Ние денес ја примивме мрп,конечно,сега 21 ден во страв и неизвесност ќе ми минат,ама само раат да сме
има ли уште некој (освен @kukla21 ) кој вакцинирал сега со ммр, без претходно примена ниту една вакцина? И на која возраст се малите? Глава ме боли веќе од темава, ни ваму, ни таму сум
Супер за сите. Кај нас 13 ден, уште се немам опуштено. Носот затнат, бактерија нема направивме брис, од тоа се плашев ако има да не се искомплцира нешто. Изгледа алергиски, ќе видиме. Уште неколку дена, се надевам се ќе е во ред. Се мислам дали и кога да ја ставиме ревакцината на петвалентната.
@mal.ecka нас за 2 месеци ни рече, се мислев во мај дали да одиме, ама планирам да го запишам во едукативен центар пак. Ќе видиме, само се да е во ред сега. Ќе одите вие тогаш?
До сега сите вакцини со ред и се примени. Не сум доволно информирана за ревакцинава,првин да се начитам па ќе ја носам.
Сите ревакцини ти се исти (пента или хекса) до 18 месеци. Една вакцина е само различна и таа е ММР. Се друго ти е исто.
@sofi2107 мислам дека со тебе го правевме мубетот за поледиците после многу висока тт од вакцина. Прости доколку по грешка те тагнувам. Тогаш спомена дека матичната ти рекла дека до непожелни трајнипоследици може да дојде при многу висока тт од вакцина. Генетичар ми го потврди истото. Секако, рече дека се ретки случеви, но навистина високата тт делувала како активатор на некои несакани дејства. Само сакав да потврдам дека матичната правилно те информирала, оти тогаш ја сподели информацијата и реков дека ќе прашам кога ќе имам прилика.
Денес цел месец од вакцината, супер поминавме може да се здивне. На 8,9ти ден дигна некоја шашава тт и мислев е вакцината, ама по неколку дена од тоа и најдов избиени горни 4ки, па си викам може и од нив да била тт. Апетит си имаше (може да забушаваше некој ден, ама скроз да не јаде не се случи), првиот ден беше многу поспана, цел ден го отспа, потече од спиење. Друго нешто невообичаено не приметив.
Да мила со мене го правеше муабетот. Памтам дека спомна и ти дека ќе препрашаш. Знам дека имав и читано за тоа со висока тт. Не само од вакцина туку и без вакцина висока тт може да активира некој скриени жаришта ( аномалија или болест ). Само се многууу ретки случаеви. Ова мислам беше за тт повисока од 41 ако не се лажам. Недај Боже само да дојде до тоа. Сепак мислам дека се ретки случаеви во денешницава зашто има поголем асортиман на препарати за да се делува одма, а и матичниве одма пристапуваат, ние мајките сме веќе информирани па и со додатни алтернативи помагаме да не качат висока тт. Еве малиов кога ми качи блага тт после ММР ( после 18тиит ден ) вечерта се исплашив највеќе само да не дојде до качување на многу висока тт. Среќа по совет од матичната како и што да пробам на природен начин одма за брзо ја спушти и веќе не качи.
И ние 13 ден од вакцина. Кашлицата полека ја средуваме. До сега поминавме без температура се надевам така ќе остане. Инаку мене во јс ми запишаа после 20 април (45 дена после оваа) ама како најран терми кога смее да прима. Кога ќе одлучиме да го однесеме е на нас. И јас сакам во градинка од Мај па затоа сакав барем уште една од поливалентниве да ја прими пред да оди, ама па не сакам да брзам. Нека помине оваа па во од ќе одлучуваме за понатаму.