Зошто до 8 часот? Мојот ноќта креваше во 12, 1, а примена вакцината сабајлето. Не мора да значи и дека ќе има реакција, ама следи денес, утре.
@NarCis@ аа може да, не разбрав. Ама и тоа не мора да е вистина, кај нас не беше таков случај. Сепак повеќе деца без реакција поминуваат од што имам читано искуства.
Здраво на сите. Сакам да ве прашам после колку време од примање на антибиотик (амоксиклав) може да се вакцинира дете? И дали инхалирање со пулмикорт и вентолин пречи за вакцина и исто треба да помине определено време од нив? Доколку некој знае ве молам за мислење. Поздрав
Мене ми препорачаа околу 3 недели после инхалациите. Ама најдобро да се консултираш со докторот во диспанзер. Објасни ја претходната здравствена состојба и каква терапија примало детето, гледај ништо не изоставувај. Инаку пулмикорт и вентолин никако не одат истовремено со вакцина. Мислам дека мора барем една недела растојание да има.
Кај некој за три дена поминува тт после ММР, варира тт деновите. Кај моето качи на два пати во различен ден и одма спушти само од себе. Јас лично практикував и двата пати : го изнесов надвор на воздух да се растеча, после го бањав со помлака вода ( без глава миење ), јадеше и го успивав. Со консултација на педијатарката го практикував секако. Со лесно да поминете и верувам ќе помине брзо и со лесно.
Мојот после Амоксиклав го вакцинирав по 2 недели, но претходно проверив крвна слика дали е во ред па отидов. Е сега најубаво е да се консултираш со матичната, зашто мојата ми рече најмалку 10тина дена после тоа и така направив. Денес му е 13 ти ден од ммр и сега за сега нема тт. И да, прашај ја матичната дали смее со Вентолин и пулми да се боцка. Тоа мислам дека значи дека не е здраво детето чим прима инхалации. Бар така мислам. Со лесно мајка.
За антибиотик различно кажуваат педијатрите: од 10 дена до еден месец. Така да најдобро е да го прашаш педијатарот, можеби е индивидуално во зависност од антибиотикот и претходната и моменталната здравствена состојба на детето. За другото не знам.
3 дена, ако трае повеќе од 3 треба да ја носиш на лекар да провериш да не е нешто друго. Кај нас 3 дена до 39, после ко со нож пресечено престана.
Кај нас 11 ден, нема до сега тт (да не го заречам) ама денес страшно хиперактивен, за се плачи и се расправа, на крај и главата ја чукна. А си јади нормално. Не знам дали и на однесувањето влијае, не дека е мирен инаку, ама денес посебно беше.
Мојот имаше такви 9-10 дена. Хард кор тантруми. За се живо драње и викање, плачеше ко да ќе го колат, инает, хипер скроз , ама помина и тоа. Инаку знам повеќе случаи кај што децата од ммр биле нервозни неколку дена и без апетит.