4 месеци девојче е, рота не примивме, требало претходниот пат сега била голема. Ми рекоа до 3 месеци и 2 недели ставале рота.
Јас со првото незнаев после вакцина кога ке дојдев дома и ставав еферглан чепче за да не ми крене темп.случајно им казав на дојт лом ме направија ми рекоа ништо да не ставам освен ако има од 38 темп бидејќи така и се намалува ло дејството на вакцината и престанав инаку и двете ги имаат сите вакцини на време примано без темп. И на малава сите ќе и ги ставам... Поздрав
И кај нас е исто, јако е местото отечено и потсинато.... Ставам облога ациди борици, првата вечер ставив лепенка но не ми помогна многу, сега ставам ациди борици се надевам дека ќе помине.... Од предходните немаше ништо вакво....
Ke pomine so tek na vreme i mali na sekoe bockanje mu se zgrudcuvase mestoto i pomodreno mu bese. Ne mu pomagaa ni oblogi ni nisto samo pominuvae so tek na vreme
До сега качи 37.6, ја избањав и падна на 37.2. Сега заспа. Не знам дали да проверувам ноќеска, оти она дури во 5-6 станува за цицање. Можно ли е да качи повеќе ако до сега нема реакција (утрово во 9 ја боцнаа)?
Денес прими ДТП и Превенар. По едно боцкање во двете рачиња. Прашувам дали облоги, сируп над 38.5 или нешто друго...во диспанзерот ми велат на убодот шд дтп ладно..од превенарот не знам..не знам какп делува....коста ми се крена значи.... да ставам лепенка на двете места? Искуства?
Jas dadov Daleron na 38.5 dva pati mi krena temperatura, a na mestata stavaj Acidi Borici, nas poveke ni pomaga toa od lepenka
Не,голем бил.. Ме изнервира односот..па не знам какп делува,што да правиш...како не знам..како може да не знаеш да дадеш совет во твоја бранша..па не прашав јас во хирургија..Господе Боже....
На жалост ги има многу такви. Инаку нема штета од лепенката, тоа помага да не биде топло каде што е боцнато. Али ете ти пишале можеш и борова вода.
Здраво и нас не боцнаа денес Рота ја испи едвај пошто знаеме да плукаме ама бицките во двете ножиња душава ме заболе сега за сега е супер гуга се смее па ќе видиме...
2месеци и 5дена е малата прв пат ја прима, HB, DTAP, HIB, IPV, ROTA i PCV на овие имаме печат од денеска Ротата е преку уста а ни пуштија по една на двете ножиња сега за сега е супер спие, цица и најважно нема температура барем за сега...
Вакцина не се става на болно дете кое е на антибиотска терапија, или и на настинато? Настинката менува некои вредности на крвната слика? Се покачува нешто ако нема ниту грло црвено? Никако да дојде ред ммр да ја примиме, никако од глава да ми се мавне. Еве ја размрсулавена два дена, инхалирам со физиолошки и капки оригано, ако носам на лекар секако антибиотик ќе дадат, и ќе се одолговлече уште месец дена.. Пошо докторката не знае никад дали на моето дете му е црвено грлото и едноставно таква и била бојата (???)
Еве и ние имаме реакција вчера качи температура 37,4 туширање и ја изнесовме на шетање и и падна цела вечер беше ок, сега и мерам има точно 37 а заспа цицаше нормално дали да ја будам да ја туширам пак или да не ја малтретирам од одма инаку поминаа 24ч од вакцината
па 37 не е за третирање таман си е нормална температура. Нас од вакцини ни велеа ако качи 38.5 да третирам до 38 е ок од 38-38.5 можам да туширам да ставам оцет...
И јас така знам имам поминато ноќи неспиени кога имале некоја од дадите темп.ама ме буни оваа новава вакцина што ја примивме инаку чим цица и моча добро е а и различно е секое дете големата кога имала темп во спиењето и се намалуваше а помалата она а заспие како од рерна да ја вадиш качуваше е сеа најмалава првпат и е и нејзе и нас
секако со деца раат да не си искрено. Секогаш си на штрек. Ама па јас како што сум за тт паничар на 38 давам сируп на 38.5 чепче а над 38.5 одам на лекар никогаш не седам мирна со дете со тт ни па чекам да дојде до 39