Може и затоа да примила и она покасно, ама како да мо текнува дека рекоа поради антибиотикот. Дома беше на антибиотик уште некој ден па јас мислев поради тоа да не ги одложија, дека и двете ги прими покасно...
Супер сме сега немаме температура... Не бевме кај педијатар си пиевме сирупче, стававме чепче и помина сега е ок.
После вакцините во болница, денес дури ја примивме шестовалентната. Малку сум исплашена што и како да очекувам? Земав лепенки за тт и далерон за секој случај. Можеме ли да се бањаме? Надвор излегување? Колку време е „критично"?
Јас не го бањав дента, иако ми рекоа не е проблем. Надвор апсолутно излезете, искористете што е одлично времево. Реакција таа вакцина ако воопшто има (кај нас немаше), ќе покаже уште дента.
Исто и ние во болница примавме антибиотик, затоа беше одложена Сега во Четврток ќе имаме 11 дена.... КС и ЦРП беа во ред.... ти благодарам мила за одговорот Ти благодарам Лили @LiliBoz баш се мислам дали да ги земаме вакцините од Грција или Бугарија... Овие нашиве некако не ми се сигурни од две зла да го одбереме подоброто.....
А таму кој ти гарантира? Исто ти е. Мене пошубе ќе ми беше да вакцинирав Солун,Врање итн... како што одат некои. Па и да го м'кнам натаму наваму по патиштата вакцинирано.
Мене ми рече доктор на клиника да си земам од Грција вакцина и дека ќе ја вакцинира и печат ќе удри, ама сепак ми беше шубе да носам вакцина преку граница и се одлучив да ја вакцинираме тука.
А нели и посебен начин на пренесување треба, или грешка сум? Во фрижидерче или нешто слично, не знам како...некако шубе би ми било и мене, дотолку повеќе што сега се исти вакцините и таму и тука
Јас сум купувала и носела. Не за моето дете. Ги даваат соодветно спакувани за транспорт, со торбичка и боц/влошка а за одржување на Т.
БСЖ не дава никаква реакција. Ич без гајле за тоа. Реакцијата е отпосле на рачето како мозолче и тоа е лузната што на крај сите ја носиме цел живот на раката. Ама тоа го следи педијатар и не е ништо страшно. Без гајле носи ја на вакцина. Секако прво педијатарот ја прегледува па решава дали ќе вакцинира или не. Инаку сега сите вакцини и кај нас се исти со тие од Грција. Зборувам за петовалентните и шестовалентните, оваа за БСЖ конкретно не знам ни дали ја има во Бугарија и Грција.
Ти благодарам мила за одговорот БСЖ е само кај нас задолжително зашто сме во групата на држави кои омсат висок ризик за развој на Туберкулоза .... За нив најмногу се плашам... За МРП здравје би форсирала подоцно вакцинирање или стекнување имунитет по природен пат.... Здравје имаме време.... Ама овие 5валентни и 6 валентни, коса ми се крева..... многу малечко е за таков коктел од антигени...
Знам дека е БСЖ само кај нас задолжителна. Сеуште кај нас има многу случаи на туберкулоза. Јас морав покрај потврда за вакцина во Велика Британија да одам да им ја покажам лузната за да бидат сигурни дека сум вакцинирани или ќе ми ставеа вакцина пак на мои 25 години. Инаку стварно не те разбирам. Страв ти е да ставиш вакцина за да го заштитиш детето од болести од кои се умира, а не ти е страв да ги прележи сите тие болести (од кои може и да се умре или да има цел живот тешки последици пример дифтерија, морбили и слично). Плус кога се примаа вакцините детето прво е прегледано се прави крвна слика па се вакцинира. На пример ние почнавме со вакцини на 4 месеци зашто педијатарот процени дека железото на малото му е ниско па рече ќе одложиме малку да се стабилизира па ќе вакцинираме. И првата вакцина ја прими на 4 месеци. За се има решение. Поливалетните вакцини имаат повеќе мртви вируси и помалку конзерванси зашто се монодози (не пример тимеросал мора да го има во вакцини кои се отвораат и се користат за повеќе деца како конзерванс, ама ако е монодоза нема потреба од него). Подобро тие отколку повеќе единечни вакцини со повеќе пропратни состојки и повеќе боцкања. [COLOR=rgba(0, 0, 0, 0.87)] Јас знам порано имаше совети да се купуваат вакцини од Грција зашто тие кај нас не чинеа, односно беа од ИНдија, Бугарија и каде ли уште не. Пакувани беа во пове`е дози кои се делеа на повеќе деца и слично. Нашата педијатарка внукот си го вакцинирала со вакцини од Грција заради тие причини. Сега и внукот и внуката ги вакцинира со вакцините што ги има во Македонија (поливалентни монодози од добри производители). Знам и дека на некои лекари им останал добар бизнис вакцини од странство зашто „малку ќе ги платиш“ за тоа печатот [/COLOR]
Само ММР е монодоза, другите сите се пакувани во повеќе дози за повеќе деца. Знам, затоа што кога малово ги примаше поливалентните (пента и хекса), полнеа со шприц одредена милилитража од вакцината во шишенце. Исто и големиов кога требаше да прима ревакцина не прими поради црвено грло, ми рекоа да се јавам да ми кажат кога да го однесам, т.е кога ќе отвараат вакцина, затоа што не им се исплати за едно дете да отворат вакцина со 8-12 дози.
Тогаш ај, ама причиниве на денешниве лекари не ги сфаќам. Да сакаш сам да зимаш од странство, поради сопствени причини и убедувања.. ок. Ама он да ти препорачува ми е чудно. Смеат ли доктори ок државното здравство вакви изјави и препораки да даваат, уствари општо, било кој доктор?
@JoyJoy страв ми е затоа што во последно време некако многу рогови покажаа надлежните.... Јас и брат ми а и сите од нашата генерација сме 100% вакцинирани, знам дека со вакцина се ублажуваат последиците од болестите за кои си вакциниран... Сепак ќе вакцинираме.... Подобро да се спречи отколку да има некои компликации од болестите во иднина....