Мене денес матичната ми рече дека се воведени новите и сега кога ќе одиме таму во диспанзер ќе ни кажат која вакцина да ја прими. Нас ни е трета доза дтп на ред, јас се двоумам за мрп па ќе видиме што ќе ми речат деновиве, да провериме крвна слика прво.
Прашав млада докторка овде во диспанзерот за новите вакцини, ми кажа дека ги имаат ама уште не почнале да работат со нив оти го чекале новиот правилник за вакцинација. Не знаеше да ми каже за која возраст се.
Ротатек, за рота вирус, има и упатство со кога се дава: https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/883059932 Превенар 13, за стрептокока пнеумониае, има и упатство кога се дава: https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/56638
Дали вакцинирате на топлово? Станува збор за ептен закаснета вакцина,што требаше да ја прими на 6 месеци а сега е 2 год . Ни ја закажаа за во петок. Се мислам што да правам. Од кај вакцините тогаш ми рекоа дека топлото не влијае.
Ах, колку нашиве си тумачат секој по свое. Ротатек може да се комбинира со други вакцини. Извор: https://www.cdc.gov/vaccines/hcp/vis/vis-statements/rotavirus.html Превенар 13 исто е безбедно да се даваат во комбинација со други вакцини. Извор: https://www.cdc.gov/vaccines/vpd/pneumo/hcp/administering-vaccine.html
Ние имаме закажано да ја примаме таа на 6 месеци, на 18.07. Нема да одложувам, иако како што читам најчесто таа дава реакција.
Не си прај хаос во глава за џабе. Има држави каде секогаш е топло и да, вакцинирани се децата Син ми месецов пнеумокок ќе прими.
Да знам. Само не ми беше јасно дали ќе важи за сите. Секако сум решена да ја прими, ако не ќе ја купевме од Гр.
Кај син ми стрепотокока пнеумониа не прави никакви проблеми, ја имал во носот без никакви симптоми. Сега е 2 ипол години. Дали има потреба да ја ставиме вакцината или не? На бебушот планирам и двете да му ги ставам.
Не правела зашто имал јак имунитет. Но при едно вадење на заби или при едно мало вирусче ќе се покаже одма дека ја има. Јас би ја ставила баш зашто 3 пати го погоди дур вади заби. Мојов сега кога е со јак имунитет знае и вирус да има а да нема симптоми односно случајно на кс да дознаам дека вирус носи.
Инфо од прва рака од Идадија во врска со новите вакцини: Ги има и двете и може да се однесе дете да се примат кога сакате. Рота се прима најдоцна до 32 недели, а пнеумокока нема ограничување со возраст, и возрасен може да прими. Нова е оваа за пнеумокока инаку, подобрена, против 13 видови на стрептококни инфекции, додека минатата беше против 7. Ќе ја носам мојава наредниов период да ја прими.
И матичнава ми рече за рота дека сме големи, а за стрептокока ни ја препорача, само нели да ојачаме малце после антибиотиков.
Обавезно, да. Иначе докторката рече дека од онаа минатата, што штитела од 7 вида стрепток. инфекции, ептен биле задоволни луѓево со мали дечиња што оделе во градинка. Па новава сега рачунај е дупло подобра, усовршена, така што треба да е одлична. Прашав за по боцкање, рече облоги ациди борици ден два. Може да се јави благо покачена тт, ама досега немало ни една таква реакција кај дечињата што ги боцкале, сите супер ја поднесувале
За ротата не знам, не ни прашав зошто ние секако сме големи. За другава, една доза за нас, за помали дечиња мислам на двапати се дава. Сепак ќе морам да препрашам за сигурно