1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцинирање и реакции после вакцина

Дискусија во 'Бебе' започната од stefi23m, 30 октомври 2012.

  1. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Aј да реферирам :) И намачкав малку белка на лицето на мојата малечка и местото се зацрвени малку и такво беше некои 5-10 минути :^) Не знам дали ова значи дека е само осетлива на белка или дека е алергична??? За да и дадам белка да проба пак мислам дека ќе почекам еден месец,а вакцината ќе ја одложам до моментот кога ќе бидам сигурна што и како се случува :(
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Битно изреагира, и тоа надворешно аплицирана, замисли да ја изеди, или како МРП вакцината - директно во мускул/крвоток :worried:
    Мој совет - одлагај се` додека нема никаква реакција...
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  3. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    да ве информирам за нашите последни несакани ситуации.
    син ми има бесижит ( голема реакција од вакцината)
    на советувалижте го однесов 3 пати и 6 докторки ми рекоија деке е во ред а детето имаше цела дупка во рачето
    го однесов во плодноста заради алергијата и кога го видоја таму косата му се крена. под хитно ојдовме скопје во козле кај туберколозното одд.
    таму докторот не најде нас виновни оти порано не сум го оденла.
    е сега од кои причини не се знае ама анти телата од вакцината се рашириле низ цело тело а требало да бидат само кај вакцината и сега пиеме апчиња антибиотици против туберколоза и витамини за црниот дроб и му ставам прашак антибиотски на рачето
    највероватно вакцината му е по длабоко клаена
    а алергијата и тоа што скоро 2 месеци се нафрлува е реакција на вакцината.
    ми доаѓа да кршам се по дома :envy: :envy: :envy: :envy:
     
  4. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Ние спаѓаме во ризичната група на деца, несмееме да примаме вакцини кои предизвикуваат температура затоа и ги примаме овие вакцини. Во другите градови мислам дека не ставаат. Мислам дека погоре некој имаше коментирано дека можеш да ги купиш од грција а да ти ги стават кај нас.
     
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    ние денес примивме Ди-Те-Пер.. поминавме заникаде...
    колку се без осет сестриве значи не ми се верувааа ..
    прво кога и ја даваа тааа со лажиче го стисна детено за вилица и горе за челото толку крвнички што и се развикав.. керками е таква не сака со сила полека полека ќе го испие.. и ја земав лажицата и јас и дадов..
    за боцкањето добро поминавме сонце на мама ич не плачеше :* само малку кога ја боцнаа и толку..
    е сега рачето и е добро ама имаме температура 38.3 се напивме парацетамол сируп и се надевам ќе помине..
     
  6. taurus25

    taurus25 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Moze li nekoj da mi kaze kakva (protiv sto) vakcina e HB II ?i dali ima reakcija i kakva ako ja ima?(se izvinuvam za latinicata)
     
  7. taurus25

    taurus25 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Sega vidov deka vakcinata bila Hepatit b vtora doza ama pisuva deka treba da se primi 24 casa od raganje,na 2 i 6 meseci a nie imame samo mesec dena.Iskustvo?
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.003
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Втората доза ќе ја примате после 42 дена од првата вакцина и последната доза на 6 месеци. Мислам дека така беше распоредот за HB. На два и пол месеци ќе примате Ди-Те-Пер, полио и HiB (haemophilus influenzae type B). После на 4 месеци втора доза од истите и пак на 6 месеци, трета доза.
     
  9. taurus25

    taurus25 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Примивме денеска вакцина,на месец и два дена а за трета доза ни закажаа на 8 февруари значи повторно по месец дена т.е на два месеци.Ја прашав докторката зошто така и ми вика порано се примале така сега вака.Се надевам знаат што прават... :(
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Ние примивме ревакцинација на хепатит Б на 04.01.2013, а утре ќе ја ставиме првата доза од Инфанриксот. Ја најдовме без проблем, а се надевам дека и така ќе поминеме. Ептен се плашам од температура да не ми крене :worried:
    Сакам да ве прашам дали мерете Hgb пред да ставате вакцини??? Нас со 96 ни кажаа дека нема проблем да примаме.
    Исто ме интересира дали има потреба да се снабдам со чепчиња и какви да земам?
     
  11. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    нас ни го препорачаа efferalgan ширупче има лажиче за мерење се прима според килажа.
    некако мене со чепче не ми е сигурно можи да го искака па да му ставиш или не, колку се раствори...
    вака ќе си го испие и рает.
     
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Мене матичната ми кажа да земам Бруфен, но немало веќе па како замена со ист состав ми го дадоа Блик Макс кидс. Па, се мислев дали ќе имам потреба од чепчиња, и какви доколку треба да ставам.
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Еве сме и ние. Вчера ја примивме Инфанриксот, ни кажа докторката дека не би требало да крене температура зошто Пертусис е направена како посебна компонента, за разлика од обичната ДиТеПер, но за секој случај да дадам пола лажичка Блокмакс.
    Така вчера добро поминавме, освен што беше плачлива, а денес ќе видиме како ќе биде. Уште нана мачето, неможе да се расони :lol:
    Се андевам добро ќе биде, зошто вака сама дома, ептен ми е страв како ќе се снајдам :worried:
    Се плашам пак да не ми одбива јадење, таман се опорави, а и тоа е како контраиндикација наведено.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.003
    Пол:
    Женски
    Само еден совет: никогаш не давај парацетамол или бруфен за секој случај. Остави организмот сам да се избори. До 38.5 ништо не се дава, освен цицање и ако е потребно туширање, секогаш од нозете кон главата. Друго ништо.
     
