Ама не можеш да бидеш спремна од сега со резултатите, се зима крв ден пред или на дента од вакцина, не одапред да земеш крв. Од ден во ден црп и леукоцити растат, крвна слика се менува.
Мајки пред секое примање вакцина ли се проверува крвна слика? Треба да ја примиме вакцина сега на 2,5 месеци,па да знам.
@Cka со лесно! И ние ќе одиме или денес ако вакцинираат уште поручек, или сабајле. Се надевам во ред ќе е крвната слика. @Alishan30 Извини што те прашувам пак, еднаш ми кажа за изопринизонот дека ти не би давала во исто време со вакцина, а утре треба втората доза да ја почнеме. Е сега матичната ми рече нареден ден да почнам, друг педијатар по пет дена, и не знам што да правам. Прашањето ми беше ако не му давам воопшто, дали има врска дека само една доза испи, а се пие 3 пати по 10 дена по шема? Или не е проблем и само еднаш што пиеше?
Да, пред секоја вакцина ќе си правиш крвна слика. Јас вечерта му правм, другиот ден од сабајле го носам на вакцина. Можеш и пред вакцина да го боцнат
Кс слика и црп одлични. Денес одиме за ммр Инаку ако некого интересира јане сандански уште оваа недела ќе има втора смена до 18:30, но само за ммр. За другите само редновно работно време
@Alishan30 фала за одговорот. Зборував и со педијатар од Плодност кај што одиме, ми рече исто да не го давам со вакцината, да направиме поголема пауза дури по 21 ден од примањето да почнам со втората доза. Не било проблем и поголема да е паузата, па така ќе направам не го почнуваме ако ја прими утре вакцината.
@mal.ecka во Плодност докторката ми рече 21 ден максимум. А докторката и сестрите во диспанзер па велат воопшто нема реакција Од 7-10 најчесто е ако се јави нешто, ама може и без ништо да поминат. @Ano со лесно и кај вас.
Здраво на сите...Имам бебе од 10 месеци живееме во Германија пред една недела доби вакцина,но дури сега има реакција од вчера има покачена температура доаѓа до 39,5.Дали има место за паника.Ве молам за совет.Поздрав
Тука ми пишува вака:Masern,Mumps Röteln (MMR) и Varizellen Незнам која е таа вакцина кај нас и дали уопште ја има