Фала за информацијава. Мислев ќерка ми голема е за пнеумокок. Не знаев дека може и возрасни. Ќе се консултирам со матичната и ако даде зелено светло, ќе вакцинирам. Знае некој дали во Јане ја има?
Нема проблем Еве сега го гледав и упатството една членка што го има ставено страна поназад, баш пишува дека може да ја примат деца од 6 месеци до 17 години, а и возрасни над 18. И јас цело време мислев дека е само за деца.
Еј, не прашав тоа, изумив скроз А и они не ми спомнаа ништо. За недела - две ќе ја носам мојава, па ќе пишам пак што и како. Дотогаш ќе гледам да се распрашам и за брисов.
Е супер ако дозволат и за поголеми деца, зашто мене последно ми рекоа само за 2019 родени Син ми е 2 и пол години и во градинка едино од таа стрептокока се разболуваше. Сега да му ја стаам и раат да сум бар за таа.
За 2019 родените е задолжителна, ваљда на тоа мислеле. Можеш да ја ставиш, таман со една доза ќе пројде. Мене ме чуди дека рече и за бебка моја една доза, а читав во упатството дека една доза се дава кај деца над 24 месеци Ние сме 17 м, ама секако ќе прашам пак (многу сум им досадна таму, ама гајле ми е )
Во понеделник сме за прва доза ДиТеПер но како затнато му е носето кога станува од спиење и го слушам како ги подголтнува мрсулите. Ставам физиолошки а при аспирирање не излегува многу. Ке испитаме крвна слика во петок но се мислам дали да ја одложам?
Во една ситуација и нас ни беше затнато носето и и кажав ќе одложам. Таму ми кажаа има различни причини за затнато носе и не секогаш било причина да не се вакцинира. Ја проверија и се беше во ред ја вакцинираа. Мислам дека најдобро они може да кажат дали е добро да се одложе. Се разбира изборот е твој.
Моево вчера ја прими третата доза за пнеумококи. За рота прими два пати. Следно на 11 месеци последната доза од двете. Од вакцината за пнеумококи редовно дига температура. Денес бутчињата скроз и беа црвени тоа е добро има имунитет развиено али жално е за гледање. Синоќа 38.8 и денес цел ден е околу 38 температура. Нерасположена скроз.
Утре треба да го носам на вакцина петовалетна. Крвната слика е супер но се мислам дека е многу топло. Да почекам да помине пеколов или да го носам?
Можна е блага тт, оток или црвенило на бутчето. Ако качи температура малку потешко се симнува од топлото. Јас не ја одложив 6 валентната за бебо мој, пред две недели го боцкаа, и беше 2 дена со повисока температура. Ама помина
Денес ја ставивме, нема ништо засега, само што плачеше напати денес онака без причина. Ставете ја не ја мисли
Само што ќе боцат уште тсѓу стави лепенка. Ја таков совет добив тогаш. Поголема тем од 37 со нешто не би требало. А може и без неа да пројде. Не е страшно што е топло надвор, нема изложување на сонце и то је то.
Ако е брисот позитивен, тоа е причина плус да се даде, односно Превенар и Пнеумовакс се даваат на природни носители на стрептокока пнеумониае во нос/грло, за да се избегнат компликации од инфекција со бактеријата. Пошто вакцините се ацелуларни, нема негативна реакција ниту кај веќе постоечки инфекции. Исто така, препорачани се и за сите со веќе постоечки хронични респираторни и/или имунолошки проблеми: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4161643/