Има ли некоја од вас што вакцинирала ммр на жешково? Сакам да ја прими, 12+ е, да бидам раат. Често се дружиме со поголеми деца, па стравот од морбили е голем. Ама од друга страна ме паничи мислата висока тт на олку високи надворешни температури..
Јас, на 7-8 јули го вакцинирав син ми, со тукушто наполнети 12 месеци. Немаше никаква реакција, супер пројде.
Nie imame termin za vtora doza sredina na avgust mali e 17 meseci i ne ni razmisluvam za temperaturata nadvor. Ubavo pomina na prvata se nadevam deka taka ke bide i so ovaa. A vcera bese i na vtora doza protiv krlezi dodusa na vaa nema nikakvi reakcii.
Vakciniraj si. Јас вакцинирав сега до петок ке прави 21 ден од вакцина.Од 9 до 12 ден имаше тт која се движеше од 37.5 до 38.5 само еднаш качи 38.9 со сируп за кратко ја симна и толку.Не се плаши секако дома просториите се разладуваат.Со лесно.
Јас, на точно 13 месеци ја однесов (пред месец дена беше отприлика). Од 7-10ти ден имаше темп. цело време до 39,5. Помина за 3 дена, многу се исплашив бевме двапати на Детска клиника, ми рекоа во меѓувреме фатила друг вирус и грлото и беше црвено од што и паднал имунитетот од вакцината. Мислам дека околу 10-иот ден прекина со темп и после беше ок. Немаше осип или такви работи. Не сакам да те плашам само кажувам искуство. Подобро сега вакцинирај додека не почнале разболувањата есента. Сега на раат ја пуштам да си игра со деца.
Ако е за на приватно, има Авицена во зградите позади Тренд во Аеродром. За во Јане, влезот кај педијатрите е до диспанзерот за вакцини, прашај, ќе дадат упат за во лабораторијата што е на кат.
Ама не ми е таму матичниот и секако 200 денари е крвна слика ама да не се шетам со децата од тренд до јане .
Јас ја вакцинирав минатата недела во вторникот, неколку дена нема апетит со молби јаде, синоќа температура до 38, денес добра е, вечерва ќе видиме како ќе поминеме, до сега 9 дена од вакцина 14+ е.
Мојот педијатар вика дека кога има температура па и осип се сигурни дека делувала вакцината ,затоа не се секирај, чекај 38,5 па давај парацетамол
За недела дена полниме 3 месеци. Вчера ја примивме 6товалентната вакцина. На картонот пишува на 24/9/19 наредната вакцина. Но некако е нејасно напишано. Дали така е редоследот? После месец дена наредната? И баш прашав во друга тема, најубаво да се обратам тука, за новововедените 2 вакцини, дали имате лично искуство?
Мамички пред два дена завршивме со антибиотикот а на 13ти овој месец треба да примаме вакцина, смееме или не? Антибиотикот не беше поради настинка.
Ako dete e vo dobra zdr sostojba ne bi trebalo da ima.precki za vakcina. Sepak najdobro ke ti kazat na pregled pred da ja primi vakcinata.