Јас има детенце од две и пол години и ја прими вакцината за пнеумокока пред месец-два. Немаше никаква реакција и ми рекоа дека треба да прими уште една доза во септември. Имам и едно постаро од пет и пол години и за него ми рекоа не може бидејќи била ограничена до пет години. Сега сум збунка а во упатството пишува дека може и возрасни. Незнам што е правилно што не.
Фала ви на инфо, ќе одиме фамилијарно. Јас и мм сме носители на стрептокока цел живот, сам осе води како нормална флора.
Штом ја примило детето пред месец два, значи биле старите вакцини. Можеби за нив важи тоа до пет години, не знам искрено Најубаво оди и прашај уште еднаш, а воедно информирај се и за дозата. Дали ако детето примило од старите, ќе биде потребно и една доза од новите, и како оди тоа, за да си знаеш.
Ние вчера примивме трета доз дтп. И јас се мислев ради жешково но и не ми се одложуваат после епидемијава. Тт не крена, беше малку топла но кога мерев не кажуваше дека има тт топломерот. Цел ден плачеше како никогаш, како уплашена во раце спиеше. Ама фала Богу помина. Мрп ни ја закажале послњ прв роденден, па веројатное стивнато штом не даваана помали.Со лесно на сите бебуши
дали некој го вакцинирал со вакцината за рота вирус, ние имаме 15 ндели и на мое инсистирање и консултација со имунолзи на клиника ми рекоа да ја примиме задолжително и јас го вакцинирав искрено супер поминавме но само пред два дена беше тоа, ме интересира дали некоја го вакцинирала и што да очекувам дали има некоја реакција за недела две
Штом немало реакција првиот ден, нема ни да има, обично се очекува потечна столица ден-два после примањето на вакцината.
Немам поим. Ама ќе правам. Само не знам дали летово да вакцинирам, оти во септември треба детево ревакцина да прими, Пентаксим. Да не му дојдат две наеднаш. Ама сакам да ја прими Превенар, обавезно.
Колку може да качи тт од Дтп (таа што се прима на 6 месеци,ама ја прими на 2 год) Мерев сега 38.3 ,ми рекоа над 38.5 да,дадам сируп. Сега заспа. Ќе измерам во спиење,ако има висока да будам за сируп ? До сега немал голема тт и немам баш искуство. И колку би траела временски температурава,ден,два? И колку време да ставам облоги ?
Нели оваа сега новата може да се прима и заедно со други вакцини? Ај баш види во упатството некоја страна наназад, мислам дека така пишуваше, а и знам дека читав на повеќе места дека е независна од други вакцини, што значи нема потреба да има размак од неа и некоја друга.
Дај му сируп ако има толку. Нека не се мачи на жешково. Ден,два трае,ставај лепенки за температура и мачкај ациди борици да се разладува местото.