Па истата вакцина е. Само како што кажав, Превенар штити од 13 подвидови на стрептокока пнеумоние, а Пнеумовакс од 23 подвидови на истата бактерија.
Кажете ми вие кои сте ги вакцинирале децата во Солун, каде го направивте тоа? Сакам да ја носам ќерка ми да прими вакцина за стрептокока. Ми рекоа имало во Космос аптека/ординација? @Annath пнеумовакс не е за постари лица?
Мислам не е само за нив, туку и за деца до две години пожелно е таа да се прима. Сега читав малку повеќе, за високоризични пациенти е. Можеби сепак Превенар е доволна. А зошто сакаш во Солун да вакцинираш, тука не може?
Не, голема е мојава. До 5 години е вакцината, над 5 не може. А ја нема ни во Центар за јавно здравје. Единствена опција е странство. Ќерка ми со пиогенис има мака, вакцинава знам дека е за пнеумоние, ама сепак сакам да ја вакцинирам и плус Бронховаксом (така мислам беа) ампули. Нема да и е многу
Бев пред нецел месец. До 5 години можат да вакцинираат, над 5 не. Имаат допис од министерство. И во министерство пишав, истото ми го кажаа.
А причина ти кажаа? Нема логика, освен ако не е стриктно наведено дека не смее да се даваат кај деца постари од пет години.
Не. Нашево министерство најверојатно проценило дека до 5 години се ризичен фактор децата, па затоа... Мене тоа толку не ми смета, ми смета што не можам да ја најдам приватно никаде и да ја прими тука, мора во странство да се акам
Бидејќи е 2 години ми рекоа само една доза дека ќе прими. Нас ни дадоа картонче. Едно има кај нив, едно за нас што ни го пополнуваат.
За амбуланта не знам. Има аптека која е снабдена со сите вакцини. Ти треба само розева рецепта од матичен. Јас купував, не за моето. Дечињата ги боцкаа тука.
Бронховаксом се капсули, ги има во Зегин. Единствената разлика меѓу тие за деца и тие за возрасни е дозата - за деца е 3.5мг, за возрасни е 7мг, слободно можеш да ја поделиш на два дела капсулата. Повеќе инфо: http://www.minapharm.com/Public/ProductDetails.aspx?ProductCode=BRONCHOADL&langParam=en @Annath @TeddyGrey Едно мало дообјаснување, ако може.... ПЦВ13, односно Превенар 13, и ППСВ23, односно ПнеумоВакс 23, иако се и двете ацелуларни, не е истата вакцина, односно имаат различен состав, а и, ова е посебно важниот дел - целосно друг механизам на дејство. Превенар е поради тој механизам доста поефикасен, а и подолготраен. Превенар содржи минимална количина, 34 микрограми, ЦРМ197, протеин што имитира дифтерија токсин (нагласок на имитира, односно - не е токсичен), и благодарение на тоа предизвикува реакција зависна од Лимфоцити, односно долготраен имунолошки одговор базиран на антитела што ги убиваат стрептококите пнеумониае. Затоа и се вика -Конјугирана- вакцина. Пнеумовакс работи со друг механизам, преку Фагоцити, односно ќелии убијци, што ги наведува да ги јадат патогените организми, во случајов стрептококи пнеумониае, но не предизвикува антитела. Најдобри резултати, се забележани при администрација прво на ПЦВ13, па после некое време на ППСВ23. Во зависност од возраста на пациентот, се менува времето меѓу двете администрации, повеќе инфо тука: https://www.cdc.gov/vaccines/vpd/pneumo/hcp/PCV13-adults.html
Вангелис Котсопулос. Педијатар. Контакт +30 694 707 7886 vkotsop@gmail.com Превенар 13 е 65 еур, тој ќе ја набави, 30 еур контролен преглед и ставање. На гоогле мапс ќе го најдеш како Евангелос Котсопулос https://www.google.com/maps/place/Kotsopoulos Evangelos P../@40.6184415,22.9519714,17z/data=!3m1!4b1!4m5!3m4!1s0x14a838e203131ac9:0x2af86331ce1ab55e!8m2!3d40.6184415!4d22.9541601