А дали вашите деца имаа некаква реакција на оваа вакцина ( прва доза ДТП)? Во смисла на кенкавост, болка во нога...
Не се плаши.. И да има реакција некаква минорна е како поспаност малаксаност мала темп или кенкавост ама мине веднаш...
После седум дена најрано може да се појави. Како ситни црвени точки по телото најчесто (како реакција) рапаво на допир. Поминува брзо. Кај големиот имав таква реакција на 13 месеци. За неколку часа го снема осипот, не беше ни нешто густ.
Душа ми е стегната, аман веќе и вакцини и здравство. До сега ок е, цица, малце беше кенкав и сакаше повеќе во раце. Заприметив еден период од денот ногата не ја движеше многу, но после и со двете мрдаше. Тт не измерив зошто не е жежок на допир. Се надевам дека вака ќе е, ама сепак 3 дена треба да чекам
Не се плаши.. И да има реакција некаква минорна е како поспаност малаксаност мала темп или кенкавост ама мине вед Ако нема реакции првиот ден вториот воопшто нема да има..
Може и нема многу, ама патронажната сестра ми рече дека треба да има растојание од 60дена помеѓу вакцините.Може си има некоја логика,незнам.
Денес ми се јавија за вакцина за мрп. Детето ми е 6 месеци точно, не знам што да правам искрено... Искуства?
Јас баш прашував таму каде што стават вакцини и ми кажаа не практикуваме на 6 да ги ставаме тогаш ќе ја примаме трета доза ДиТеПер и уште една за пнеумокока новата што е (мислам дека така беше) а мрп ни кажаа некаде барем 9м да има.
И јас сум во помал град, нас ни велат после 42 дена од првата, се става втората. Јас сега треба за 3та ДиТеПер да го носам. Со претходните 2 немаше проблем.
Исто и нас ни е таа на ред.Немам ум дали таа или мрп 7м е. Страв ми е и од вакцината а и како на одмор,шетање....незнам
Јас ја прашав матичната за МРП дека велат да се става после 6месеци, нели таа е на 13месеци, ми рече не ќе си почекаме, па фала Богу нема кај нас морбили. Сега редовно на 6 месеци ДиТеПер.