ние исто со носот маки цел еден месец. На крај побарав упат за брис, како не ми текна порано. Испадна бактерија на нос
ЈАс сум 86 и првата вакцина ми е во '87, а ревакцина 1993. НЕ знам од кај ви е податокот дека сите пред 88 се со една доза. Ревакцината кај нас е порано воведена, мислам дека 82/83, така да сите кои во тие години немале полни 6/7 години се ревакцинирани.
@kikin Јас сум родена 81. Имам примено само една доза во 87. Првата доза мене ми фали. Така што не знам што да кажам освен дека имало и тогаш пропусти.
Баш треба да мрднете со детето од дома,излевајте во парк, на чист воздух, на сонце, давај витамини, течности, редовно да се хране и хидрира. Доколку е настината, направете крвна слика, црп, асо,брисеви од грло и нос, нека биде прегледана од доктор
Денес прими мојот МРП. Бевме во Идадија. Сирма мн згодна била, не кажавте вие. Маж ми ама и се опули, машала. А таа озбилна, средена. Супер поминавме. Ќе видиме сега реакција дали ќе има. Нека е со лесно.
Првата доза е на една годинка, ќе си прашаш родителите што се случило и зошто не си примила, со оглед дека вакцината е воведена чинам беше 1976 (ако не 1972)...значи вакцина мрп во моментот кога ти си се родила имало во МАкедонија.
Ако во вашиот град има регистрирани случаи со морбили и надеж дека епидемијава ќе престане почекајте со вакцината. Во меѓувреме во околните села, по претпоставка дека си од мојот крај, има места кај што може да шетате со саати, убаво ќе му дојде свежиот воздух, ќе зајакне имунитет. Во спротивно крвна слика и брис во што побезбедни услови, приватна болница, дома да дојдат за крв, и педијатарот ќе каже дали може да прими вакцина.
Имало пропусти дефинитивно, па брат ми е вакциниран, а е роден '75. Е сега мислам дека тој само една доза има примено. А некој период во осумдесеттите имало дефицит на вакцини, тетка ми ми кажа пред некое време, педијатар е, тогаш амбулантски работеше.
Знам дека имало,а ма зошто ја немам примено е мистерија. Мајка ми не е свеса дека не сум ја примила. Ме носела редовно по календар на сите вакцини што тогаш ги ставале. Стигало покана и сме оделе. Дека не сум вакцинирана со првата доза открив случајно кога сама си отидов да примам вакцина за Менингит Ц зашто беше препорачно на сите студенти по 25 години да ја примат доколку сакаат да се заштитени во Велика Британија. Тогаш ми го дадоа картончето и така видов. Во Центар за Јавно Здравје ми рекоа тогаш нема потреба од уште една доза МРП зашто добра е покриеноста со вакцинација за тие болести. Сега се се смени па не знам што да правам.
Може не стигнала поканата. Тоа ми е логично објаснување штом редовно по календар те вакцинирала. Поштите и тогаш не беа многу ажурни. Иначе може да се вакцинираш сега ако сакаш.
Не знам многу ми е чуден календарот за имунизација. Ќе да е дека тогаш немале ММР вакцина да ми стават па си ја скокнале. Имам примано ревакцини и по 13 месеци кога сум требала нели да ја примам ММР и не ми ја ставиле. Не сум била алергична на ништо. Најдобрата пријаелка на мајка ми работеше во тогашен детски диспанзер, па ако мајка ми и поштата нешто зе збуниле, таа следела се што требало. Нешто системот затаил тогаш дефинитивно според мене. Не е ни битно. Не треба да се враќаме назад сега. Знам дека сега можам да се вакцинирам и ако згусти ќе се вакцинирам, тоа е тоа.
Денес прими малиот Ди ти Пер ревакцина, раката баш му е потечрна и црвена дали е нормално или нешто не е во ред? Колку време ќе трае тоа отеченото ?
Да знаеш да си чуваш дома, по вакцина мора редовно облоги да се ставаат да е влажно местото. Или лепенки за температура ем разладува, ем помага за тт.
Zdravo Maz mi go kasna kuce i mu dadoa tetanus ama nikoj ne mu spomna revakcina ? Koga treba? Jas go vakcinirav sinceto od mmr,na 9i10 den imase temperatura37.9,38 i ne jadese sega pak e vesel po staro.Temperaturata 2dena ja imaae
Мајки ми треба инфо во ј.с. до колку вакцинираат? Дали редовно до 13 или има продолжено работно време?
Малиот мој кога дупна глава само серум тетанус прими. Не ни кажаа дека треба некоја ревакцина. Ви спомнаа такво нешто или ти мислиш дека треба?
Благодарам, ќе се јавам за секој случај утре. Сабајле ќе дојдат од авицена за боцкање па ако е ок сакам да го носам на вакцина. Ама незнам кога ќе се готови резултатите за да стигнам во ист ден да завршам се.