Нормално, а и секој родител е алармиран и на опрез кога детето му има температура, па и најмали промени се приметуваат. Посебно внимание се обрнува на деца кои качуваат 39+, во суштина до 39 е безбедна температурата. Над тоа затоа реков Ургентен, ни јас ни за себе не би ризикувала со лекарства, не па за мало дете или бебе. Колку е помало толку и покачената тт е поопасна, но и за нас возразните над 40 е опасна и бара лекарско внимание и да, опуштање на мускулатурата. Во секој случај, ако веќе еднаш детето има конвулзии, мора да се доиспитува и да се внимава многу. Не секогаш оставаат последици, јас ете имам, но не е правило.
@Cka летоска од памет се извадив кога на бебево на другаркава НИКАКО не му паѓаше тт, изгоре сирото, ни парацетамол, ни Бруфен симнуваше. Ни млака вода за туширање, ни ништо. Не качуваше екстремно, ама под 39 не паѓаше. Мене најстрав ми беше од дехидрација тука, оти почна да одбива и да цица, настрана што ни чај ни вода нејќеше. Го однесовме на УГЦ во Грција, кај што му дадоа "нешто" (кое никаде не го напишаа, не ни го активираа осигурањето) и не' препратија на дежурен педијатар, додека довозиме 100км до педијатарот, бебево симна тт, и не ни качи над 37.5 веќе. Не знам што му дадоа, сируп беше, жолт.
Можеби, ама мислам дека е одамна забранет, барем на светско ниво. Но не ме чуди, имајќи предвид дека аналгинот е исто забранет, кај нас како бонбончиња го голтаме. Инаку, некои доктори даваат превентивно кај деца кои имаат семејна историја со фебрилни конвулзии, или веќе имале таква епизода. @danichap, не дај Боже да видиме такво нешто, и јака им душа на оние мајки кои се соочиле со тоа. Личат на епи напади и битно е детето да се сврти на страна да не го голтне јазикот, инаку поминуваат. Ниедна тт не е безбедна, оти конвулзии може да се јават и при 37.5 на пример, ама тоа обично ако се спуштила нагло од 39 на пример. Јас затоа не давам антипиретици до 38.5, а само над 39 давам бруфен.
Понстан веројатно.Mefenamic acid по генерика, антиинфламаторен аналгетик, обично за болки се дава, ама изгледа и е ефикасен антипиретик.
Не знам Анат, поима немам, ама така омлитаве пустото, не ни плачеше веќе, како да се предаде. Бебе што го боли не дреме. Поголем страв немам доживеано, веќе не знаев ни јас што да правиме, да не зборам мајка му колку беше исплашена. Јас и онака од тт имам уплав, ама ова беше очајно. Бебево се оправи од една доза од тоа што му го дадоа. Испадна дека има вирус и уште 3 дена беше болно, ама не качи пак така тт.
А најчудно беше што бебево прв пат тогаш крена тт. Ни од вакцина ни од ништо претходно. После вакцина како ништо да не било беше. А ете, од стомачен вирус што се случи.
Фенобарбитон се дава кај нас како терапија при конвулзии. Ама само од специјалист мислам препорачано. На мајка ми некое пациентче и добило грчеви при зимање крв и следно идење мајката рекла дека им дале рецепта за фенобарбитон, изгледа не е обична, пошто кога имаат потреба зимаат само фенобарбитон.
Диазепам чепчиња нема веќе во Мк,за фенобарбитонот мислам дека не го даваа веќе. Чепчињата не се користат за спуштање на тт, и тука мајките кои го даваат на своја рака прават голема греша, затоа што служат за да ги опуштат мускулите и до некаде да го заштита мозочето да нема последици. Според истражувања, машките деца до 4 или 6 год се поосетливи, имаат ,,понежен,, нервен систем, па кај нив повеќе се јавуваат. Ако е при висока тт, тогаш се конвулзии и се реагира само со чепче и тоа се става зависно од возраста на детето( во мојот случај 5мг) и во скоро сите случаеви не дошло до посериозни последици. Ако се случи и кога детето нема висока тт, тогаш мора да се направат и сополнителни испитувања како еег на мозоче и сл. Последните чепчиња во мк се со рок до април 2019, замена за нив до сега нема, јас ги набавив од Ниш. Вакво објаснување добив од двајца доктори во Систина и Плодност Битола. За жал, моето дете два пати имаше конвулзии, вториот пат далеку полесно, реагирав навреме со чепче, али глетката е страшна и на никој не му посакувам да доживее. Совет мој до сите мајки,никако чепче при висок тт, зашто не знаете и не сакате да видите како дете реагира и после дадената МОРАЛНА доза на диазепам, без паники и страв, да се слушаат совети од лекар, да не дава антипиретик предвреме, да се ставаат облоги, и пред се, масажи по цело тело, само тоа е лек за да не дојде до згрчување на мускулите. Се извинувам на долгиот пост.
Ако ме прашуваш, доколку дојде до конвулзии, тогаш решението е диазепам чепче. Тоа е, страшна е глетката, ама не и опасна. Првиот пат се случи н 2ипол, вториот на 3 год. Ваквите случаеви веќе не се третираат со истории во болница. Може да се случи и три пати. Истражувањата покажувале дека недоволно созреаните центри во мозокот за регулирање на тт, најчесто се причинители за ова. Така ни беше објасенто.
А пошто нема дијазепам чепче... знам дека не се секогаш опасни. Ама од свое искуство не би оставила на случајност.
Ќе си набавиш од надвор, конкретно јас најдов во Ниш, исти како нашите овде од 5мг. Слушнав и дека има и во Грција, ама не знам дали и составот е ист.
Сакав да прашам, кое е решението на нашиве тукашни педијатри. Не работам со педијатри и немам баш контакт со истите за да би знаела нивно мислење и решение, нивна препорака. Прилично е нереално да ти предложат да одиш во соседна држава за да си купиш дијазепам чепчиња.
@CameliaMiller Во повеќе детски амбуланти немале веќе диазепам чепчиња(или лажеа мислејќи дека бараме). Ова го знам од летоска кога веќе почнаа да ги повлекуваат од продажба, зашто имаше многу аптеки што продаваат чепчиња со изминат рок( одат и на парче). За по болниците, сигурна сум дека имаа( на свој човек дале за секој случај, он ми кажа) и дека сега имаат алтернатива, мора нели да имаат. Нашата матична ни кажа да си набавиме од каде што сме разбрале дека има,и нели да се носи секаде со себе. Така и правиме. Не дај Боже да се случи, ќе мораш да бараш, кога веќе знаеш кој е лекот. Инаку, мм беше до Ниш специјално за нив, мора да имаш рецепт за да ти ги дадат.
Тие што ги имаше кај нас ги произведуваше Јака Радовиш, ама отиде во стечај, затоа ги снема. https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/55189 Има некоја гласина дека ќе се реактивира и повторно ќе почнат со производство, ама ништо не е сигурно. Во Грција може да се најде Деситин Ректален Диазепам https://www.galinos.gr/web/drugs/main/packages/18126
Идеме да прими детево ммр. Прв ден има некакви реакции да очекувам и дали лепевте антипиреа лепенка на боцнатото? Ептен се плашам
Првиот ден нема реакции, а лепенка секако не ти треба. Температура околу 7ми ден најрано се јавува (а и не мора)
Матичните може да препишуваат фенобарбитон. Не ти треба специјалист. Нема логика дете со висока т.т да бара специјалист за да му препише фенобарбитон.
ние примивме пред некој ден.ми рекоа лепенка, ацидиборици ништо од тоа.реакција од 7ми ден натака ако се појавува. со лесно