Sto da se ocekuva od prvata vakcina i za kolku vreme moze da dade reakcija? Ne sum sigurna mislam deka bese do 72 casa.??
Покачена Т и оток / црвенило каде што е боцнато. Најчесто и нема реакција. Ама и да има , не е ништо страшно.
Za edna nedela treba da odime na vakcina, tie so se stavaat na 3ipol meseci. Jas realno ic ne gi razbiram samo datum gledam koga treba da odam. Znae li nekoj da mi kaze koi i za sto se vakcinite staveni na 3ipol meseci i kakvi reakcii se ocekuva?
Примивме трета доза ДиТеПер и втора Пнеумовакс. За првите две дози бебе ми качуваше температура до 38.2-38.5. За последнава најмногу 37.6. Си беше весела со апетит и не беше кенкава, просто се зачудив, башка што со малку покачени леукоцити ја прими вакцината. Се чудеше и матичниот и докторката таму од што се покачени кога на бебе ни нос и тече, нит е затната нит кива, кашла. Убаво ја прегледаа и двајцата и на двајцата заклучокот им беше ова е здраво бебе, може да прима вакцина.
Пред колку време ја примивте? И имењачката ваша треба да ја прими наредната недела и баш ми е страв бидејќи ем шестовалентната ем пнеумовакс одеднаш. Од претходните немаше никаква реакција.
Ја примивме во вторникот, денес петок, значи 4 ден. Го бројам и денот кога ја примивме зошто ја боцкаа во 8.30 сабајле. И претходниот пат кога примаше втора доза ДиТеПер прими и прва Пнеумовакс, ја боцкаа во двете ноџиња. Ништо посебно реакции, локално ставав облоги ациди борици, и мерев температура. До 38.2 само расоблекував дете и повеќе цицање и водичка. Над тоа првиот и вториот пат дадов сируп одма ми спушти и повеќе не ми качи, а сега како што кажав највисока 37.6.
Пнеумовакс или Превенар? Не можам да разберам... пред година ја даваат Пнеумовакс, а ако се постари Превенар? Син ми треба да ја прима вакцинава за стрептокока, ни рекоа дека Превенар ќе ја прими. Три години има.
Мајки,ајде ако може искуство за тие што бебињата примале ММР. Бебко е 8 месеци и уште ММР остана за примање,ама гледам некако поделени мислењата,па да прашам кога се прима таа вакцина правилно и кои се последиците од неа? Ви благордарам!
Денеска примивме вакцина т.е повеќе вакцини 2 месеци и 9 дена сме преку ден немаше температура но накај 19 часот имаше 37...па 37.5 ставив лепенки на боцнатото..на колку да дадам сируп ако качи повеќе прво дете ми е па малку се плашам од температури
И ние примивме денес, 2ипол месеци сме. Веднаш што се вративме ставив ациди бориди на боцнатато. Тт не качивме, но ни рекоа над 38.5 ако качи да дадам сируп или чепче.
И ние оваа недела ја примивме третата доза ДиТеПер шестовалентна и прва доза пнеумовакс, по една во двете ножиња, ми качи до 37 тт, не и дадов ништо, само и ги сменив лепенките со нови. Немаше оток, само малку кенкава на моменти. До сега супер ги поднесува сите вакцини. Со лесно да минете и вие
Истите вакцини ги примивме пред некој ден,и ние лесно поминавме фала богу.Темпер.мах.37,5 качи,само на едното ноџе имаше два дена мал оток,ставав ациди борици и помина.
Мајки за што се лепенкиве кои ги ставате? Ние досега имаме примено само таа првата која ја ставаат во болница во ножето и Бсж. Има поминато веќе месец , а сеуште нема белег на рамото од Бсж. Кога уствари се формира тој белег, досега не му се појави на местото ни црвенило, ни корувче како што кажа докторката.
Лепенките се антипиреа, против Т и за ладење. Мојот нема никаков белег од БСЖ. Не е правило дека треба да има. Тоа останало од едно време.
Има уште време, некаде во вториот месец се појавува таа реакција, но не мора да значи дека ќе ја има. Кај големиот немаше никаква реакција од БСЖ и нема белег (пак е вакциниран), а кај малово без некоја голема реакција се појави белег нешто над 6 месеци. Над годината почна повеќе му се познава.
Мене др ми рече пред 9 месеци не боцкам ммр, најубаво е ако можеш на годината да ја боцнеш а ме порано
На два месеци нели се примаат некои вакцини? Мене ми нема стасно покана сеуште До кога да чекам пред да им отидам за да прашам? До кога се толерира за да ти ја пуштат?