Оваа Рота вакцина од кога е воведена? Моиве примија шестовалентна ама Рота мислам немаше, плус и преку уста вакцина не примиле. А и кај може двомесечно бебе преку уста да прими вакцини, пола ќе му истече.
И кај нас не даваат два пати прашав и ми рекоа дека по ново не се давало, ни тие немаа картонче на лист пишуваат жално но тоа е, можам да го сликам но нема примерок за мене
Нам првата доза ни ја закажаа на 25.11, 3 дена пред да наполни 8 месеци. Вакциналниот картон е од големо значење, ако немаат барајте барем во книшка да ви запишуваат.
Прашав за вакцината ни рекоа ако е дома нема потреба од брзање но пред да почне во градинка ке мора, а за картонче ми беше чудно затоа што другарка моја во друг дисперзер во ист град доби а овде немаат но важно во книшка пишуваат
Девојки малото треба да прими вакцина против рота,новата вакцина.Дали вашите прими ја и како ја поднесоа и каде ја примија?Какви се вашите искуства?Ви благодара,мили
На 07.10 ја прими втората доза од шестовалентаната вакцина, дали е можно сега да појави покачена тт по 10 дена? До 38° стигна а не е ни настината ниту пак носе и тече, вечерва ке дежурам тоа е сигурно
Девојки во понеделник треба да носам бебе на први вакцини рота и шестовалентна. 2+ сме. Ама бебе има вирус, докторката ништо не ми спомна за тоа, само ми рече се гледаме во понеделник за вакцините. Зарем може да прими вакцина ако веќе има вирус?
Не. Шестовалентните реакција имаат до 48 часа. Настината е или вади заби. Не може. Вакцината треба да ја прими кога е целосно здрава. Јас не би ја носела.
Утре сме на вакцина, првата доза од петовалентнаи втора доза рота. Што да очекувам од реакции. Да дадам нешто за болка превентивно, читам мајки даваат далерон Имам лепенки за температура, или да земам ациди борици. Што е подобро. И јас што да земам за смирување
Е што паничиш сега, не ти треба тоа . Имај превентивно само сируп за тт ако качи над 38.5 ама верувај нема да качи тт. Ако качи ќе е во рок од 24 часа после немаш гајле, силна женска е таа што се потресуваш. Превентивно не давај ништо, апсолутно нема потреба.
Прошлиот пат кога ја боцнавме беше ок, и дома кога рече вришти дете. Старшно беше, а и у скок бевме. Исто и сега, 4ти скок и плус громче стои во оваа недела