 4 часа пак качи, ама 37.7 и таа тт беше константна до утрото кога се симна сама од себе.
Како што гледаш повеќето одложуваат до 3 години и затоа сме во ваква ситуација да треба бебиња да се вакцинираат пред година. Дека 3 години не било детето здраво малку тешко тоа... Мајка ако ја пушташ во градинка и да не задолжително јас би ја вакцинирала или снајди се за 2-3 месеца со одмор дали ти, дали сопруг, баби. Моето е 8 месеци и ја изолирам, планирам по календар да ја вакцинирам, ама ќе ми ја чуваат дома.
Фала Ана. Супер поминавме, немав потреба од давање ништо. Не качи тт, си се спушти сама од себе по шеткањето надвор и бањањето. Еве стана преска и не е топол. Ќе видам како ќе е во теков на денов. Малку чудно сепак зашто да е вирус ќе праеше барем качи спушти или ќе држеше тт некој период. Сепак фала на советите и искуството. Ќе го имам тоа во предвид за во иднина со блок максот. Имај убав викенд.
Дали е нормално местото од убодот на Де те пер вакцина да биде цврсто? Понеделникот ќерка ми ја прими, денес забележав дека има топче цврсто.
Имаше и мојот од сите три дози. Плус оток и црвенило. За топчето ми кажаа дека од боцнатото е, ќе помини за неколку дена, лепенки му ставав јас само.
Мене матичната ми рече обавезно. А и во диспанзер кај нас бараат. За Црп ми кажаа да не проверувам, ама ќе проверам за секој случај. Јас и брисеви сакав, ама нема потреба ми рече матичната.
Сакав само да прашам редовна вакцина од морбили на која возраст е? Кај нас пишува мали сипаници и заушки вакциран на 13месеци ( по стар календар ) а морбили на 7 год во 1во одд нели мали сипаници и морбили се едно исто?
Тоа на 7 години е ревакцинација. Според календарот од 2018, прва доза МРП е на 12 месеци, со втора доза ревакцинација на 6 години. http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2018/04/K-A-L-E-N-D-A-R-POLIVALENTNI-2018.pdf
значи ние као демек сме еднаш заштитени со вакцинава. За 2 недели полни 6 години па би требало да посетиме диспанзер а треба ли крв да се испитува? Ние досега никогаш не сме испитувале крв пред вакцинација
Сега пред секоја вакцина препорачуваат крвна слика, зашто има подмолни вируси кои пред да манифестираат може да се види на крвната слика, па така ако не е океј да одложат. Инаку да, не е целосно заштитен чим има една доза. Баш и за тоа тука се пишуваше, возрасни кои се родени пред 88/89 имаат само по една доза, па и за нив се дава препорака да се вакцинираат. Еве баш @Kitten е со една доза и сака да ја прими втората.
@Kitten Здравствен дом Пролет на први кат, или во друг центар за јавно здравје, одиш и кажуваш дека сакаш МРП. 5 минути работа, едно боцнување, мирна глава. Од искуство
Со едно боцкање заштитата е 93% дека нема да фати, со две е 97%. Останатите 7%, односно 3%, и да фатат, поминуваат многу полесно пошто имунолошкиот систем е веќе спремен. Зависи од персоналот во диспанзерот, во некои дуваат и на јогурт, и притоа несакајќи шират беспотребно паника, во некои си следат стриктно упатства. Крвните слики се нова работа, порано прашањето беше дали имало скоро инфекција или има симптоми на болест - температура, кашлање, кивање, болки.... затоа има и преглед од лекар/педијатар во диспанзерот. Инаку крвната слика колку е добра, толку и треба да се знае како да се прочита - како инаку да се објасниш со луѓе дека и раскрварено непце може да крене ЦРП, а тие мислат дека е крај на светот и којзнае што имаат.
Ќе се консултирам сега и со пријателка од инфективно што да правам. Една доза имам примено како дете, а работам во училиште (со поголеми деца, но сепак..), плус имам 9 месечно бебе дома. Фала на инфо!
Мајки,кралици да ве прашам,значи нашево вакцинирање отиде во недоглед,детево неможам да си го опоравам скроз,таман помина настинката,носот е ок,од ноќеска пак затната и мрсулава,други симптоми нема,само носот,далине паметно да правам к.слика и да боцкам или мора ама баш скроз да е здрава,мене ова веќе ми стана очајно,неможам да ја начекам скроз здрава неколку месеци уназад за да боцнам,што ми предлагате,очајна сум а и тоа е не е мрднато од дома детево 2 месеци и повеќе? @Alishan30 Те молам и тебе за совет?
јас сум 89 баш вчера проверував и кај мене и кај синот. Јас на 13 месеци прва вакцина а на 7год втора. Синко до 4години се вакцинираше по стар календар сега по нов на 6години треба да ја прима втората вакцина првата пишав на 13мес му беше. Е сега тој за 1 недела полни 6 па сум во план сама да си појдам и да си го вакцинирам секако со претходна контрола. Мислам бидејќи е прогласена епидемија и некаде масовно одат да се вакцинираар за морбили може ли да побарам само за морбили да се вакцинира? Па понатака комплет што му иде за возраста.
Јас сум '80 родена, па два пати сум вакцинирана, едната доза крај на '81, втората во '87, така ми пишува во картонот за вакцинација. Така што не е дека сите родени пред 88/89 се вакцинирани само со една доза, ревакцината е воведена во '87. Имало голем пропуст тој период поради дефицит на вакцини, затоа има лица што немаат примено ревакцина иако веќе била воведена.