Ако можев да се снајдам воопшто немаше да оди во градинка а не да го вакцинирам на таа возраст ама немам избор
Значи боже сачувај си со муабетиве Нема да биде ниту прва ниту последна што вакцинирала летно време. Не ги плаши луѓево беспотребно. Во секој случај подобро вакцина и евентуална Т од вакцината, отколку морбили . Штом мајката решила да вакцинира на 9 месеци, сигурно е со причина. @Ivince100 не знам зошто ве вратиле. А и не смеат, колку што знам. Нели препораката е сите дечиња над 9 месеци да се вакцинираат? Да пробаш уште еднаш да им кажеш дека ќе го носиш детето во градинка, а ако не сакаат да им се заканиш дека ќе ги пријавиш. Не смеат да не вакцинираат дете ако е здраво.
Ако е зорт работава јас би вакцинирала. Од една страна прават напори за редовна вакциканација, од друга тетките од диспанзер се прават главни. Сосем нормална работа е вакцина во лето. Па и здраво право дете качува Т сред лето. Како и зима, дома и соодветно ладење. Нема на 40 степени со Т надвор да седи.
Ние денес ја примивме првата вакцина на неполни 3 месеци.Засега е ок,нема некоја реакција.Следната вакцина ни е крај на јули.Не важи веќе апстинирање во лето
Да, јас земав жена да го чува 3 месеци, претходно мајка ми зема боледување, пред тоа одев на пола работно време во договор со шефот иако бев скоро вработена... Опцијата да го боцкам со тазе прележана варичела не беше опција. И не, не сум богаташка туку едната од двете плати ја давав за жена, со другата живуркавме, 4м истеравме некако. Значи не е работата дали да боцка или не, работата е што тие доктори таму кои ви даваат амин рекле НЕ. Тетките од вакцини не се сами таму, има и доктори. Тетките работат како што ќе речат докторите. Не знам еве јас паничам вие не.
Друго е да треба да ојача имунитет заради варичела а друго е да не се боцка лето зашто може да качи темп. Па и летно време може да се разболи и да качи темп, не само зима. Мојот од мрп не качи воопшто
@Ivince100 јас боцнав на 5 мај, со полни 9 месеци. Немавме реакција. И мај знае да е топол, иако овој мај не беше. Ама да се паднеше сега, да ми беше истата ситуација, ќе морав, ќе боцкав.
На нас во Битола во советувалиште лани за ММР ни рекоа да поминат жештините,сега ради епидемијата можи е подруго.
Логично ми е на жешко да се седи дома, во затемнето, изладена просторија сеедно клима или вентилатор. Плус на сето тоа родителите секако ќе ладат со туш, чепче, облози.. . Што ќе стане ако се запре вакцинација на цела територија, неколку месеци... оти топли де, па и во ек на епидемија. Ако е жешкото проблем секако родител ќе лади, нема со детето во двор на пеколот да седи. Медицински не ми е издржано, а оти ваква пракса спроведуваат па и сега, не знам. Не е прв пат да не се со усогласени ставови.
Абе клими по дома неаат ли луѓево? Шо има врска топло ладно!? Не е пред 30 години па клима да се нема. И у кола има клима. Секаде има. И на доктор има клима. Зимно време носам надвор дете да олади, летно време полнам базен со вода да си игра, ладна и ете пак ке се разлади. Поарно еден ден со температура летно време него со морбили. Мое блиско има засекогаш последици од морбилите годинава.
Не би требало да водиш есап за туѓ џеб. Твојата постапка е правилна, но за некој е невозможна. Без врска е да не вакцинира заради жешкото.
Глупави ви се муабетиве со топлово време Демек клими немаме дома? Ти @AngelOfArh имунитет од варичела јачаше 4 месеци? По чија препорака? Јас колку што се сеќавам ти воопшто не сакаше да вакцинираш. А тоа дека си најмајка е друга приказна @Ivince100 дај те молам кажи во кој диспанзер ве вратиле? Јас ќе земам да ги пријавам. Непрофесионално. Не смеат така да прават.
Нека биде по ваше, што да ви кажам, во Ѓорче и во Идадија така ми кажаа, Ѓорче го носам син ми, Идадија внуката ја носевме, нека биде дека појма немам од животот. А натпревар за немајка, па да ви кажам не ми е ни на крај памет да се натпреварувам.
Abe stavi na kantar - morbili srede epidemija kade e cela nedela so nad 40, ili temperatura eden den vo klimatizirana prostorija?
Podobro da vakciniram vo leto otkolku morbili ne daj boze. Mojata od MRP najmnogu 38 imase, povekje bese kenkava,a ne gorese. I tetkite tamu si treskaat zeleni, ne oti doktorite taka rekle (od iskustvo ova).
Денеска завршив работа со вакцината друга докторка беше и нејзе и падна чудно зошто вчера ме вратиле ама тоа е