Јас пред 3 дена го однесов, го боцнаа за ммр, нема никаков проблем, само текоа дома да седи во разладена просторија.
А има ли некоја мајка на која детето и е на возраст или поголемнко за ставање на вакцината а ја нема ставено сеуште и ако може причини се двоумам незнам дали да го носам по се што прочитав
Многумина ја одложувавме од страв, но епидемијата сите не освести, ако немаш посериозна причина тогаш стави ја на време и не читај многу антиваксерски тврдења.
Ме предомислија кај матичната, да почекам жешкото да помине и интервенцијата. Еве од четврток ќе паднат температурите.
Мајки дали некое бебе било постаро од 15недели кога ја примило првата доза од вакцина(капки) РОТА. Моето бебе е 20месеци и ми викат да ставам прва доза рота збунета сум бидејќи пишува до 15недели.
И ние кога бевме на вакцина на 4 месеци,ни рекоа дека не може да ја прими,бидејќи првата доза се примала мислам до 8ма недела,не сум сигурна точно,но дека е постар за да ја прими.
Јас еве утре ќе ја носам првата доза дтп да ја прими. Демек ќе залади утре малку Кс не правев. Ја однесов на преглед и добра беше. Брисеви имам од пред 10 дена. @Sexybaby86 имаше реакција на вакцината за стрептокока? Ми кажа докторкава двете да ги ставам, ама некако многу боцкање ми се гледа.
@kukla21 Пред неполн месец ја боцкаа беба со втора доза ДТП и ја боцнаа прва доза за стрептокока. Реакција некоја голема немаше, оточе мало локално скоро и да не се приметуваше и темп. до 38.5 максимум, само ноќта ми качи. Другите два дена само покенкава, ама и во скок беше, ништо друго.
Имаше тт следниот ден откако се боцнавме, околу 38.2-38.3 качи. Спушташе сама од себе, не дадов ништо и не направив ништо освен туширање дента еднаш двапати и што ја оставив расоблечена. Весела си беше, јадеше и играше, и ко од шала помина Само еден ден траеше (од утрото до вечерта). И од дтп ја имавме истата реакција со ваква тт, ама на третата доза беше тоа. Сега ја прими само пнеумококот, а нареден месец ни е дтп ревакцината + втора доза пнеумокок, заедно ќе ги прими.
Читав дека најчеато на 3та доза јавуваат реаквија на дтп, па се надевам дека и кај неа така ќе е А ова кога ќе ги прими се 2 боцкања?
Да, две боцкања ќе бидат. Точно инаку за дтп, најчесто третата доза дава реакција, ама ништо страшно. Од првите две ни мојава немаше ништо