Јас не ставам чепче оти може да го искака Само преку уста, а ако повратии први 15 минути пак се дава, ако поврати после 15 не се дава.
Не знам Чка, никогаш не сум и ставила чепче на мојата досега во овие 14 месеци, пренесов што ми кажа д-рката на вакцина во Идадија. Мојава досега секогаш симнувала со сируп (болна кога била, не зборам за од вакцини тт, немала никогаш толку висока од вакцина за да морам да дадам нешто).
Дали има некоја мајка што го вакцинирала бебето со првата шестовалентна вакцина, а притоа бебе да има жолтица, која е скоро помината? Исто ме интересира ако леукоцитите се 12 дали вакцинирате?
Синчето имаше жолтица до 3 месеци и подоцна ни кажаа дека треба да ја прими првата, на 5 месеци ја ставивме. Со 12 леукоцити ја прими Ммр, за деца и бебиња особено е повисока границата, до 17. Секако ако другите вредности се во ред во крвта и мирно Црп.
А зошто се пушта подоцна, Ви објаснаа ли? Педијатарот рекол не се пушта само ако се високи билирубините, иначе немало проблем. На девојчето и е скоро помината жолтицата, но мајка сака искуство. Сите различно кажуваат Ти благодарам на одговорот.
Сега следна после мрп ни е дтп, таа на 18 месеци. Од првите немаше реакција никаква, ама од мрп имаше, па се мислам да не биде и оваа така со температура. Ја ставил некој скоро, како поминавте? Барем нема да мора да се чека реакција за седум дена ко за мрп.
@flower30 ќе ја тагнам . Малата нејзина минатата недела ја примаше. Реакција најдоцна по 3 дена дава. Најчесто од ДТП се јавува оток и болка на местото, трпненење на рачето или ноџето каде е боцкано.
Се надевам поминати се барем 2 месеци од ммр. Ревакцината на ди те пер хиб полио обично дава поголема реакција и до 72 часа од примањето. Истото што ти напиша Дафи, само спреми си уште од одма да ѝ ставиш лепенка или облога со ациди борици. Можеш уште одма по боцкањето. Најверојатно ќе биде кенкава и потешко ќе ја движи раката. Со лесно.
Ние минатата недела ја ставивме. Никаква реакција, освен рачето што ја болеше малку. Јас ставав ациди борици оти лепенки никаде не успеав да најдам.
Ние малата ја вакциниравме со 3та доза Ди те пер, дека многу касневме со вакцините. Дека имаше епидемија прво и ставиха Ммр(18.02 ја прими) па после 2 месеци(неполни, на 02.04) ја прими 3тата доза ДТП. Кај неа немаше никаква реакција. Ама веднаш по вакцината и ставив Антипиреа лепенки (а др. Рече или тоа или облоги ациди борици) . Само првиот ден се жалеше на болка во рачето, без тт. Докторката рече 72часа од вакцина да внимаваме на тт. А спомна дека ако даде реакција со тт ќе даде првите 6 часа. Инаку малата е 3год. Колку што паметам врснички се со на @RainBow Со лесно
И ние сега ќе одиме да ставиме дтп. Многу сум исплашена. Ќе купам или лепенки или ациди што најдам...
Земав да го облачам да го водам но еве какви му де нозете па го соблеков ми е страв ваков да го водам. Бев на доктор ја прашав вика кожата му се исушила а мене не ми личи на сува кожа. 2 недели имаше мачкав крема една му потпомина сега пак излезе Што би можело да е?
Таман решив во среда да вакцинирам, ама испадна уште еден позитивен тест на бременост Сега ми интересира дали после вакцина и внесени вируси може да е заразна малата? Не знам може глупости прашувам, ама да си прашам...
Malata moze nema da e no podobro e za sebe da vnimavas vo ekov na sipanicive vo slucaj da nemas prelezano. Prenesuvam iskustvo ustre pred da izlezam od bolnica napravile test padnat imuniteta i trebalo povtorno da primam mmr pred eventualna bremenost vo sprotivno bi imalo posledici na plodot. Congrats
Витамина што направивте? Мене ми личи на алергиски осип. Не е заразна. Таман работа да беше, замисли како ќе се ширеше вирусот. Со лесно!