И јас примив вакцина кога бев искасана од куче. Отпосле ревакцини не сум примала ниту ми јавиле дека треба.
Секогаш по маил ми праќаат само дека домашна посета па незнам каква е процедурата. Ќе инсистирам порано да ми ги пратат. Фала на инфо. Сега најдов и објава, ама нашиве новинари малку неписмени. Пишува дека уште викендов ќе работат две смени, ама не и за преку неделава како ќе биде. За од понеделник до 13 часот пишува https://sdk.mk/index.php/makedonija...bukuresht-ke-rabotat-i-vikendov-vo-dve-smeni/
Фала на инфо. Сега најдов и објава, ама нашиве новинари малку неписмени. Пишува дека уште викендов ќе работат две смени, ама не и за преку неделава како ќе биде. За од понеделник до 13 часот пишува https://sdk.mk/index.php/makedonija...bukuresht-ke-rabotat-i-vikendov-vo-dve-smeni/[/QUOTE] Само текстов е од 4 јануари, како и да е официјално им е до 19 ч а мене ми рекоа 18 зашто сакаат изгледа порано да си завршат да си одат
Џабе ќе инсистираш. Они одат во повеќе места, па кога завршуваат ги носат резултатите во лабараторија. Јас ги добив околу 12 а не бовцкаа во 9.30 часот. Ако одош во Авицена, о ична крвна слика ти е готова за 10 минути а црп исто после 12 часот. Ова за Аеродром ти зборам. За побрзно нас ни рекоа дека треба да се боцкаме во Тафталиџе.
Со оглед на тоа дека и црп ќе правиме како и да е ќе чекаме до 12. Штом боцкаат до 19 ќе го носам покасно во секој случај. Ќе се јавам сепак сабајле да се потврдам.
Само текстов е од 4 јануари, како и да е официјално им е до 19 ч а мене ми рекоа 18 зашто сакаат изгледа порано да си завршат да си одат [/QUOTE] Леле и јас слепец. Го гледам тоа горе 05. Март а не гледам дека е од јануари
Мајки, ќерка направи 2 месеци, се спремам наредниве недели да ја вакцинирам со ДТП шестовалентна. Може некоја мајка која вакцинирала скоро да сподели што да очекувам, со што да се спремам и сл. Фала ви
Пред нецел месец ја примивме.Супер помина фала богу. Очекувајте,малку болка,кенкавосст, покачена температура. Ние фала богу ништо од ова.Ставете лепенка за температура,менувајте на неколку часа, облоги со медицински алкохол.Имајте дома далерон сирупче.И секако,два дена дежурање,ќе внимавате .Со лесно.
Моето беше покенкаво тие два-три дена, втората вечер измерив тт 37.2. Форсирав повеќе цицање, менував лепенки на местото кајшто го боцнаа 3 дена. Матичната ми рече да купам сируп Ефералган за тт за секој случај. Не се плаши, се ќе помине во најдобар ред
Вакциниравме. Една душа влези, друга излези. Ппрво бевме на матичен, па крвна слика и црп, па на вакцина. Малку плачеше, добра беше, демеска ке и купам нешто да ја израдувам. Сега добра била дома, јадела пиела, и се спиело... Се надевам на лесни 2 недели. Од градинка ги носат на Маврово, она не оди
@Cka пошто ти последно пиша за црп а и јас како и претходно што пиша една членка не сум сретнала таква мерка и цифра во резултати а ни па некогаш сум се заинтересирала за тоа,еве сега сакам да прашам, на што точно резултатот од црп укажува? Што се испитува со него? И зошто е толку значаен што во последно време често го спомнуваат?
Тоа не се прави ако не се побара, не е во редовна крвна слика, посебно се зима крв за тоа. Мислам повеќе крв де. Покажува на воспалителен процес.
Ц-реактивен протеин кој укажува дали во организмот има некакво жариште без видливи симптоми. И кога има и кога нема симптоми, добар показател е, и може да се одреди дали се работи за бактерија или вирус, при што земени се во предвид и останатите вредности на диференцијалната крвна слика.
тенкс. зедов јас упат за крвна слика и сега можам да си побарам да ми допишат во лаб.и да си платам? На маж ми д-димери му допишаа на упатот имаше нешто проблем мораше и нив да ги вметнат. За кратко полни 6 години па календарски му иде да прими вакцина за морбили па да си бидеме спремни со резултатите.
Од школо ќе ги носат на ревакцина, значи од септември, освен ако не е наложено сите што ќе наполнат 6 години одма да се вакцинираат поради епидемијава.
во план сум да тркнам до диспанзер и да прашам со оглед дека имаше вонредно вакцинирање,јас секако чекав според календар па сум за сега да прими морбили па на школо останатото.