Ние во понеделникот ја оримивме ММР,на три и пол години,досега одложував оти секој месец беше болна,па бактерија во носе и грло и така помина една година. Реакција досега нема мада е рано,промени не забележувам,докторката рече до две недели може да се појави осип или блага тт.
До сега 48 часа од шестовалетната прва вакцина, првиот ден имаше температура 38°C, вчера поспана скоро цело ден, денес е супер....
Исто. Вчера и денес со температура до 38, 9ти и 10ти ден. Не знам дали и е од забите или од вакцината.
Од вакцината е. Заблуда е дека од заби се крева тт. Моево три дена имаше покачена тт како реакција на вакцината.
Инаку јас моето дете го вакцинирав со ММР истиот ден од кога оздраве, бидејќи беше болен неколку дена со висока тт Антибиотик не пиеше. Само далеронче и чепче. Чим го прегледаа крвна слика супер одма го вакцинирав еве пројдоа тие 21 ден , период на можни рекации (скоро месец како ми е вакциниран) и никаква реакција не пројави супер си помина. следен месец ќе го боцкам за 3тата вакцина, бидејќи ни е прескокната поради ММР. јас ја имав одложено,па не ја прими со време. али дефинитивно следен месец боцкање
Не ми дадоа мене во диспанзер да боцнам пред полни 9 месеци. Иако на тв се збореше боцкање од 6 месеци.
Препорака има од 6 месеци да се боцкаат. Ама ќе треба ревакцина на 18 месеци, оти антителата од мајката уште функционираат во организмот на бебето (до година), па можно е да не развие очекуван имунитет. После ќе си ја прима редовната ревакцина на 6 години.
Да знам. Нас ни е трета доза дтп во јули па си размислував да и ги заменам. Ама еве не давале под 9м. А нема да има толку. А после трета доза дтп е нели мрп на 13м. Не верувам дека порано ќе може, ваљда има некои растојанија од вакцина до вакцина. Хм, ќе си се криеме изгледа.
Дали знаете колкав период треба да помини помеѓу двете вакцини кои се даваат на 7 години (Ди-те адултна и Полио? Фала
Има реакции ревакцината на 18месеци? Искуства??? Треба да ја вакцинираме во Јуни,до сега немала реакции на вакцина.
Матичната денес ми потврди дека од заби не се креба темп.него при никнување на заби опаѓа имунитетот и тогаш организмот е склон кон вируси. Еве на мојава и никнуваат две тројки,крена еднаш 38со3и толку..крвна слика покажа вирус.
Има. Исто како и другите.Моето на неа само качи температура, и тоа два дена го држеше. Е сега ние ги примивме прво мрп па за два месеца оваа и може набргу му дојде.Имунитетот подопадна малку ама за два дена помина како ништо. Некои доктори советуваат одма да се даде сируп зашто е ревакцина. А па млже и да помине без реакции.