Сите различно кажуваат,да не знае човек што да правиво мојот град има повеќе педијатри кај што одиме за вакцина ама од тој што сум најзадоволна не беше тогаш на работа па морав кај друг..
Вчера бев да прашам за да го вакцинираат малиот од ммр докторката што е ма вакцини ми вика нема шанси толку мало почекај уште малку а има 8 месеци . Вамо читам дека и на 6 ги вакцинирале и сега што да правам? Бог да чува во оваа држава наша
Вчера малата ја прими третата дтп вакцина и е 8 месеци и за ммр ми рече ако не дај боже дојде епидемија и во нашиот град да вакцинирам најрано на 9 месеци ако не на годинка под 9 не вакцинираат. Ја прашав и за мене за вакцинација бидејќи работам во школо дали треба да се вакцинирам ми кажаа штом сум била редовно вакцинирана нема потреба.
Мајки сакав да ја носам малата за ММР и случајно видов во здравствената запишана ревакцина со датум, ама не сум сигурна за што. За што е ревакцината на 18+м? ДТП? Потполно сум заборавила дека има ревакцина Што да правам да ја боцкам ММР па таа да ја одложиме, или таа редовно како што е запишана за некој ден, па после да чекам за ММР, совет? Или да одам па ќе ми кажат, претпоставувам приоритет даваат на ММР.. Како работат во Јане, до колку часот? (@Ano те читав деновиве со прашувала )
Ако нема примено ММР/МРП, по протокол би требало прво таа да му ја стават. Инаку по распоред е Петовалентна ДТП, ХИБ и Полио. http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2018/04/K-A-L-E-N-D-A-R-POLIVALENTNI-2018.pdf Имаа само една смена, од 7:30 до 13 часот, со епидемијава почна диспанзерот да работи и втора, до 19 часот, но втората беше само за ММР. Најубаво јави се во поликлиниката и прашај. https://zk.mk/poliklinika-jane-sandanski
Пред две недели сеуште имаа втора смена во диспанзер, ама само за ммр. Те молам ако одиш прашај новата ммр од кој производител е?
Како бе Ано нова?? Ах таман се решив.. планираме да одиме ама од каде сега ова. Деновиве никој не се вакцинирал да каже од кој производител е? Мајки?
https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/dru...8D64BA7007F705BA3AEEA6C.app15-finki_zdravstvo Истите две што се користат во УСА и ЕУ. Истите две се и во УК https://www.nhs.uk/conditions/vaccinations/mmr-vaccine/
Денес боцнав ММР. Ми рекоа од 7 - 10ти ден реакции. Какви беа вашите искуства, сега што боцкавте скоро? Денес е нормална, весела, насмеана ко и секогаш. Апетит си имаше.
Без никаква реакција и од ммр и од дтпр (хекса). Ако не се рачуна што откако е боцнат нема застанато со зборење, смени скроз, намали апетит и е многу посамостоен, ама сем апетитот тоа се нуспојави кои секоја мајка би ги сакала.