Јас кога вакцинирав ми рекоа дека уште таа недела ќе има втора смена и дека од понеделник почнуваат по старо до 13/14. @M&M јави се ќе ти кажат на телефон.
Маж ми беше да праша нешто во 7.30, ама вели не биле почнати со работа, внатре немало пациенти, а надвор веќе чекале. Најубаво да прашаш телефонски, би требало уште да работат. Или ако можеш помино сега, прашај.
Денес правиме 2мес. Утре сакам да го носам уште рано сабајлечки на редовен преглед кај матичната ( додека нема никој, превентивно од вируси ) па на боцкање прв пат шестовалентна, за да ги фатиме со ред, а во календарчево така стои. Дали да причекам уште малку со оглед на тоа дека е период на вируси? И што се очекува по примањето на вакцинава, ако качат температура вака мали што превземате? Ви благодарам и се извинувам на можеби баналните прашања, ама со прво детуле се ми е страно и збунувачко
ММР вакцината дефинитивно го намалува имунитетот. Веројатно зависи и од детето, малово глава не крена од разболување откако го вакциниравме. Секоја втора недела е болен. А пред вакцината одеше во градинка во континуитет од три месеци, ниеднаш не отсуствуваше. Сега одвај една недела ќе пооди, после се разболува. Билдам имунитет и со суплементи и со исхрана. Ама како да нема ефект. Чувајте ги дома ако треба и месец-два после вакцината.
Бебо мој треба да ја прими 5валентната прв пат, таа на 3ипол месеци, па да ми кажете дали и какви реакции може да има?
епа ваљда сега, зашто на почетокот примале и ги казниле. Не знам, можда се муабети...само кажав шо мислам (као газдарицата исто не си ги вакцинирала децата, па сега и она дома ги чувала.) пак ќе кажам можда се само муабети.
И мојата после неколку недели од ммр многу се разболе и сега ми е страв пак да ја пратам во градинка.