Па истото ти го кажувам. 24ч по симптоми ќе појави на кс. Ако нема симптоми, што ќе појави кс. Тоа за свој мир го правиш повеќе, него што треба. Мене за ммр крвна слика никој не ми побара.
И мене не ми барале крвна слика до сега. Сум правела да, ама за ниедна вакцина до сега не ми ја побарале. Баш ме чудиш за Ѓорче, и ние таму се боцкаме. @AngelOfArh
Во март месец од 3 мајки што бевме 2 вратија, јас имав од претходен ден кс и рекоа дека до 3 дена уназад толерираат. Иначе зборам за ММР, може ради таа бараа, не знам.
Јас сега се јавив повторно и во Систина, и кај матичната и во Јане Сандански. Сите ми рекоа дека ако детето е здраво и било здраво во претходниот период, не пиело антибиотици и сл., дека нема потреба да ја повторувам крвната слика без симптоми. Дека рутински крвни слики препорачуваат еднаш во 2 месеци.
И матичен и докторката таму (една млада со кратка коса) гледаа. Дали бидејќи поставував многу прашања па да не кренам паники, ама преглед убав едно 15мин, грло, плуќа, уши, стани, клекни, скокни, кажи, покажи на синко, со се беше. А да и тт мереа бидејќи трчаше многу па загреан беше.
Ние денес ја примивме вакцината за рота вирус. Имаме полни 4 месеци и докторот рече таман сте за да ги примите сите три дози до 8 месеци. Сега да видиме дали ќе има некоја реакција во текот на денот.
Дали може некој да ми каже кои вакцини ќе ги примаме сега според поканава? И дали има некои реакции од нив, што би требало да очекувам.
Неспорна е потребата од крвна слика за општата состојба на детето, моето прашање беше дали мора да датира баш ден-два околу вакцината или може да биде „скорешна“. Го отворив прашањето за да споделиме искуства, секако дека крајниот збор го имаат докторите што го водат син ми. Секоја поранешна вакцина ја темпирав со крвна слика и закажан рутински преглед, но ете овој пат мораше да се случи и прегледот и крвната слика порано од вакцината.
Шестовалентна вакцина, плус првата доза од вакцините за рота и пнеумококи. Реакција од шестовалентната, е благо покачена температура, може да има болки и оток на местото на боцкање, од рота може течна столица да има, од последнава не знам.
Jas bi nova. Nisto ne e strasno bockanjeto od prste. Ne znam kolku tocno dena moze da bide stara k.slika, odnosno doktorite do kolku stara ja prifakaat. A deka baraat, da baraat, bar vo jane. Ova go kazuvam zatoa sto nekoj pogore napisa deka vo druga poliklinika nikogas ne im barale pred vakcina.
Така е во правилникот но јас за рота го вакцинира на 3,5 месеци во консултација со имунолози,прашај си препорачливо е да се вакцинираат
Јас го боцкав минатата недела до сега немаме реакција се надевам и ќе немаме . Др кажа дека мозе една недела потоа да има па ке видиме неделава ама се надевам ќе поминеме добро
Моето прима антибиотик,колку време откако ќе заврши со антибиотикот можам да го носам на вакцина ?2пати во еден месец закачи стрептокока и решив да ја прими вакцината.