Од кога се влезени Мерц? Јас мислам дека се подобри од Глаксо од тоа што сум читала. Глаксо има многу афери како фирма воопшто.
@danichap пак налетав на инфотмацијата. https://www.independent.co.uk/news/...Social&utm_source=Facebook#Echobox=1557061655
Точно за казната. Не се гледа како некаков голем ефект бидејќи кој има ќе си плати и ќе си тера по старо, односно до крај со идејата да не вакцинира. Министерот изјавува задолжителна да е морбилите за во градинките, плус да имаат рок од една година да ја стават, но истото колидира со образованието, па многу би барале алтернативни решенија до школска возраст и невакцинирани повторно би се запишале на школо.
И јас мислам дека треба да се чека 6 недели од кога ќе се прими вакцина. Иначе кога има епидемија се прима МРП на 6 месеци, за да се заштити најмалата популација. А во Шведска , што кај нас е чудно, може да се примаат 2 вакцини наеднаш. Жално е за бебето што починало, душа мала.. нека му е лесна земјата, од морбили најчесто загинуваат дечиња со многу мал имунитет, дечиња што имаат вродени мани, срцеви или било какви, и поради тоа не смеат да ја примат и вакцината, е сега ради мајки кои што мислат дека од вакцината има компликации, ѓи ставаат на ризик токму ваквите деца, не знам кое им е размислувањето меѓутоа невини души страдаат. Да напоменам и дечиња со Даунов би имале проблем со морбилите.
Ja imate li stavano bsg vakcinata po vtor pat do godina? Nemame beleg pa ni rekoa pak da ja stavime. Me interesira dali ima reakcija Blagodaram
Исто и нас, кај бебка нема ни точкиче, ништо. Прашував неколку пати, секојпат ми беше кажано нема потреба од повторно боцкање.
Мајки дали сте имале реакција течна столица (дијареа) после примање на ММР? Во понеделникот ја прими, последниве три дена имаше по една обилна течна столица во текот на денот. Вчера поврати еднаш, а не се искака цел ден. Сабајле рано се искака течно обилно и сега попладнево три последователни течни столици. Навистина сум загрижена, не знам дали е реакција од вакцината или нешто друго. Воедно е и нервозна овие неколку дена. Искуства?
Ние имаме по една течна столица сега. Преку еден ден. Ама имавме еднаш и пред вакцината, баш прашував во совети, па ваквата столица не ја препишав на вакцината.
Нервозата може да е од вакцината. Ако не се лажам и го пишува во упатството. За течната столица не би знаела.
Мајки во петокот боцнавме 3та доза дтп, два дена супер си беше бебево денеска сабајле почна да качува мала температура околу 37.4-5 и цел ден така се до пред саат време кога качи 38. Го истуширавме да го оладиме ама не ја симна туку качи за 5 мин 38.4 одма му дадов ефералган сируп ( парацетамол) дозирав според упатството и за 15 минути ја спушти на 36.5. Сега ми е страв да не почне уште повеќе да симнува од оваа температура. Што да правам ако почне, не знам зошто баш сега на 3ти ден појави реакција, инаку со првите две дози супер поминавме. Ја секако ќе си дежурам цела ноќ ама ме фаќа некој страв