Многу сум во мисла а и навистина не ги разбирам работите да не се правам учена да си прашам тука бидејќи една дрска докторка на вакцини од такт ме извади. Зошто е убаво да се направи крвна слика пред вакцина? И зошто докторите не преферираат? Ме вратија со образложение високи тромбоцити,сама си барала да испитуваш крвна слика сега на овај резултат не давам да се боцка. Ова беше одговорот. Но ако нема поврзаност зошто ме врајќа? А предходно дрско ми вика што си барала да испитуваш кс?
Мене не ми е јасно, прво зошто си испитала после не боцкам високи тромбоцити, демек ако не видеше кс и боцнеше со високи тромбоцити не е негова грешка. Затоа правам кс и носам дете матичен да го види, оти ради реда гледаат на вакцини.
Ние се спремаме за следна недела за ммр,ќе има полни 9 месеци. Страв мие ама немам друг избор се надевам дека ќе поминеме без реакција. Крвна слика и брисеви ќе му правам обавезно. Слушам дека требало белка да се воведе?
Со првото сите вакцини ги примивме ниедна не даде реакција. Вакциниравме по стар календар. Сега за новиов календар и новите вакцини врска немам кој се што се и кога се примаат. Денес ја примивме BSG (или како ли се викаше) . Се надевам нема да даде некоја реакција на која ќе се испаничам
Не е неопходно да се направи крвна слика, иако тоа било твој избор не е ништо погрешно. Според она што го кажуваш повисоки тромбоцити (колку повисоки над нормала?) не се индикација да не прими вакцина, доколку остнатите елементи од крвната слика се добри. ПС: Побарај си друга докторка, тоа е твое право. Со среќа
Па неможев да ја менам докторката,таа беше на вакцини,рече со ваков наод не давам да се прими,нека се одложи за една недела повторно да се испитаат дали спаднале,ако не се спаднати да си го варам матичниот,штом вејќе сум си прикажала кс. Јас од овде разврав дека повејќето прават кс,и баш 2-3 стрсни наназад коментирав дека ми е жал кога го боцкаат,па повејќето коментари беа дека пожелно е Но баш се мислев зошто докторите се против (одредени),а кога ке има нешто покачено/намалено одложуваат? Што ако немав кс,а тромбоцитите се дупло покачени? Ке имаше нешто последици? Не ми е навистина јасно...
Вчера ревакцина со 6валентната, после 12ч. температура 38.5°C дадов Далерон... И синоќа имаше 38.3°C дадов пак.... Е сега уште колку саати / денови ќе има реакција? @Happyinlove и јас правев кс вчера и докторката ми рече супер што си проверила, да знаеме на што сме.... Инаку бебка е 6мес. и 1 недела
Обично до 3 дена има реакција, така ни кажаа нас кога ја примивме првата доза 6 валентна. Утре имаме ревакцина на дтп, така ми запишале, а 4 месеци е малата. Што да очекувам? Треба и рота да прими, ама не знам дали воопшто да ја прими.
Оти не сакаш да прими рота? Јас да може би ја ставила и на моето. Ужасен стомачен вирус е рота вирусот.
Се слагам и јас со Дафи за ротата. Мене многу ми е криво што моето за некој месец ја пропушти ротата, ама тоа е.
Здраво денес на 4дена пред полни 11месеци бевме на читање на белег на bsg вакцина, излезе дека е неуспешна утре ќе го вакцинирам, дали од оваа вакцина имал некоја слично искуство и дали имале реакција после вакцината на поголема возраст?
Оти јас првпат чув за вирусот од вакцината. Никогаш не сум чула. Чест вирус ли е? И е само еден тип на стомачен вирус од стотици... Ај баш ќе прогуглам.
До 2 месеци даваат за рота,од кога ја воведоаа како задолжителна вакцина знам за кратко не не фати да ја прими. Со 2 доза дитепер боцкаат за пневмнококна вакцина.