  15. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас одма ако крени над 37.5 му давам efferalgan
    знам дека не препорачуваат ама ако крени 38.5 како што велат дури да почни да делува ќе се докрени.
    и покрај ширупот ми кревал 38 а не да чекам да се крени па да дадам
    има паники огромни да ме фаќаат. се сеќевам на 3 месеци кога примаше му имав даено шируп и пак крена 38.7 го капеви се спушти до 37 со нешто и вечерта во 2 пак го капев никако не се спушташе
    :( :( :(
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Јас имам ужасен страв од температура.
    Да не ми кажеше докторката ќе чекав да крене па да дадам, иако се плашам многу, а вака кога она сама ми кажа ич не се мислев, право дадов сирупче.
    Само еднаш пиеше, а вика ако има потреба 2 пати на ден, јас вечерта не и дадов, но цела ноќ ја проверував да не ми крене. И засега гледам сме ок, дај Боже така да остане.
    А дали има време после колку дена од вакцината се очекува реакција??? За инфанриксот колку што сфатив првите 48-36ч се појавуваат контраиндикациите(за МРП знам дека е и до 7дена).
    И сакам да ве рпашам подетално да ми објасните како да бањам во случај на температура. Често читам за ова, но никако не разбирам. Треба да го наполнам коритцето, или само да ја исплакнам со водичка?? Млака, топла???
    Треба да седи да се шлапка?? После бањање иста процедура, мачкање со Јекодерм, па облекување со капче и се или???
     
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Meu, не мора да значи ама спреми се за одбивање да јаде. Едино полузаспана кога ќе биде усбева, бар кај мене. Инаку реакција мојов доби после 4 дена и едно 3 дена беше нервозен, кемкав, одбиваше да јаде убаво, со триста молења. Температура малку почна да качува, па му дадов Парацетамол чепче по препорака од педијатар. Првиот ден го оставив да се бори малку, го туширав со поладна вода, лесно го облекував, малку голичок со оставав покриен со слабо ќебенце. Ама за нареден пат веднаш по вакцина едно чепче и мирна глава оти како имам страв од тоа каде се може да избие последица од висока температура. Кога беше преладен и киваше, и беше малку топол не му давав ништо само се бореше телото, ама за првиве две вакцини и те како видов коклу мака му беше и како ослабнат ми се виде кутриот, ум за нареден пат со повреме да дадам чепче. Настрана тоа, од толку маки и јас скоро 2 кила ослабев за тие денови. Од моево искуство ова можам да го препорачам.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.003
    Пол:
    Женски
    Нормално меУ, исто како кога ја бањаш нормално. Полниш коритце со вода малку поладна од обично, ја ставаш во водата прво со ноџињата, после со телцето и на крај го мокриш главчето. Без шлапкање и слично, само да ја оладиш малку, после ќе си ја облечеш (не мора јекодерм). Капа не мора ако има малку температура, додуша, препорачливо е детето да е порасоблечено. Ако сте ја примиле вчера вакцината, уште денес прати ја, повеќе не мора. И не се тоа контраиндикации, тоа е реакција на вакцина, очекувана, се разбира. Инаку, јас никогаш не давам сируп пред 38.5, исто како Моира што спомна во друга тема претходно. Течности, туширање, ако има потреба оцет и толку. Сите вакцини ги поминавме без проблем, освен третата доза ДТП (на 6 месеци, кога плачеше многу повеќе од вообичаено, и повеќе од плачењето крена температура, откоку од самата вакцина).
    Инаку, јас само кога е настинат и многу затнат сум му дала Ефералган (немал температура) и ако ептен го мачат забите (со предните заби имавме многу проблеми).

    Не знам мајки, јас не би давала превентивно ништо. Ама изборот е ваш, јас повеќе сакам организмот да се учи да се бори. Имајте на ум дека чепчињата нагло ја симнуваат т, за разлика од сирупот, што и не е баш добро. Ама од друга страна, нема избор, ако детето го повраќа сирупот.
     
  19. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Не сум имала прилика да ја бањам со температура но едно знам ќе ти треба термометар за вода бидејќи водата треба да биде само 2 степени пониска од температурата значи ако детето има 39 температура водатае 37 ако детето недајбоже има 40 водата е 38 и треба да биде точно ја тушираш со водата од нозете кон главата и толку вадиш бришеш и без многу задржување облакање вака мајка ми мене ми праела и повторувала по2-3 часа ако не се симнувало .Инаку блок максот е каде каде по ефикасен од парацетмаолот меѓутоа инаменет за повисоки и упорни температури затоа секогаш се почнува со туш па парацетамол па блок макс т.е бруфен овае за температура до 38,5 за повисоки не важи
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    А каква вакцина примавте Ноелле ??? Инфанрикс или обична ДиТеПер???

    Аннатх знам дека и од плачење може да крене, она денес е прилично кенкава, но гледам да ја смирам , не и дозволувам да плаче баш од таа причина. Веќе се поминати 26ч од примање на вакцината,
    ќе следам до утре ова време.
    А оцетот како го ставате???