мене па една пријателка но го препорача рече одма земај таа за нејзиното 4 годишно цело време такви користела. Ене стои ќе се најде за недај боже за поголемото
Да прашам реакции од вакцинирањето колку дена траат? Ми е некако раздразливо кемкаво а денес е и поспано. Вчера ја примивме вакцината
Мојата вчера прими вакцина со боцкање плус рота со напивање. Веднаш после боцкањето ставив лепенка. До сега нема никаква Реакција. Мерам тем 36.3. Не забележав некоја промена во однесување. Само ноќеска мо стана место еднаш, два пати за цицање. Можеби ја пробудив со топлометарот. УтроВо не можев да го најдам местото на боцкање. Ништо не се познава. Со лесно на сите што ќе ставате
е според тоа боцнатото место одредувале дали е успешна вакцината. Некаде се познава некаде не. Јас за лепенката касно дознав. Вечерта една пријателка ми кажа. Дадов парацетамол од страв,беше топол ама едвај маки измачив со мерење. Топломерот до 3 мин само можевме да го додржиме и покажа 37.7 знам не е алармантна тт до 38 ама пуста паника .... Тоа е нека се здрави и живи.
Ај да ве прашам имал ли некој реакција на боцнатото место друга освен оток? Ние вчера примивме трета доза ДТП и превенар и на местото од вторава и се исфрли како црвени крукчиња. Спојлер Инаку ставам и ациди борици и лепенки наизменично. На претходните две боцкања немаше ништо ни тт не качи повеќе од 37.7. А вчера ми качи 38.2 тт, и пред спиење и дадов сируп ама пола го исплука и после веднаш поврати. Како и да е не качи повеќе од тоа ноќеска а еве и денес цел ден има 37 со нешто...
Пред да наполни бебе 3 месеци, ја прашав матичната кога треба да ја прими прва доза од шестовалентната и за рота вирус, ми рече за шестовалентната после третиот месец, а за ротата сеуште немале инфо од фондот како ќе се прима и во кој период. Кога ја однесов ќерка ми на полни 13 недели, ми рекоа за Рота сега е касно, ќе прими само прва доза од шестовалентната. Сега поради неинформираност на нашиве таканаречени доктори, јас си ја пропуштив шансата за рота вакцина
Што доктори ни лечат деца??? Крајно неодговорни, за тужба е ова. Ме иритира од сабајле. Јас затоа барам 2 мислења плус консултации тука на форум. По информирани сме мајките него ли докторите. Точно пред 3 месец се става Рота, а пред 8 месец треба уште 2 дози ревакцина да се прими на размах од најмалку 40 дена. Примивме на 14.11 сега наредна после 43 дена на 27.12. Знам ти е мака ама само Господ да ги чува . Другарка моја ја примија истата вакцина и рече дека имале поизразена реакција во споредба со претходните вакцини.
Секогаш се консултирам и барам не второ туку и трето мислење ама тогаш останав само на нејзините ставови (моја грешка). Сега сме 5+, има примено само шестовалентна некаде на почетокот на октомври и петовалентна сега на 15ти. За на 15 јануари ни рекоа уште една, ваљда е тоа трета доза така? Ако може мало појаснување околу вакциниве зошто стварно поим немам. Кога го носам детево на вакцина ко на пазар да го носам, а не на доктор. Еднаш потпрашав нешто за вакцината и за крвната слика што ја носев и таа таму ми вика "јас сум докторот, јас знам што треба, вие немора да се разбирате во оваа област доколку нели не сте ми колешка". Јас само и реков не сум ви колешка ама сум мајка на ова бебе и треба да знам, а ваша должност е да ми објасните!!! Ми идеше да ја фатам за коса и фацата од биро да и ја треснам, свиња. Извинете на речников ама имам аверзија кон доктори, не ги можам.
да и после ќе ти речат е ти не сакаш децата да ги вакцинираш ова она... И оп казни. Среќа па рота не е задолжителна ама па како секој човек си имаме право на избор. Е сега имам читано на страната за имунизацина дека до полни 14недели и 5 дена се прима дозата на рота после тоа не. Ние па се вакциниравме на ден пред да наполни 13 недели.
Ќерка ми е 7+ месеци, ние вака ги примивме: - по раѓање: Хепатитис Б и БСЖ; - на 2 месеци: Шестовалентна; - на 4+ месеци (20та недела): Петовалентна и 1ва доза Рота; - на 6+ месеци: Шестовалентна и 2ра доза Рота; - на 8 месеци (наредната недела) имаме закажано за Пнеумокока 1ва доза и 3та доза Рота;
Јас кога ја однесов ќерка ми со полни 4 месеци ми рекоа касно било за рота и не ја прими. Добро, како може ваква неусогласеност да постои, докториве како ќе им текне така си прават. Конкретно во Јане Сандански ми рекоа дека е касно за рота.
Исто... 3 месеци беше ми кажаа касно е за рота и не ја прими. А на 6 месеци доцневме за петтовалентната и тогаш ми кажаа демек ајде да не го боцкаме два пати ке дојдеш накнадно за пнеумокака и така сега кога ке одам за шестовалентната може ке си кажат и нешто друго дека рота ке му дадат... кој ги знае бе,а доцнам со вакцини затоа што пепел ме направи докторката дека сум и дала кс и не било детево за вакцинирање,сама сум си барала... дека ако не покажев кс и ми вакцинираа што тогаш? Луд,збунет и ненормален сме со здравство. Затоа само за вакцини одам на државно и па проблем
dsg вакцина примена пред 2 месеци сега е ваква. кога бевме пред 1 недела на вакцина ја ѕирна докторката кажа нешто као пиши плус успешна е а сега ваква. Мене страв ме фаќа и ќе одам на лекар но да чујам мислење
и мене ми потврди матичниот дека така треба да е. Знам со првото немавме вака и затоа сега малку се испаничив. Ова значело демек имало стекнување на имунитет. Ако пукне се мачкало со бетадине за да засуши и да,чепкање никако
Некоја да сподели искуство со реакција на стрептокока вакцина? Скоро 7 часа се беше во ред, наеднаш додека ја пресоблакав почна да плаче и плачеше цел саат. Пратив маж во аптека по лепенки, се чуделе што е тоа и му дале гелче некое Арника пишува, да мачкаме неколку пати на ден. Едвај ја смирив, толку плачеше што едвај боди и облеков, колку да не е гола, среќа топло ми е дома. И конечно се измори и ми заспа во раце. Ама многу немирно спие, цело време прета, се штрекнува, се буди, кенка во сон... Ја боли ноџето.. имам сируп за болка и тт, дали да и дадам иако нема тт?