До која возраст примаат две дози пнеумокок? Бебо е 8 месеци, сакам следната недела да го однесам да го боцнат, додека сум уште на породилно. Се надевам нема да има реакции од вакцината. Последниот пат од 3та доза ДТП имаше два дена темп 38.6/38.3.
Ставивме МРП на 6ти месецов. Тт не кренавме, но затоа целото тело му е со осип. Крупни како од комарец каснати, секиј ден има нови и повеќе. Некој да има искуство и дали ќе му помине само од себе и за колку дена. Осипот му е веќе трети ден.
Ако залади ќе носам и јас. Му мириса нему здивот. Ми личи како од грло. Не ќе да е заб. Вели дека не го боли, ама кс немам правено од зимата мислам или пред НГ. Се плашам да не му се погоди сега близу ако му стават анестезија и ќе му прават алерго тестови.
Koga buckavme mrp ni prepisaa fenistil za sekoj slucaj no ne go iskoristivme. Mozes da mackas so nego.
А што значи мирис на здив. На син ми знае некогаш да му мириса,а не бил болен немал ни зацрвенето грло
Па знам според себе и од матична. Грло, заб или желудник. Он има расипани заби ама ова ми стои на грло.
Син ми на 8 ми месецов е боцнат. Уште нема симтоми, а за осип докторката во Јане рече ако во случај се појави да не ставаме ништо само од себе ке поминело. Можеш да прашаш и педијатар за секој случај
На другарка малата исто тој период некаде боцкана, темп 3 дена 40 и доби осип страшен низ цело тело некаде 11,12ти ден. Беа на клиника рекоа реакција ништо страшно, ама стана бетер и беа на инфективно и таму им рекле ок е не се морбили, провериле преку крв нешто. Пак дома се вратиле, девојчево неможеше да спие лом цела бетер и пак нареден ден назад на клиника зашто и како мозолчиња со бело се направиле и таму прости и рекле морбили се!! Заразно е детето не ја шетајте никаде На крај во Систина отидоа и испадна алергија од сосема нешто друго... и ставија инекција, за час и се повлекло скоро се. После продолжи со сируп и до вечерта немала ништо... Баш тука прашував и јас истиот ден кога ми прати слики од малата... Да не е некоја алергија и кај вас?
2 пати на клиника беа, еднаш на инфективно. Првиот пат рекле на клиника не се, вториот пат рекоа на инфективно не се и провериле преку крв, трет пат на клиника ги испаничиле дека се и отидоа за Систина. Нормално дека не се, 2ри ден со инекција за алергија за час се повлекло се, сабајле 3ти ден кожата стакло. Алергија било од др нешто. Само на клиника од око, а потврден документ дека не се морбили имаа од инфективно... им рекле дека морбили се Беа мн пати зашто се влошуваше многу... Јас ја убедував да не оди џабе Систина, ама овој пат не беше џабе.
Е ајде де.. ама од кај да знаат они испаничени, девојчево стварно точка до точка беше.. дури и позади уши имаше осип. А тие таму им рекле чувајте ја дома, морбили се Па и уште одмор да откажат им рекле... и од таму право во Систина отишле. Девојчето е сега океј. Темп била реакција од вакцината ама осипот алергија од друго...
Е ајде де.. еднаш и рекле реакција на вакцината, еднаш морбили се на детска клиника. А не било ни реакција, да било немало со инекција антихистамин да помине за час... Страшно изгледаше малото, од глава до пети...
Бидна. Бебе е јуначе. Глас не пушти Кс никој не ми побара, пак, нит ме прати да правам. Ајде сега уште овие 2 дена да минат. Следна во октомври.
Не ни примети дека ја боцнаа и за ммр така беше. Мпјава е џамбаз. Се ја интересира. Премногу беше фокусирана на се што гледа во ажбулантата
Пак јас мами. Синко се повеќе и повеќе нови брунчиња му излегуваат, осипот пострашен од вчера. Не го чеша ама како од сипаница е целиот. Греота ми е ептен. Да го носам кај матичната утре? Совет?