Дали некој бил во Автокоманда за вакцината за стрептокока? Треба да се порача или ја имаат? Како оди процедурата да си знам. Мојава треба да прима и уште една, таа што е на 18м, 5вал ваљда беше. После неа треба да чекаме месец ипол за стрептокока или може и порано?
Заедно и двете вакцини? :/ Боцкал некој така? Сакам да ја прими пред градинка. Па ако не прво таа, па после другата што ја касниме...
Може заедно, ние во септември ќе ги боцкаме заедно, ревакцина дтпр + втора доза стрептокока (првата доза ја прими сега брзо). Стрептококата е независна од други вакцини, може заедно да се прима, не мора да чекаш.
Ако е таа на рачето, реакција таква се очекува по месец дена од кога е примена. Тоа е таа вакцина што останува белег и тоа значи дека е успешна.
И на кај моево беше таква на рачето, сега се излупи тоа како бело кожиче и само црвено е. Без гајле, нормално е.
@kukla21 стававте прва доза дтп и стрептокока? Како е малата до сега? Се водам по тебе, се мислам тука се со возраст нашите
Само дтп прими. Никаква реакција немаше. Ни тт, нит промена на расположение, нит јадење. Се најнорнално.
Некој да ставил само пнеумокока вакцина на бебе? Се мислам да го однесам бебо следната недела, 8+ е. Додека сум уште дома, да истераме заедно ако има реакција со темп не дај Боже.
Само што бевме и ја откажавме за после одмор, инаку сме 7м, ќе ја примиме без размислување. Информации добиле од мајките дека најмногу до 38 качувале.
Па ете ние ја ставивме, само тоа верглам во темава Само таа ја примивме, и качи 38.2 следниот ден. Цел ден сама и’ се симнуваше, бебка беше весела, јадеше и пиеше нормално и не дадов ништо против тт. Само ја истуширав со млака вода (без миење глава). Еден ден ја држеше, од сабајлето до вечерта, ноќта за спиење немаше веќе и не качи повеќе.