Моето бебе има 10 месеци и досега нема примено ниедна вакцина... Сега сакам да го вакцинирам и направивме крвна слика и брисеви и на брисот во носе е изолирана стафилокока но без никаква симптоматологија... Педијатарот ни одобрува вакцинација, ама се мислам заради бактеријава... Дали некој имал слично искуство... Извинете на долгиов пост
Што точно се мислиш? 30% од луѓето носат стафилокока ауреус во нос, ако нема симптоми, нема врска со вакцинација.
Во МК не само што во секој диспанзер си смислуваат сопствени правила, туку и во ист диспанзер различен лекар/сестра да ти се падне може различно мислење да добиеш. Упатствата се подобра референца, а насоките од институциите во развиениот свет (ЦДЦ, СЗО, НХС) се најдобра. Ако тука ви прават проблем, за 65 еур вакцина плус 30 еур педијатарски преглед и апликација за дете, односно 10 еур апликација за возрасен ја има во Солун. Во Србија беше 4330 динари педијатарот, 7600 динари превенар 13, 1800 динари пнеумовакс 23. Превенар 13 или Пнеумовакс 23? Центрите за јавно здравје за возрасни ја даваат Пнеумо 23: http://www.cph.mk/mk/uslugi/v
Веднаш треба да покаже реакција ако има. Кај малата грчеви во стомак и дијареа. Како се вика оваа вакцина и на колку се прима?
За вакцина против крлежи, поточно вакцина за вирус што го пренесуваат крлежи, мислам дека се однесува на Германија, не на МК. Повеќе инфо: https://en.wikipedia.org/wiki/Tick-borne_encephalitis_vaccine
Синко наполни година на 28 06. Закажана му е МРПот за сега за понеделник 07 07. Знам дека имаше совети да не се става во лето, зошто? Друго, му земав крв на 20 06 заради проверка на железо, пиеше капки. И сега ми е жал да го боцкам пак. И Станка од Систина и во Јане Сандански ми викаат дека крвна слика не се прави секој ден и дека ако е добар, да го носам без нова крвна слика. А малку ми е тоа шубе. Споделете искуства околу ова, ве молам
На вакцини ќе ве вратат со стара кс, таа од ден во ден се менува. Жити докторите што сметаат дека кс не се прави секој ден, кс се прави и 3 пати на ден ако има потреба. Дете нема ни да памти дека е боцкано, боцни го баш заради анемијата. Анемично дете не се вакцинира.
Си помислив дека тоа со крвната слика е можеби повеќе родителска од докторска пракса, бидејќи и по форумов читам и од пријатели знам дека во ЕУ не прават воопшто крвна слика. Му правев истиот ден за сите три претходни вакцини, но сега веќе разбира и ми е поголем проблем. Благата анемичност не е причина за одложување на вакцина, со хемоглобин 9.8 ја прими третата Дитепер. Сега му беше супер крвната слика.
Полека малку. Кој бара кс? По светов кој боцка за кс, освен кај нас? И да има нешто детето, кс ќе јави 24ч по тт. Именуваната Станка кс на мојата и прави исклучиво бар 24ч по први симпроми. Најрано. Ммр кога прими мојата никој во диспанзер не ми побара кс. Поголеми доктори од докторите се правите.
Кога ние бевме да боцкаме во Ѓорче мајка ја вратија зошто и беше кс од претходната недела. Кс се менува за 24 часа. Јас не боцкам за доктори, боцкам за себе и за дете, да знам во каква општа здравствена состојба ми е детето пред да му ставам уште еден вирус во организмот. И брисеви правам и црп и општа кс и урина, нека сум мрдната ама мене тоа ме смирува. Пред 2г на година ипол малово крена тт на враќање од Струга, одма застанавме во Авицена, ништо не појави, после што 24ч отидовме пак, рипнато црп. Замисли да речев ај од жешкото му е тт, ништо не е.
Се надевам не сум единствена што плачи кога ќе го боцнат бебето,се утепав од солзи . Па само слушнав да очекувам кемкавост и доколку крене тт сирупче. На колку тт дававте сирупче.? И дали на ноџето облоги се редат? И може нормално бањање вечер.? За првата ДиТеПер
Сигурно мајка не си единствена што плаче кога ќе го боцнат. Од првата доза моето немаше никаква реакција се си беше нормално. Сирупче се дава ако качи тт над 38.5. Кај што го боцнаа таму ставај облоги, јас два дена му ставав. Може да си го бањаш.
@kukla21 баш тоа и го кажа, дека крвната слика покажува изместување 24 часа најрано по појавените симптоми. Ќе ги консултирам докторите уште еднаш и ќе одлучам. Ви благодарам на одговорите
Од 38,5 парацетомол чепче. Бањај слободно. Облоги ако добие црвенило инаку не. Моето не плаче на буцкање така да не плачам ни јас
Дека женко Моево маже така жално плаче,со солзи и долно усте свиткано срце ме боли.ич неможам да слушам/гледа бебе од болка да плачи.
Веројатно има врска полот машките се поплачковци. Али знам како ти е. Јас кога го носам Ози на вакцина или кога е болен цела ветеринарна клиника ме разбира дека сум дојдена. Он плаче и јас по него. Па кога му правеа компјутерска томографија и го успаа како хистерична будала се дерев: Вратете ми го! Онака со плачење од земја со тегнење доктори за рака мислиш ми го уби некој. Затоа и толку ме носат во последно време, дома си ги чекам Така да имам стварно среќа со малата иначе ќе ме исклоцаа до сега од кај педијатарот. Ќе ја вакцинирам и јас од ова да направи година бидејќи боденско езеро е ендемско подрачје за крлежи, а и дома си ги носиме секој ден.