Мене педијатарот во оделот за вакцини ми рече, на 6месеци имавме само мала црвена точка која исчезна, немаше ни гнојче ни меурче. Мене ме буни му викам прво крвна слика да направам па да го вакцинирам ми вика немало потреба.
Нас не фаќаше, ама не беше задолжителна уште и ни рекоа со ревакцината ќе и ја пуштеле ако сум сакала, оти тогаш се двоумев.
Прогуглај, деца се најизложени на рота и најтешко минат. Како ке каже педијатар за кс. Он отценува дали е здраво детето. Јас не правам пред секоја вакцина.
Јас правев кс оти и беше низок хемоглобинот минатиот месец, сега се покачил од 100 на 107, ама пак е под граница. Ќе ја вакцинираат ли што мислите? Инаку ваљда и за претходната вакцина и бил низок ама не направив кс тогаш и ок пројдовме, со 37.7 тт максимум.
Драга штом така ти рекла, однеси го на вакцина следна недела. Се надевам дека тромбоцитите не се многу над нормалните вредности, не знам зошто ни се развикала.. Крвна слика не е неопходна, но не е ни грешка да се направи чисто за контрола.
Па педијатарот со 100 претходниот пат ни даде сируп легофер 2 пати по 5мл, рече дека низок бил. И давав две недели само по 5мл наместо по 10 и бебе се изнаплака тие две недели, веројатно имаше грчеви од сирупот оти плачеше саат-два по давањето на сирупот па на своја рака го прекинав. Едно лечиш друго расипуваш. Не земам веќе здраво за готово мислење од лекар.
На ќерка ми сега и е 11.9 а во јули и бил 11.8 и матичната редовно ни кажува дека сме благо анемични. Вика 6 дена во неделата месо, да не е претерано? Да не сум оф топик, претходната недела ја ставивме пнеумокок и поминавме без реакција.
Ние многу лесно ја поминавме, немаше реакција, а за рота да си ја примите мене ми е криво што не ја прими бебка за некој месец.... Многу лош вирус е со дијареа и повраќање Манту проба правете за да видите дали е успешно предходното вакцинирање. Може да биде успешна, но да нема белег
Во Велес со клешти да им ги вадиш зборовите на докторите, не ми спомна за таква проба, утре ќе побарам да направат па ќе видам што ќе ми рече.
Мамички бебе е 2ипол месеци и вчера ги примивме прва доза од шестовалентната и рота. Океј беше,ставав лепенки ама денес гледам како црвено му е и малу отечено местото кај што е боцнат. Му спадна од преска но сеуште има. Искуство некоја?
Здраво ќе помине постепено сепак да не е мн отечено местото, да те прашам ние сега на 16 ќе ја примиме вакцинава како со реакција поминавте и за што ги ставате тие лепенки? Јас на претходните две керкички не сум ставала ништо или тогаш немало или не сум знаела
Нормална реакција е. Ќе мине за некој ден. Можеш облоги од ациди борици да ставаш. Лепенки има во аптеките. Антипиреа. И ништо да не ставаш не е грешка.
Фала за одговорот многу се уплашив. Бебе освен што беше поспан и не сискаше, немаше никаква реакција. Температура крена до 37.3 и толку. Лепенките ги ставав на местото кај што го боцнаа, као демек спаѓа температурата од нив, превентивно 4 лепенки му ставив во рок од 8 часа една. Од рота нема реакција, само може да има проливче. На секое менување пелена миј раце, обично така правиме знам ама сега повеке да внимаваме треба една недела, ради ротата бил жив вирус. Ова совет од други мајки. Не се грижи, се ќе помине ко што треба
Нормално е. После 3 дена почни да го масираш местото со павловичева. Кај мојата остана грутче и со масажа се повлече за недела дена. Ние сега примивме 2ра доза дтп и пневмокок. Плачеше многу од пневмококот, од дтп не заплака воопшто. Во двете бутчиња ја боцнаа и сега ставив ациди борици на туфери за градите што ги користам и и ги залепив на панталоните. Ова нарочно го споделувам оти претходниот пат ставав на памук и врзував со хулахопка ама се лизгаше и и ги мокреше панталоните. Вака е многу подобро. Од лепенките ставам навечер оти подолго им е дејството. Ќе видиме како ќе поминеме.