Мами на малата и ставивме вакцина во вторникот (втората доза од шестовалентните на 4 месеци што се прима) е сега вчера крена тт 38 со 5 и почна да кашла со шлајм ја гледам дека го голта. Бевме кај матичната рече да оставиме вака до понеделник дека плуќата чиста и била. Денес има пак тт, кашла и пролив. Давам само далерон кога ќе крени над 38 друго ништо. Можно е да е уште некоја реакција од вакцината или пак некој вирус? Што да давам за проливот? Од аптека ми дадоја пробиотик прувен и го дадов.. Некој совет??
Значи во оваа банана држава човек колку и да сака да биде принципиелен и да се грижи за здравнето, едноставно не може. Уште не сме ја примиле БСГ вакцината а е веќе 7 недела бебо. Во породилиште на ГАК не му ја ставиле и веќе месец и нешто ја нема во Јане Сандан. Многу се нервирам, ќе го пореметат цел календар на вакцинација и неможам да следам а башка бебуш ми е изложен на болести
Мамички, бебето ми е 9+, за еден месец одиме на одмор во Грција и се мислиме дали да го вакцинираме сега од МРП. Ве молам за искуства тие што ја ставиле вакцината порано од 13 месеци.
Треба да ја примиме вакцината за 1 месец што е хепатитис б или по ред 3 та вакцина. Е сега бебе често кива, дали треба да се направат некои испитувања пред да се прими оваа вакцина. И дали мора да му мериме често температура?
Јас ја вакцинирав на 9 месеци. Немавме реакција. А зашто не ја ставиш после одмор? Направете крвна слика, да си мирна. А температура ќе мериш ако го приметиш да е покенкаво.
ние сме 6години и 3 месеци. Досега сите вакцини сме ги примале следам симптими и кога е здрав вакцинирам. Никогаш не сум правела ни крвна слика ни брисеви ни никакви испитувања. Реакцио никогаш и сме немале. Само сега оваа со морбиливе што е не знам зошто ама толку ми е страв да појдам да ја прими... Не знам зошто така сериозно. Шубе ми е навистина. Конечно оздравевме добивме зелено светло од матичен ама јас ипак да си почекам. охрабрете ме додека не сме се разболеле со уште нешто
Не ти е страв од морбилите а од вакцината ти е страв?поголеми се шансите да се искомплицира не дај боже ако фати морбили отколку од вакцината.Јас избрав да го вакцинирам,не ми се ризикуваше со морбили.
@ar.in Колку што знам треба да има пробано белка, да не е алергичен на неа,па потоа се вакцинира. Инаку што е подобро да се дава за тт сируп или да се става чепче? И сирупите парацетамол,далерон и ефералган исти ли се? Од тоа што читам Блокмакс се давал на повисока тт од 39, а овие други од тт 37,5 до 39,така? И на кој начин им го давате на бебињата сирупот да го пијат, со шприц или од шише измешано со млекце?
Јас давам блокмакс,последниот пат ефералган воопшто не му ја симна. Давам сируп само ако качи над 38.5 порано не.Кога беше по мал давав со шприц а сега во лажиче.Чепче ставам ептен ако качи над 39 за побрзо да ми ја симне.
Дали сируп или чепче, зависи од детето. Јас досега чепчиња не сум користела. Башка што можеш да ги користиш повеќе кај бебиња, кај поголеми деца над 15 кг не е доволна дозата. Инаку да, исто е Ефералган, Парацетамол и Далерон, активната состојка е иста, производителот е различен. За моиве Ефералган е ефикасен и не го менувам, од Парацетамол на Алкалоид имав несакано дејство кај големиов и не го давам воопшто. Блокмакс по состав е Бруфен, исто како Нурофен, Неофен и се дава при високи температури над 39, или ако не дејствува парацетамолот. Се дава со шприц или лажичка, макар што шприцот ми е полесен за дозирање. Не се меша со ништо.
Мајки слушнавте ли за двете нови вакцини кои почнуваат за 10 дена а се за бебиња од 2 месеци па нагоре? Знае некој нешто за нив?
https://www2.health.vic.gov.au/Api/downloadmedia/{89C5F9B8-3408-4C44-BDF2-192602523990} http://tirekovmirece.com/Novost/Вак...ест-не-е-задолжителна-ама-е-добро-да-се-прими Ете прочитај зошто се. Вториот линк е стар ама објаснето е убаво.
во прво си,ќе вакцинирам секако јас еве од тебе прв пат слушам. Овие нови календари и нови вакцини ми се некако .... Безвезе. Неверодостојни не знам како ќе ме сватите. Не сум против вакцини ама сум против овие нови правила и измислици.
Ние никако да ја примиме 6 валентната што ја скокнавме заради ММР. У месец ипол 2 пати нешто се разболува џивџи. Колку време по примен антибиотик смее да прима вакцина, а е веќе оздравен?
Баш заради тоа прашувам, да чујам други мислења, матичната кажа барем 2 недели. Бар знам недели дека се. Фала срц.