Па нели е забранет? И тоа подолг период. Јас така знам. @CameliaMiller многу веројатно дека ништо не ти давале. Фенобарбитонот некаде до почетокот на 90тите се даваше, после го забранија. А мислам дека почнаа со дијазепам нешто подоцна. Инаку јас не давам, не сум давала на децава, фала Богу немало ни потреба. Се надевам дека така и ќе остане.
Од која тт ја рачунаат за висока за да даваат дијазепам или финобарбитон? Прв пат слушам. Се надевам на своја рака не дава некој.
Работам во аптека и неколку пати до сега родители доаѓаат со рецепт од матичен за фенобарбитал за деца кои имаат висока тт. А и на две колешки матичните на децата им кажале дека може да даваат ако има потреба. Фенобарбитал не може да се издава без рп. Тоа е наркотика и се заведува во посебна книга која ја чешла полицијата и во која се пишуваат податоците на оние кои купуваат
Над 40, ако не се симнува со вообичаени методи и препарати. Инаку дијазепам или фенобарбитон се давало ако се јават фебрилни конвулзии, што не значи дека мора да биде тт над 40, туку може да се јават и при нагло симнување на тт. Пошто бруфенот и аналгинот знаат нагло да симнат тт за неколку минути, и притоа да се јават конвулзии. Не верувам дека некој дава на своја рака, само по препорака од лекар, а оние кои имале искуство со фебрилни конвулзии, даваат при покачена тт, небитно колкава е.
Јас сум родена 91ва, настанов е некаде 94та - 96та, не знам ни јас точно. Ама бидејќи се сеќавам на доста работи, не сум била помала од 4.
Како што те сфатив значи за овие фебрилни конвулзии се дава, не за тт? Делува против грчевите а не симнува тт? Немам искуство, се зачудив дијазепам да симнува тт.
Какви се тие грчеви? Кога се стресува детето или? Ако можеш да ми опишеш, за не дај боже да препознаам.
Како епилептични напади можат да личат. Не сум запознала лично многу личности оштетени сериозно од тт, ама постојат. Познавам лично само едно дете (не е веќе дете до душа), но 9-10 месечна возраст имал конвулзии од висока тт, и претпоставуваат дека поради тоа е со заостанат развој. Пак ќе кажам, ова се настани од 80ти и рани 90ти, не како денес каде што реално имаме многу подобра дијагностика.
Кај мене Матео почна да го грчи цело тело, главата ја замавнуваше нанадвор, очите ги превртуваше и се тресеше цел. Дијазепам чепче се става веднаш при грчеви, не на секоја температура. Сега пак даваат фенобарбитон, оти сега па нема дијазепам чепчиња. Мене Матео ми направи така на 2 пати од нагло симнување тт од бруфен, првиот пат од Блокмакс, вториот од Неофен.
Јас затоа и Блокмакс не давам често, освен кога не симнува од Далерон никако, а има над 39 до 5. Знам дека треба после грчеви испитувања, кај братми така најдоа некој проблем, па до 3 години секој ден пиеше фенобарбитон. После ги прекинаа полека, оти ствараат зависност. А дијазепам не симнува темп, само опушта мускулатура.
До 5год може да се прими. Диазепам има во Грција. Јас чувам дома за секој случај. На своја рака не нормално. Ама се дава при конвулзии.