Јас го чекав две недели оти опаѓа имунитетот од мрп и после го пуштив. Инаку ако сакаш можеш и веднаш, ама не препорачуваат обично педијатрите баш ради што е детето подложно на вируси. Инаку на нас баш на 22ри април ни закажаа петвалентна ревакцина после 42 дена.
Девојки а сте чуле ли за таа вакцина од стрептокока мислам беше, не е задолжителна, ама имам баш случај на моја познаничка каде малиот и фати мислам на црева , па окапа по болници и она ми посочи да ја ставам зашто може да е мн зезната , а се става до некоја одредена возраст, само не запамтив ни тоа до кога? Има некоја инфо?
Мислам дека до две или до три години е, и ако не сум грешка, збориме за истата што @referentka ја стави на ќеркичката. Може таа подетално да објасни.
@LadyC За дете кое планираш во градинка да го носиш, најдобро е да се стави вакцината. Мислам дека не е во кратонот за имунизација сеуште, ама ќе биде наскоро. Може да се стави во билокоја возраст, но во зависност од возраста и тежината на детето ја ставаат одеднаш или ја делат на неколку пати (не го знам алгоритмот, мора да се консултираш со сестра во вакцинално). Девојкава имаше 9 месеци, и и ја поделија вакцината на два дела. Услов е детето да е кристал-чисто со здравјето. Венера (Бог да ја прости) од Букурешт ми објасни дека детето понатака може да е носител на стрептокока, ама да нема никакви манифестации. Затоа е препорачлива оваа вакцина.
Мислам дека не е било кога, до 2г возраст се става, така и кажаа на јатрва ми пошто нејзиното има 3 веќе не може да го боцне.
Родителите ќе може своите деца да ги имунизираат со вакцина против стрептокока. Министерството за здравство набавило 3.000 вакцини против оваа опасна бактерија поради која годишно во земјава над 2.000 деца добиваат бактериска пневмонија. Вакцинацијата ќе биде незадолжителна, односно по избор на родителот и ќе биде бесплатна. Наменета е за деца од 6 недели до 5 години затоа што најчесто тие страдаат од стрептокока. Не е точно. Внук ми има скоро 5, и сега ја прими
Епа да и кажам, можеби се други вакцини сега, женава лани праша само што наполни 2г, баш се разочара. Мене не ме интересира, ама неа ќе и се најде инфово. Тенкју!
Не сум знаела за вакцинава за стрептокока, баш корисно. Јас би и ја ставила на малата пред градинка дефинитивно, сега прочепкав на нет да видам што и како. Имам примери, две дечиња од блиско окружување, братче и сестриче, кои мака мачат со бактеријава откако се родени. Нормално еден од друг ја закачуваат и на секои 10 дена се со темп. Знае да биде зафркната стрептококата, а знае и да не дава никакви симптоми. Баш ќе и кажам на мајката за вакцинава.
Мора прво да ја искоренат бактеријата, што значи да ја излечат со антибиотици соодветни , па да ја стават. Ама раат е. Лесно се фаќа, тешко се искоренува.
Да да, тоа јасно дека мора да се чисти за да ја примат, ама мислам конечно ќе здивнат. Се намачија. Јас планирам мојава да ја боцнам мај/јуни некаде, па септември ја имаме последната на 18 месеци што е, и после сме раат до школо Фала на инфо
Јас за рота сакам да ја вакцинирам, ама после 45 дена рекоа после примена ММР. Ротата е многу лоша, другарка ми работи на детско, вика жални се од рота децата кога идат, ги плачам и после 15 годиниработиа таму.
Јас сум ви паталец од висока тт. Иако сум имала 4 години, значи не сум примала во ниедно скоро време никаква вакцина, цело детство имав проблем со третиот крајник додека не ме оперираа на 5-6 години. Како и да е. постојано сум кревала тт, но во овој случај, 41 степен и никако не паѓала. И пункција ми правеле, и свашта испитувале; ништо конкретно не е најдено. Но за кратко време мајка ми приметила дека едното око "ми забегува" и лонг стори шорт, страбизам. Финтата е што многу деца се раѓаат со страбизам, не е баш секојдневна појава на 5 годишно дете. Немам 100% никаде потврдено за причината, но сите биле согласни дека е поради високата тт, дури и мислеле дека сум имала среќа, малку фалело за мозочни конвулзии. Како и да е, долги години носење диоптер; на двете очи - левото око 100% се опорави, десното... па со него гледам 50-60%. Иако воопшто не "шета" односно сосема нормално изгледа, видот е непоправливо оштетен. Не сум се потрудила баш баш да проучам, навикната сум вака и не ми пречи, но интересно е што и сега, толку возрасна, јас не знам што е благо покачена тт. Или немам, или е 39+. Затоа страв во коски имам од тт, и не оставам "телото само да си се избори" оти очигледно моево покрај тоа што се бори против инфекцијата, се бори и против само себе. Од мое искуство, тт е многу сериозна работа, ако дете има 39, а возрасен 40, нема простор за мислење, јас би трчала на Ургентен.
Во мое време (знам како некоја старка дека звучам) дијазепам на деца не давале. Ако не сум разбрала погрешно, сега се даваат чепчиња или 2мг орално?
Пред недела две имаше предавање на кое кажаа дека најверојатно ќе се воведе Рота и Менингокок во редовниот календар на имунизација.
Davaat nekoi na sekoja temperatura, јас не давам. Брат ми имаше грчеви, пиеше со години лекови за нив, но имаше преглед од специјалист. Ствараат зависност. Не сум убедена декатреба по сеекоја цена да се даваат дијазепами, како чепчиња. Јас од 2 мл можам 24 саати да спијам