Ја примивме третата доза ДТП во четвртокот. Прв пат појави реакција, качи температура 38.6 вечерта, баш пред спиење. Дадов сирупче далерон и среќа ја симна па не се мачеше цела вечер. Наредниот ден имаше најмногу 37.5. За рота ми кажа не ја фаќаме а за таа за стрептокока да одиме во септември.
Океј е крвната слика. Покачена Т и оток т.е топченце каде што е боцнато. Ќе ставате облоги од ациди борици.
@FreeMind денеска ја примаме ДТП, какви ви беа реакциите, докторката кажа дека сигурно нема да покаже некои реакции дека само една примала.
А рота и стрептокока оти не? Температура до 38,9 качи кај мене, чепче во газе и одма симнува. Земи си чепчиња обавезно.
Една прима во уста, една во нога, незнам зошто ништп не кажа докторката, само дека е ДТП во ногата, имам лепчиња земано.
Не може да нема. Тоа не е можно. За секоја вакцина едната лепенка од вакцината со сериски број ја лепат во книшката. Провери и ја добро негде на почетокот е на две страни се запишуваат. Ако е пуштена денес вакцината очекувај вечерва ( ако и се појави температура ). Додека спиеш пипкај на чело чисто да си бидеш мирна.
ние досега никогаш и никаква реакција сме немале. Денес конечно примивме МРП имаме 6ипол години. Дали некој има искуство со реакција на оваа вакцина?
Пишав и во темата за температура ама и овде, денес прими малото прва вакцина ДТП (2ипол месеци е) и качи тт 37.4 најмногу, а ректално беше 37.8. Сега кога мерев симнала малку 36.9 имаше. Прашањето ми е на колку време треба да ја следам додека спие, може ли нагло да качи повеќе оти не и дадов ништо, само ја истуширав со млака вода?
Исто и ние вчера ја примивме,само што ние сме 3ипол месеци малце сме закаснети.. Клавам лепенки на боцнатото на секои 8ч а нојкеска исто имаше 37со4 а ректално 37со9 и кад туширав со Млака вода и проверував температура на секои два часа пошто и јас незнаев како треба.Кај мене е многу кемкава
Мајки , во јане сандански треба да закажам за ммр вакцина ама телефон некој дали има или мора да се иде таму да се закаже?ќе ме вратат ли ако не закажам?
Абе мене ми кажувале дата до сегаи на таа дата сум носела ама сега дека децава не беа добри па одложив за една недела. Иначе примаа антибиотик до средата и докторката ми вика да вакцинирам без проблем , вие какво искуство имате?
Датумот кој ти го кажуваат е кога нај рано можеш да носиш за наредна. Јас секогаш сум носела покасно. Инаку во принцип прашуваат дали детето пиело антибиотик во последниот период, ама дали би вратиле не знам. Во принцип јас колку што читав по странски сајтови не е проблем и да прима детето антибиотик, само не е препорачливо зошто ако се појави некаква реакција не би знаеле дали е од претходната состојба или од вакцина.