Prati vnimatelno, no bi ti rekla da nedavas nisto do 38,5. Kaj moevo dete tt se pokaci posle sekoja dtp osven kaj revakcinacijata na 18 meseci. Na tretata dtp kaci do 38,6. Kaj nekoj deca nema tt voopsto
И мојот вчера ја прими истата вакцина, имаше 37,5 не му дадов ништо сам ја спушти, денеска нема температура
Sto vi kazaa vo vakcinalno posle mrp, dali da se banja slobodno ili ne? Ako ne, kolku vreme da ne se tusira?
Дали има вакцина на 6 м и ако има за што е таа? Дали сега поради пандемијата ММР е преместена на 6 м?
Има, 6 валентната е редовна. ММР не е преместена на 6, туку рекоа може да се вакцинира од 6 па натаму, ја спуштија границата за да можат и помалите бебиња да се вакцинираат.
Мене ми рекоа во диспанзер, сега место таа третата(6валентна)ќе ми ја боцнат ММР, ама со наполнети 9.
Вчера ги боцнаа бебите 10+ со ММР. Требаше 6то вал. ама со консултација на стручни лица решивме ММР. Се надевам овие 2 нед ќе поминат во најдобар ред.
Ние на 1ви ја примивме. На 9 и 10ти имаше блага тт до 37.5 и беше блесав малку, а од 9-14ти (6 дена) ме зезаше со јадењето, јадеше помалку, за време на јадење правеше гадливи фаци и со нагони, го ранев по 45 минути, повраќаше скоро секој ден еден оброк или ужинка. Мислев од заби да не е ама нема запче од ММРто било изгледа. Со лесно на бебите @Bibi30
Драги женски, јас имам една недоумица. Малата ми е 9 месеци ( денеска наполни), во вторник треба да одиме на систематски, а сакам и да ја вакцинирам за МРП, е сега слушам разни мислења, некои ме поддржуваат ,некои не..а сакам да си ја вакцинирам, оти на 7-ми Мај ќе одиме странство. Ваше мислење ? Фала Ви многу
Може да се дава од 6 месеци па нагоре, значи слободно. Само сметај дека од 7 до 14 ден после вакцината може да ти јави симптоми. Температура, омалаксалост, губиток на апетит... Да не ти се поклопи со одењето во странство, па по пат да ги пројави.
Мајки, треба да примаме утре прва доза на дтп. Малата е 2 месеци и 21 ден и имаше јака жолтица (висок билирубин). Уште пред месец дена се исчисти меѓутоа не сме го провериле билирубинот како е. Е сега читам наназад некои мислења и малку сум збунета. Дали пред да и ја стават вакцината ќе и испитаат билирубин и крвна слика? Какви се вашите искуства? И какви реакции да очекувам од вакцината? Малку ми е страв. Исто, планираме да одиме во викендица близу Гостивар за празнициве, ама ако има реакции да ја одложам вакцинава за после празнициве или? Ве молам за совет
Во диспанзер не проверуваат кс, само обичен преглед му прават на бебето. Ако сакаш да испиташ кс и билирубин, треба во некоја лабораторија да го направиш тоа. Од вакцината може да има блага температура, оток или црвенило околу убодот, реакција се појавува во првите три дена.
Дали ги вакцинирате децата додека вадат заби? По совет од педијатар ја чекавме последната тројка за да прими вакцина. Но со последната тројка излезе и петката , уште една петка е подуена .. каква е поврзаноста со забите ? Незнам дали да чекам уште или да го носам
Да. ММР ставивме додека вади двојки и тројки. Тек една двојка има и другата никако да пробие. К.с беше во ред. Се беше мирно. Малку ми се чудни советите на педијатрите. Само кај нас може да се слушне ова.