Затоа што не им текнало во ФЗО дека треба да набават, најверојатно заглавило на биро на некоја што е на трудничко, па ја чекаат да се врати....
Чисто информативно... Превенар 13, ПЦВ13, е од 2011. Првиот Превенар, ПЦВ7, е од 2000. Пнеумовакс 23, ППСВ23, е од 1983, со тоа што ППСВ14 е уште од 1970тите. Во календари за редовна имунизација е само Превенар, Пнеумовакс се дава само на високоризични популации. Повеќе информации: https://en.wikipedia.org/wiki/Pneumococcal_polysaccharide_vaccine
Добар имунолошки систем. Слободно дај и парацетамол, знаеш од што е температурата, нема зошто да се мачи.
Температура е одговор на организмот на инфекција, пошто некои патогени организми ги убива таа температура. Овие вакцини немаат ништо за убивање, само имунолошкиот систем -мисли- дека има. Антителата не зависат од температурата Кај Превенар 13 обично до два дена трае температура, во комбинација со Инфанрикс Хекса знае и до три дена да трае.
Во Јане Сандански не ми дадоа, не знам дали заборавија или не даваат на никој. Ај ако знае некој нека пише дали да одам да побарам.
За двете деца сме во Јане. На прва вакцина кога бевме ми дадоа два картони да ги пополнам податоците. Едниот остана кај нив,едниот ни го дадоа. На секоја наредна вакцина го носам, пополнуваат во двата што е боцнато. За во градинка ни бараа потврда за примена вакцина и копија од картонот.
Јас оставам. Ама ти си го знаеш детево. Дали нагло качува, како се однесува со Т. Мојот минатиот петок беше со Т до 38. Варираше и сама паѓаше. Шетавме, јадеше, не дадов ништо. Ноќта заспа, се испоти и толку беше .
Здраво мајки, дали од вакцина може да има реакција нос да се растече? Завчера примивме две вакцини, вчера имаше кратко температура 37,3 и носот ептен му се растече.
Мајки каде во центар ги носите на вакцина? Треба да примиме прва вакцина, а Јане Сандански и Букурешт ми се далеку.