@Jovana Hana од вакцината е тогаш температурата, после 7 дена најрано се појавува реакција. Ќе помине за ден-два.
@Jovana Hana да ја спушташ температурата, со парацетамол или ибупрофен зависи што користиш и во меѓувреме ладење. Појака реакција има јавено на вакцината. Може и осип да се појави да знаеш кај некои деца од таа вакцина.
Искрено да ти кажам баш сум исплашена,а овде е така во сабота и недела не можеш нити доктор да побараш едино можеш само на итна
@Jovana Hana дај сируп или чепче за температурата и види дали ќе симнува, ако се задржи подолго толку висока оди и на итна, не знам како е кај што сте. Битно е што знаеш од вакцината дека е и ќе се среди.
Да да 100% е од вакцината но ако ја држи така ке мора да одам и на итна не смеам да ја чувам дома со толку висока температура
ама нема потреба да одиш, но не треба и така да ја оставиш - само дај и чепче парацетамол. ако немате нека отиде некој во дежурна аптека и таму ќе ви кажат и за дозите. требало докторката да ви каже. нас на секоја вакцина ни даваат рецепт за парацетамол (во Германија)
Ама зошто да ја држиш со толкава тт....дај парацетамол, чепче, ибупрофен, било што за тт...и во болница што ќе ти прават, истото ќе ти го дадат со оглед дека е реакција на вакцината ммр
И моето ја прими ммр,после 6дена качи тт и бев убедена дека е од вакцината па не ги однесов одма па ја спуштав со сируп и ладење.нареден ден ми качи до 39.9 и право на дежурен,и не беше од вакцината.Поради пад на имунитетот фатил гнојна ангина.Иди на лекар за секој случај.И јас викав што ќе идам во болница исто ќе ми дадат како јас што му давам но не било така
Во четврток треба да примиме БСГ има ли некои нус ефекти од неа? Многу се плашам од вакциниве после се што се случува во последно време... Имам ли право да си побарам да видам пакување дозирање и слично... ? Исто дали треба да направиме ЦРП и КС пред да примиме вакцина...? Многу ми е хаос некако, стари сме една недела и што да очекувам од прва посета во советувалиште? Што прават таму?
Нема реакција...јас не правев КС пред БСЖ, ќе ви отворет картон и ќе ја измерат лепотицата, преглед од страна на педијатар па ќе ви кажит дал да боцкаш.
Нема реакции од таа. Малата моја на антибиотик беше, па ја прими на 10ти ден. Кс и правеа, ама за да видат дали е црп симнато (поради инфекција беше покачено). Инаку уште во болница им ја ставаат, вас зашто ви ја одложиле?
Имаш и на нет, бугарска е. Не треба да има нус ама знае да има. Можно е и да не успее од прво боцкање иако тоа е реткост.
@mariz и мојов ја прими покасно, на една недела, малку деца беа во Плодност ко се роди (само 3), а ја отвараат и се користи за повеќе деца.